Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
ПРЕМИЕРОТ ВОЗВРАТИ НА КЛЕВЕТИТЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ
Сподели на Facebook

Груевски во своето обраќање, иако на дипломатски начин и одбрани зборови потсети дека Бранко Црвенковски еднаш во 1993 година (1995) го предаде името по што станавме ФИРОМ, а странците му замижаа на Црвенковски за наместени парламентарни и претседателски избори во 1994 година.

Со договор во четири очи со Нимиц, Црвенковски се обидува тоа да го направи пак во оваа 2008 година. Груевски го потсети Црвенковски дека како претседател на држава дал збор пред Нимиц и сега никој друг, а најмалку Мартин Протогер и Никола Димитров можат тоа да го сменат

Доколку има конечен предлог за решавање на долгорочниот спор со името, народот ќе одлучи дали тој предлог ќе биде прифатен, најави премиерот Никола Груевски. Тој посочи дека Македонија е во завршната фаза од овој циклус на преговорите за спорот со името што се водат во ООН, под медијаторство на Метју Нимиц.

"Ова се важни преговори за нашата земја, и со нив никој не треба да си ја гради сопствената политичка кариера и да се промовира во иден опозиционен лидер. Ова не се ниту преговори со кои треба да се тргува со претставниците на меѓународната заедница, па да им се ветува дека кога некој ќе дојде на власт ова прашање веднаш ќе го реши, посочи Груевски 24 часа откако претседателот Бранко Црвенковски изјави дека нема единствен став во политичкиот врв за спорот со името. Тој обвинувањето од шефот на државата ги оквалификува како навреди и клевети. Вели, Црвенковски ненадејно по враќањето од Њујорк се нафрлил врз него со напади, навреди и клевети. "Се уште ги анализирам причините за овој негов испад, во кој најмал проблем е нападот врз мене, но поголем проблем е што со ваквото негово ниво на комуникација тој ја брука државата, веројатно со цел да ги подобри своите лични позиции пред неговото формално враќање на позицијата претседател на СДСМ" - рече Премиерот.

Според претседателот на Владата, Црвенковски на еднонеделниот самит на ООН во Њујорк имал можност да покаже дека власта не ја бива да испреговара, дека нама концепт. Затоа решиле во тој период да не даваат мислења по однос на решението за да не бидат пак виновниците за неуспешните преговори со сите важни личности во Њујорк. Но неуспехот од преговорите, Црвенковски му го нафрлил на Премиерот со многу клевети и навреди. И кога Груевски побарал еден ден за размислување по средбата со Црвенковски, тој на најнизок начин се нафрлил со напади, лични обвинувања и клевети.

"Што добива тој од ширење на негативна енергија и разгорување на страстите по ова прашање, што добива државата од тоа? Јас работам спротивно на концептот на Црвенковски, кој во 1993 година го договори името БЈРМ, кое требаше да биде привремено за само 2 месеца, ама еве го како тргнало направи 15 години, и денес е тема која најмногу не окупира и која е причина да бидеме блокирани за НАТО, а истовремено и да се срамиме од тоа име. Се сеќавам во 1993 година, со автобуси Црвенковски донесе илјадници негови поддржувачи од цела Македонија да слават за новото име и приемот во ООН под името БЈРМ. Кога во една прилика по грешка не забележав дека на табличката која ја закачив на моето палто во Њујорк не пишувало БЈР Македонија, бев најжестоко нападнат што сум дозволил таков пропуст, а најмногу ме нападнаа структурите блиски до Црвенковски" - додаде Груевски, кој вели и покрај нападите и фактот дека претседателот ги бркал од средбите со Нимиц за да има средби во четири очи, Владата ќе ги издржела сите удари. Ќе работеле за доброто на државата, за да земјава излезе од ќорсокакот во кој е донесена. (Б.З.)

МИЛОШОСКИ
Дебатата за преговорите за името да не се политизира

Додека официјално не се достави предлог за името од посредникот во спорот Метју Нимиц нема да се коментира ништо, ниту да се даваат детали, изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Говорејќи за постапките на претседателот Бранко Црвеновски Милошоски рече: "Дебатата за преговорите за името да не се преоптоварува со политизирање. За жал Црвенковски имаше прилика да ги претстави ставовите на преговарачот Нимиц во Њујорк, а одлучи да го направи тоа сам во четири очи. Тоа беше негов пропуст". Милошоски додаде дека се очекува наскоро да биде претставен формалниот предлог од Нимиц. Според него "преговарачот има уште време да го обмисли целиот пакет".


СДСМ
Лидери да разговараат за стратешките национални интереси

СДСМ смета дека за клучното прашање за ЕУ и НАТО интеграциите, односно преговорите за името во Обединетите нации, треба да се разговара за да се засили македонската позиција за стратешките државни интереси, а тоа се зачувување на националниот идентитет и евроатлантските интеграции.
- СДСМ предлага закажаната лидерска средба да ја искористиме за да разговараме за ова најважно државно прашање во моментов. Нашиот став по ова прашање е јасен, а тоа е влез во ЕУ и НАТО, со зачувување на националниот идентитет - изјави потпаролот на СДСМ Емилијан Станковиќ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека имаат став за спорот со името. Според ВМРО-ДПМНЕ најдобро решение за Македонија и фер компромис е двојната формула.
- Таа подразбира употреба на уставното име Република Македонија во целиот свет и во сите меѓународни организации и институции, како и во билатералната употреба со другите земји и едно име кое би се употребувало само во релациите со Грција. Имајќи го предвид фактот што Грција е единствената држава што има спор со нашето име, ние сметаме дека двојната формула е најдоброто решение - изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој, напомена дека партијата нема да прифати идеи и предлози што ќе го нарушат македонскиот национален идентитет, македонската нација и македонскиот јазик, без за тоа претходно да се изјаснат граѓаните преку референдум, и мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на тој референдум да се согласи за тоа решение.

Вчера, евроамбасадорот Ерван Фуере, истакна дека несогласувањата во државниот врв не се корисни за земјата. Според него, ваквиот однос меѓу македонскиот претседател и премиер, според него може лошо да влијаат на процесот за решавање на спорот за името со Грција.
(Г. Г.)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4054 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 31

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонија и најбезумната крстоносна војна
--------------------------------
 Дијадоси – наследници на Александар Македонски
--------------------------------
 Првиот алпинизам во Македонија
--------------------------------
 Македонците и ножот
--------------------------------
 Музејот како поим потекнува од деветте музи
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: