Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Бранко врати се со договор, или ич не доаѓај!
Сподели на Facebook

После 15 години од наводно привремената спогодба за името за која Глигоров и Црвенковски рекоа дека ќе трае само три месеци, на авторот на референцата ФИРОМ - Бранко Црвенковски му се пружа единствена можност деновиве во Њујорк да го реши проблемот. Да се договори со Грците за заеднички прифатливо име за двете страни.

Особено затоа што две години и префрла на Владата дека преговорите биле непродуктивни. Црвенковски е пред голем предизвик. Или ќе се врати од Њујорк со решение за името и ќе биде победник. Или ќе дојде со празни зборови и оправдување докажувајки уште еднаш дека е празнозборен, демагошки остаток од комунизмот

- Нема промена на позицијата од претходните средби. Нашиот став е јасен и чист како солза и сите го знеме добро напамет. Многу пати сме разговарале и сме ги повториле нашите позиции што точно знаеме кои се позициите на Црвенковски, а и тој ги знае нашите. Буквално, во било колку часот да не разбудите ќе ви кажеме што сака едниот, а што другиот. Затоа немаше потреба од повторна средба. Вака вчера премиерот Никола Груевски ја образложи причината зошто не дојде до повторна средба на државно-владиниот врв во врска со спорот со името со Грција пред заминувањето на Претседателот Бранко Црвенковски на 63. Генерално Собрание на ОН во Њујорк.

Тој смета дека шефот на државата во Њујорк ќе има можност да дојде до одредено решение кое подоцна би било разгледувано. Груевски потврдува дека и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски ќе патува во Њујорк, не можејќи да каже дали шефот на дипломатијата е оптимист по последната средба со неговата грчка колешка Дора Бакојани.
- Во Њујорк ќе бидат сите со цел да се дојде до некакви идеи кои би го придвижиле процесот или би го решиле. Патува и Милошоски за да му биде од испомош на Црвенковски. Ќе присуствуваат и грчки претставници, Кондолиза Рајс, Ден Фрид, Метју Нимиц. Доколку има напредок, ние се подготвенио да го разгледаме и да го прифатиме. Црвенковски е таму два дена како шеф на делегацијата. Се уште немаме контакт дали има напредок во тие разговори. Доколку имаме некаква информација би можеле да изградиме поконкретен став. Ние сме во исчекување за што Црвенковски ќе разговара, а можеби и ќе издејствува нешто кое подоца ќе го понуди како решение на проблемот со името, а со тоа и за многу други прашања, изјави Груевски.

Инаку, Дора Бакојани ја предводи грчката делегацијаво Њујорк, а македонската ја предводи претседателот Црвенковски. Бидејќи ќе се преговара на ниво на шефови на делегации, тој има историска шанса да го реши спорот со името онака како што тоа го бара од другите.
По преговорите на Бакојани и Милошоски во Париз пред три дена се шпекулира дека шефицата на грчката дипломатија настапила со позиција во делот на нацијата и јазикот да стои македонски испишано на латиница без превод на англиски. Милошоски ова го отфрлил како неприфатливо.

Црвенковски на средби со Буш и Клинтон
Претседателот Црвенковски ќе се обрати на Генералното собрание, а ќе учествува и на отворањето на состанокот на високо ниво посветен на милениумските развојни цели.
Потоа тој ќе присуствува и на приемот што по повод 63. Генерално собрание на ОН го приредува претседателот на САД, Џорџ Буш, како и на појадокот што по истиот повод го приредува генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун во чест на шефовите на држави и влади.
На покана на поранешниот американски претседател, Бил Клинтон, Шефот на државата ќе учествува на четвртиот годишен состанок на Клинтон глобална иницијатива.

(Г.Ма)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4385 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 30

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. Васа Солунска
--------------------------------
 Тајната на сребрената рака на Св. Богородица
--------------------------------
 Деветте Музи се од Македонија.
--------------------------------
 Македонците и базите
--------------------------------
 Фалангата во борба со “Амазонки”
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: