Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8856
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Полицијa на СДСМ вклучена во атентатот врз Глигов
Сподели на Facebook

Атентатот врз Глигоров се случи во време кога Собранието ја ратификуваше Спогодбата со која ние доброволно прифаќаме од Република Македонија да се прекрстиме во ФИРОМ.

Атентатот врз Глигоров се случи во време кога Собранието ја ратификуваше Спогодбата со која ние доброволно прифаќаме од Република Македонија да се прекрстиме во ФИРОМ. Во своите мемоари, Глигоров напиша дека Грција, токму преку Фрчкоски, му пратила понуда за поткуп од 5 милиони долари доколку е кооперативен со Атина. Според Глигоров, тој го одбил поткупот понуден преку Фрчкоски. Но, дали парите ги зел некој друг бидејќи, фактите покажаа, власта на СДСМ тогаш а и потоа, беше мошне кооперативна со Атина


Поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски, во чиј мандат се случи досега нерасветлениот атентат врз тогашниот претседател Киро Глигоров, се појави во Обвинителството по натписот дека има сведок кој тврди дека тогашни функционери на полицијата, кога тој бил прв човек на МВР, учествувале во монтирање на доказите во врска со атентатот. Обвинителството, од неговата изјава, дозна кој е клучниот сведок за учеството на МВР во атентатот врз поранешниот претседател Киро Глигоров.

Во 30-минутниот разговор Фрчкоски го откри идентитетот на неговиот сведок, кој е доказ дека македонската полиција била директно инволвирана во атентатот на тогашниот претседател.
- Тој не е мој извор, изјави Фрчкоски по средбата со обвинителот, туку е сведок за кој мислам дека во истрагата може да им користи, и ништо повеќе. На новинарското прашање - дали и самиот се смета дека е одговорен бидејќи тогаш бил шеф на полицијата, екс-министерот изјави: Мојата одговорност најотворено ја ставам на располагање и сега, и пред 13 години кога како министер за внатрешни работи поднесов оставка - изјави Фрчкоски.

Фрчкоски наводно му предал документ на Јавниот обвинител, кој содржи писмено сведоштво на лице кое за време на атентатот бил припадник на Дирекцијата за разузнавање и контраразузнавање, дека шест до осум вработени во Дирекцијата биле вклучени во атентатот врз Глигоров.

Јавниот обвинител Љупчо Шврговски потврди дека сведокот е детектиран. Не открива кога и како ќе биде обезбедена негова официјална изјава за истрагата.
- Откако ќе го утврдиме идентитетот ќе го повикаме, ќе го сослушаме тоа лице, па да видиме какви информации ќе добиеме од него за евентуално да продолжиме со понатамошно истражување. Ние немаме официјална истрага, се е ова во предкривична постапка, бидејќи немаме познат извршител за кривичното дело. Ако од исказот на сведокот произлезат сомненија дека конкретни лица се вклучени во атентатот ние ќе ја официјализираме постапката. Но, се уште е рано да се прејудицира со било што - изјави Шврговски.

Со својата изјава Фрчкоски не потсети на цел еден систем на лицемерна власт кога тој беше дел од неа, а премиерот Црвенковски лидер на владеењето на тој систем. Имено, по атентатот Фрчкоски не поднесе, туку само понуди оставка до тогашниот премиер Црвенковски. Наместо оставката да ја прифати, Црвенковски се реши да го почести Фрчкоски, па од прв полицаец го награди, и постави за прв дипломат, доделувајќи му го ресорот министер за надворешни работи. Колкава е тоа разлика може да послужи еден друг пример од истата власт. Кога се урна авион на Палер кај Охрид, тогашниот министер за Транспорт во владата на СДСМ Тони Пешев поднесе оставка, ја напушти власта, и веќе никогаш не се занимаваше со политика.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3933 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

сабота, 20 април 2024
Моментно посетители: 38

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Преп. Теофил исповедник
--------------------------------
 Македонци – прогласени за херои на Нирнберг
--------------------------------
 Мариово–македонска автономна област под Отоманите
--------------------------------
 Кралските круни потекнуваат од Македонија
--------------------------------
 Македонците и чамците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: