Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7712
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Лидерите во обид да најдат заеднички став
Сподели на Facebook

ВМРО-ДПМНЕ излезе со став дека единствено прифатливо решение за нив е двојната формула, додека СДСМ бара замена на одредницата ПЈРМ со име со географска определба

Преговорите за уставното име на Македонија продолжуват утре, кога посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц ќе се сретне со претставниците на Македонија и на Грција во Њујорк.
Од кабинетот на Нимиц велат дека се уште не е решено дали тоа ќе бидат одвоени или средби на кои ќе присуствуваат претставници на двете страни. Заедничка средба засега е планирана за среда изутрина. Според најавите во Скопје и во Атина, се очекува Нимиц на претставниците на двете земји да им го презентира конечниот предлог за решавање на спорот.
Во пресрет на продолжување на преговоите, денеска во Скопје ќе се одржи средба на лидерите на најголемите партии. Минатата недела, владејачката ВМРО-ДПМНЕ излезе со став дека единствено прифатливо решение за нив е двојната формула, односно уставното име да се употребува за целиот свет, додека за комуникација со Грција да се изнајде решение, додека СДСМ бара замена на одредницата ПЈРМ со име со географска определба, кое нема да му наштети на македонскиот национален идентитет.

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, изјави дека не треба да се очекува премногу од лидерската средба, туку дека таа може да биде само добар вовед за она што допрва ни претстои.
- Позитивно ја оценувам инцијативата на премиерот и очекувам на лидерската средба да има повеќе политичка аргументација за билатералниот спор. Но, откако евентуално ќе имаме нов, конечен предлог за името и официјално на маса, тогаш ќе треба, со сета прагматичност, сериозност и одговорност, сите политички чинители повторно да заземат конечен став кој на најдобар можен начин ќе ги застапува македонските интереси - изјави Милошоски.

Во врска со ставот на СДСМ за името, Милошоски истакна дека е добро да се има став, но од друга страна, како што рече, в.д. претседателот на СДСМ Зоран Заев можеби некогаш треба да направи разлика што значи претставување став во јавноста во моменти кога земјата е во интензивна преговарачка динамика.
- Дали е тоа продуктивно или не, оставам тој и јавноста сами да проценат - напомена шефот на дипломатијата.

Според него, вториот недостаток на решението што го нуди СДСМ е тоа што изминатите осумнаесет месеци оваа партија секое полугодие имала различен став и секој следен став бил полабав од претходниот.
- Покажувањето таква неконзистентност нема да биде од голема помош во преговарачкиот процес - потенцира Милошоски.

ДОМ сугерира на лидерската средба за името да се разгледа нивниот предлог разговорите во Њујорк да се водат во два чекора.
- Прво да се побара во ОН да се потврди нашиот идентитет, со што во графите за нација и јазик да стои македонски, а потоа да продолжат разговорите за разликите околу името, кои според партијата тогаш би се воделе во многу порелаксирана и поконструктивна атмосфера - изјави Лилјана Поповска, повторувајќи дека за ДОМ прифатлива е двојната формула, под услов да се договори пристојно име со кое Грција би ни се обраќала.

Социјалистичката партија на Македонија пак изрази загриженост од развојот на настаните поврзани со решавањето на наметнатиот проблем за уставното име на Македонија и неединството во државниот врв по ова важно прашање за македонската држава и нација.
- Предлозите за измена на уставното име со најразлични додавки или географски одредници СПМ ги смета за класично нарушување на најсуштествените интереси на македонскиот народ. Самоволието и излегувањето од законските овластувања на највисоката државна институција, раководена од тесно партиски и лични мотиви, со заземање страна во спорот, штетна по националните интереси, како и свесното предизвикување на државно неединство по најбитното прашање за македонската држава создава забуна кај меѓународниот фактор и е опасно за македонската преговарачка позиција која се поткопува и се ослабува во исклучително значаен момент во преговарачкиот процесс - велат од СПМ.

ДС не се согласува со ставот на СДСМ за промена на името на Република Македонија со географска одредница, бидејќи тоа ќе биде основа за негирање на македонскиот идентитет и катастрофална грешка со тешки последици по опстојувањето на Македонија како држава.
- Укажуваме на недржавничкото однесување на раководството на СДСМ, на нивниот често променлив став околу името на нашата држава, на нивната флексибилност за компромис, со што директно ги загрозуваат националните интереси на Македонија - додаде Трајанов.

Лидерот на ДС, потсети дека СДСМ Во 1992 година беа за промена на Уставот, со што Македонија се откажа од грижата за македонското малцинство во соседните држави, како и дека во 1995 година беа за промена на знамето.
- Во 1995 година СДСМ беа за прием на Македонија со референцата БЈРМ, со цврсти ветувања дека тоа ќе биде за само 2-3 месеци, а во 1996 година промовирааа двојна формула како решение за спорот со Грција, рече Трајанов, напоменувајќи дека пред самитот на НАТО во Букурешт СДСМ го прифатил предлогот на Метју Нимиц, Република Македонија (Скопје).
Демократскиот сојуз предлага Македонија да побара прием во НАТО и почеток на разговори за влез во ЕУ, да биде со провизорното име БЈРМ, со јасна и цврста определба и обврска разговорите да продолжат, а во наредните две години да се дојде до заемно прифатливо и разумно решение.  (Г. Г.)

ИЗЈАВИ НА РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ ЗА ИМЕТО

Бранко Црвенковски 17.01.2005- Република Македонија останува на ставот за двојна формула за името

Бранко Црвенковски во Њујорк - 22.09.2006 - никогаш не би направил компромис да се дојде до брзо решение. Македонија е во многу подобра преговарачка позиција отколку пред 5 години. Таквиот позитивен развој, покажува дека времето работи само за нас.

Бранко Црвенковски, Правен факултет 13.03.2008 - Ако се најде формулација со додавка или со придавка која нема да значи загрозување на нашиот идентитет, туку дополнителен опис на државното уредување, сметам дека ќе успееме да ги оствариме двете цели.

Бранко Црвенковски за БИРН - 16.06.2008 - Новата реалност значи потреба и Македонија да направи отстапки од т.н. Двојна формула во преговорите ако сака да продолжи со процесот на евроатланските интеграции. Колкави и какви треба да бидат отстапките на двете страни во преговорите можат да решат само легитимните претставници на двете држави.

Зоран Заев за Радио Слободна Европа 28.08.2008 - Но, она што можеме да се договориме, отстапница за делот на меѓународната употреба на името во сите меѓународни институции и мислам дека тука треба некој пат "да си свиткате кичма" како што знаат да речат старите.

Зоран Заев 3.10.2008 - СДСМ се согласува со име кое нема да го загрози националниот идентитет, јазик, култура и посебностите на македонскиот народ. Ние сме за замена на референцата БЈРМ со име со географска одредница. Опфатот на ова име да биде секаде каде што се употребува референцата БЈРМ. За вакво решение нема да треба да има промена на Уставот.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3636 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

сабота, 04 јули 2020
Моментно посетители: 30

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Архелај I, најголемиот Македонски крал–реформатор
--------------------------------
 Мариово–македонска автономна област под Отоманите
--------------------------------
 Крстот на кој е распнат Исус, низ Македонија
--------------------------------
 Киклопскиот ѕид во Македонија меѓу најстарите
--------------------------------
 Најквалитетниот опиум на светот – македонскиот
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: