Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8862
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Странските брендови ја пикираат Македонија
Сподели на Facebook

Во наредните две години во Македонија ќе има толку многу странски инвестиции што таквите настани ќе станат дури и здодевни, вели министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак

Во првото полугодие од годинава во Македонија се влезени околу 250 милиони евра странски инвестиции, сума што речиси ја надминала вредноста на странските вложувања во цела 2007 година.

"Инвестициите само во првите пет месеци од годинава се повисоки за 53 милиони евра, односно за 30 отсто од годишниот просек во периодот 2003-2006. Тоа покажува дека македонската економија се движи во правилна насока и дека се забележува тренд на стабилен раст на СДИ, што не беше карактеристично во минатото", вели премиерот Груевски, додавајќи дека, сепак, на овој план има простор за уште поголеми достигнувања.

Странските директни инвестиции во Македонија лани достигнаа 240 милиони евра, што е двојно повеќе во однос на просекот од претходните години, исклучувајќи ја приватизацијата на двата државни монополи (Телеком во 2001 и ЕСМ во 2006 година). За две изминати години во нашава земја инвестираа познатите светски брендови како што се Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Сосиете Женерал, Шведска млекарница, Мобилко Австрија, Хипо Алпе Адриа лизинг, Сава Ре осигурување, Триглав осигурување, Лакталис од Франција преку Данјуб груп, Мајлстон, ИБЦ Израел, Газит Глобал Израел, Поршебанк, Кејблтел, Централна Кооперативна банка.

Официјалните податоци говорат дека зголемување има и кај домашните инвестиции.
Во таа насока во периодот од 2008-2012 година Владата планира комулативен прилив на странски директни инвестиции од две милијарди евра До крајот на годинава се планира годишен прилив на странски директни инвестиции од 200-300 милиони евра, идната година 300 до 400 милиони евра и до 2012 зголемување на инвестициите секоја година по 100 милиони евра. Во наредните две години во Македонија ќе има толку многу странски инвестиции што таквите настани ќе станат дури и здодевни, изјави неодамна министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак. "До крајот на годината, најверојатно, ќе се финализираат преговорите за влез на две нови компании, една данска и една американско-тајландска фирма, кои се подготвени да инвестираат околу 100 милиони евра. Станува збор за компании кои се занимаваат со производство на компјутери и на индустриски пумпи", најави Самак.
На пазарите во Југоисточна Европа лани влегоа инвестиции од милиони евра, како резултат на создадената позитивна бизнис и даночна клима во регионот.

Законот за странски инвестиции во Албанија нуди големи можности за влез на капитал од странство. Како сектори за концесии во Албанија се посочуваат железничкиот сообраќај, пристаништата, аеродромите, патиштата, производството и дистрибуцијата на електрична и топлинска енергија, телекомуникациите, туризмот... Освен привлечната бизнис и даночна клима, стимул за инвестиции во Бугарија претставува и евтината работна рака. Како најатрактивни за инвестирање се сметаат финансиско-кредитниот сектор, услугите и хотелиерството. Босна и Херцеговина е држава која извезува околу 30 проценти од произведената електрична енергија. Стратешки области за привлекување на инвестиции се дрвната, конзервната и текстилната индустрија, металургијата, туризмот, енергетиката...

Енергетиката и преработката на нафта, телекомуникациите и банките се некои од секторите за инвестиции во Македонија. И тука дополнителен стимул дава евтината работна рака, ниската даночна стапка од 10 проценти, како и поволностите во индустриските зони. Предностите на Романија како држава привлечна за инвестиции се поврзани со нејзиното членство во ЕУ, големиот пазар, географската положба, ниската цена на работната рака, изобилството на суровини и се уште евтината земја. Привлечна за странски инвестиции е даночната рамка и новиот инвестициски закон.

Македонија пред 200 компании
Во рамките на дводневното Road Show кое денеска и утре ќе се одржи во Италија, македонската владина делегација ќе оствари повеќе средби со потенцијални странски инвеститори. Предвидено е обраќање на вицепремиерот Зоран Ставрески пред високи претставници на повеќе од 200 реномирани италијански и мултинационални компании, при што ќе им бидат презентирани економските политики и реформи и погодностите за инвестирање во Република Македонија.
Покрај владината делегација, свое обраќање на настанот ќе имаат претставници на компаниите кои веќе најавија одлука за инвестирање во земјава, меѓу кои директорот на компанијата В. Орланди од Бреша, која минатата недела склучи Меморандум за соработка со македонската влада за инвестирање во слободната економска зона во Бунарџик.

Предвидена е и средба со директорот на најголемата асоцијација на производители од автомобилската индустрија во Италија - ANFIA, чии членки подетално ќе бидат запознаени со условите и можностите за инвестирање во технолошко - индустриските развојни зони во Македонија.

Весна М. БОЖИНОВСКА

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4564 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

вторник, 23 април 2024
Моментно посетители: 19

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Планевите на градбите по македонскиот обичај
--------------------------------
 Златото на Индија кај Александар
--------------------------------
 Првото нуркачко ѕвоно на светот од Македонците
--------------------------------
 Најпознатото Асеманово евангелие од Македонија
--------------------------------
 Наметки од антиката и Византија - истоимени
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: