Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8826
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Очекувам резултат од неговото патување во Њујорк!
Сподели на Facebook

Црвенковски е инволвиран во проблемот со името од самиот почеток, уште од 1992 година, познавајќи ги неговите заложби дека не треба ниту еден ден да се изгуби во решавањето на проблемот и да се искористи секоја прилика каде што може да се постигне напредок или да се дојде до решение, очекувам дека ќе има резултат од неговото патување во Њујорк, изјави вчера премиерот Груевски.

Тој се сомнева во најавите дека Црвенковски не би се сретнал со Бакојани зашто не му е ниво

Премиерот Никола Груевски се сомнева во најавите од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски дека тој нема да се сретне со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани. Груевски очекува резултат од средбите на Црвенковски во Њујорк.
-Тој е доста искусен во оваа работа и секогаш говорел дека ќе ја искористи секоја можна прилика да најде начин да го реши проблемот со името. Тоа е важно за нашите евроатлантски интеграции. Јас сум убеден дека тој таму ќе направи се што е во негова моќ да дојде до решение. Тој е таму една недела заедно со сите луѓе кои се на некој начин инволвирани или моќни да го решат проблемот како што се Ден Фрид, Кондолиза Рајс, Метју Нимиц, грчките претставници. Тој е инволвиран во проблемот со името од самиот почеток, уште од 1992 година, познавајќи ги неговите заложби дека не треба ниту еден ден да се изгуби во решавањето на проблемот и да се искористи секоја прилика каде што може да се постигне напредок или да се дојде до решение, не верувам дека дал таков брифинг и очекувам дека ќе има резултат од неговото патување во Њујорк, изјави вчера премиерот Груевски во контекст на ставот на кабинетот на претседателот дека не се среќава со Бакојани и оти таа не му е ниво. Груевски воедно и укажа дека Црвенковски "знае многу добро за што треба да разговара и до каде можеме да одиме во разговорите".

Од кабинетот на претседателот велат дека остануваат на она што е кажано претходно или на информацијата од неделата дека немало иницијатива ниту од грчка, ниту од македонска страна за средба со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани. За шефот на македонската делегација, Црвенковски таа не е на негово ниво и дури и да има иницијатива тој не би ја прифатил поради специфичната фаза во која се наоѓаат преговорите, како и поради тоа што посредникот во спорот Нимиц не сугерирал средби на повисоко ниво.

Сепак грчките медиуми во вчерашните изданија најавија средба Црвенковски-Бакојани. "Тие треба да имаат средба неделава во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации", ова го најави во вчерашното издание грчкиот весник Катимерини. Според весникот средбата е на линија на поместувањето на разговорите за разликите околу името на повисоко ниво.

Претседателот Црвенковски и шефот на дипломатијата, Милошоски кои се во Њујорк покрај на генералната дебата на 63-тото Генерално собрание на Обединетите нации, ќе учествуваат и на повеќе други форуми што се одржуваат во рамките на Генералното собрание на светската организација, а ќе имаат и серија билатерални средби. Црвенковски предвидено е утре да се сретне со посредникот во спорот Метју Нимиц и Даниел Фрид, висок функционер во Стејт департментот.

Црвенковски кој од викендов е во Њујорк се сретна со претставници на македонската дијаспора, Националниот албанско-американски совет, за вчера беше најавено негово присуство на приемот што по повод оваа сесија на собранието на ОН го приредуваше американскиот претседател Џорџ Буш.

(Г.Ма-С.Д.)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4080 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 152

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Најславната песна за Палестина е од Македонец
--------------------------------
 Ала уд Дин Мухамед Калдји, втор Александар
--------------------------------
 Св. мччка Васса со деца: Теогниј, Агапиј и Пист
--------------------------------
 Првиот златен медал на македонски фотографи
--------------------------------
 Преп. Теофил Мироточив
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: