Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8864
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Македонија годинава да добие датум за преговори
Сподели на Facebook

На Македонците треба да им се покаже дека и во иднина ќе бидат Македонци. Дискусијата за прашањето за името во Европскиот Парламент треба да се смири и да се најде решение за две прашања.

Прво за почеток на преговори за членство во ЕУ и второ да се постигне договор за членство во НАТО, порача Беер

Грчката позиција е неприфатлива бидејќи постои договор според кој прашањето за името не е пречка Македонија да стане членка на меѓународните организации. ЕУ и НАТО мора да се обидат да влијаат врз Грција и на крајот да биде постигнат компромис, изјави вчера германската европратеничка од партијата на зелените Ангелика Беер, по средбата со лидерот на НСДП Тито Петковски и пратениците Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ и Џеват Адеми од ДУИ, членови на Националниот Совет за Евроинтеграции.

Беер рече дека на Македонците треба да им се покаже дека и во иднина ќе бидат Македонци. Според европратеничката, треба да се смири дискусијата за прашањето за името во Европскиот Парламент.
-Треба да се најде решение за две прашања. Прво за почеток на преговори за членство во ЕУ и второ да се постигне договор за членство во НАТО. Ставот на мојата партија е Македонија да добие датум за преговори уште оваа година, иако имаше проблеми за време на предвремените парламентарни избори. На цивилното општество и воопшто на Македонија треба да и се даде сигнал дека е дел од ЕУ, изјави Беер. Таа смета дека прашањето за името како и предлогот за референдум треба да се најдат пред пратениците.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети беше единствениот меѓу лидерите на парламентарните партии со кого Беер вчера имаше средба покрај членовите на Националниот Совет за Евроинтеграции. -Ние го поддржуваме уставното име на Македонија и истовремено сакаме да бидеме дел од ЕУ и НАТО, изјави Ахмети.

Лидерот на НСДП пак на Беер и ја презентрирал резолуцијата за името која неговата партија ја достави до Собранието. Пратеникот Александар Николовски рече дека бидејќи не постои конкретен проблем нема потреба за името да се разговара во Европскиот Парламент. -ЕП веќе препорача дека Македонија до крајот на годинава треба да добие датум за преговори, но сепак тој не одлучува за ова прашање.

Инаку на средбата со Ахмети, Беер се интересирала и за тоа со колкав број на гласови во Парламентот можат да се донесат најавените уставни измени во делот на избор на Претседател на државата, со укинување на цензусот во вториот изборен круг. Лидерот на ДУИ повтори дека според него најдобро решение е идниот шеф на државата да се бира во Собранието, но и дека конечното решение ќе биде донесено на лидерските средби.

(Г.Ма)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3963 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 24 април 2024
Моментно посетители: 25

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Воените лукавства
--------------------------------
 Храброста на Смилевските мајстори
--------------------------------
 Воената секира и Македонците
--------------------------------
 Како макот ги преживеал Македонците
--------------------------------
 Наумакија – македонска поморска вештачка битка
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: