Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Боки е ваш, Манаки е наш
Сподели на Facebook

Група Битолчани протестираа пред Дом на АРМ каде беа прогласени победниците на 29. "Браќа Манаки". Во Битола исто течеше свечено затворање на Фестивалот, организирано од локалната самоуправа

Боки е ваш, Манаки е наш. Крадци на Фестивали. Сакаме Манаки и во Конопиште...
Ова се дел од извиците и транспарентите од групата на педесетина битолчани кои завчера протестираа пред Дом на АРМ на свеченото скопско затворање на фестивалот Браќа Манаки". Во исто време, во Центарот за култура во Битола, и локалната самоуправа организираше свечено затворање на Браќа Манаки".
- Тука е затворањето, а таму во Скопје организираат паралелно затворање. Ова е историска вечер за спас на фестивалот, на овој прекрасен македонски бренд од Битола, фестивалот на филмската камера Браќа Манаки" и затоа порачувам, во иднина, Битола ќе биде главниот стожер на Фестивалот и никому нема да дозволиме да го изнесе надвор од градот, истакна градоначалникот Талески на свеченото затворање.

Тој, на првите основачи и поддржувачи на Браќа Манаки" им подари специјални плакети.
- Овој фестивал не може да оди на друго место, освен ако фестивалот од Кан замине во Париз, тогаш и фестивалот на филмската камера од Битола ќе замине за Скопје, истакна во името на наградените, Илинденка Петрушева од Кинотека на Македонија.

На свеченоста во овој град, локалната самоуправа ја претстави новата веб-страница на Филмленд Битолаа: www.filmlandbitola.org чиј промотор беше Патрис Коерпер, волонтер од американскиот корпус, а на посетителите, меѓу кои и министерот за одбрана Зоран Коњановски, им беше соопштено дека Битола од денес е член на Организацијата на филмските комисии и канцеларии за филм во светски рамки.

А на скопското затворање на "Браќа Манаки", пред полна сала, во присуство на претседателот Бранко Црвенковски, дел од фамилијата на Милтон Манаки, директорот Томи Салковски изјави дека стои зад новиот концепт и дека ќе го брани и понатаму.

Дејан ТРАЈКОСКИ
ФОТО: Ѕ. ПЛАВЕВСКИ

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4243 пати
Просечна оцена од посетителите
 2 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 24 април 2024
Моментно посетители: 23

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Апокрифи – скриени списи
--------------------------------
 “Перфидии” - воени подлости
--------------------------------
 Линкестите – македонско племе на рисови
--------------------------------
 Св. мччка Васса со деца: Теогниј, Агапиј и Пист
--------------------------------
 Најславниот антички пат врви низ Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: