Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Македонските производи да се брендираат
Сподели на Facebook

Зголемување на извозот на македонските компании за околу 30 проценти, создавање на квалитетни производи што ќе бидат брендирани, се основа за развој на трговијата.

За таа цел, Владата преку утврдени политики развива дијалог со бизнис секторот за да ја направи поконкурентна нашата економија, нагласи министерот за економија Фатмир Бесими, на вчерашното отворање на Конференција за унапредување на извозот, која по четврти пат ја подготвува УСАИД и Министерството за економија.

Бесими смета дека за идната година треба да се стави акцент на унапредување на извозот на индустриските и земјоделските производи, но и кај услугите.
- Ова ќе биде значајно за земјава, бидејќи надворешно-трговската размена за 2007 година достигна 99,6 проценти од БДП, но има и тренд на зголемување -вели Бесими. Тој овој раст го образложува со порастот на цената на енергенсите, но и на увоз на машини и опрема. Министерот оптимистички гледа бидејќи статистичките бројки покажуваат дека на среден и долг рок ќе имаме одржлив раст и на трговскиот биланс на РМ.

- Извозот во 2007 година беше 3,3 милијарди, а увозот 5,2 милијарди долари. Тоа е пораст од 39,8 % кај извозот, додека 38,9 % кај увозот, нагласува Бесими. Според него овие бројки покажуваат подобрување на трговската размена на земјава.

Според Живко Мукаетов, претседател на УО и генерален директор на Алкалоид, владините намалувања на даноците, но и поедноставувањето на процедурите за извоз, овозможуваат побрзо да се дојде до странските пазари, иако главниот успех за позиционирање надвор за една компанија е долгорочната маркетинг стратегија. Мукаетов потенцираше дека Алкалоид нема проблеми со извозот како последица на глобалната криза, бидејќи е во финансискиот сектор, а како таа, како домино ефект ќе се одрази во идниот период, времето ќе покаже. Мукаетов смета дека надлежните институции имаат правилна стратегија околу девизниот курс на денарот .
Според вицепремиерот Зоран Ставревски, дијалогот меѓу Владата и бизнис заедницата овозможува не само развој на приватниот сектор, туку и подинамичен економски раст и поголемо вработување.
- Преку зголемување на конкурентноста на компаниите се овозможува нивна извозна ориентираност - смета Ставревски.

(В.Ма.)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4060 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 8

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Преп. Филотеј
--------------------------------
 Преп. Петар Атонски
--------------------------------
 Св. Григориј Богослов архиеп. Цариградски
--------------------------------
 Прва монашка република на Балканот
--------------------------------
 Австрија во чест на потомството од Мисирков
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: