Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7563
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Црвенковски распалува опасни провокации
Сподели на Facebook

Дека Претседателот Црвенковски од државна функција, со државни пари, тера партиска политика за рехабилитација на СДСМ, и подготовка за своето шефување со партијата, не е ново. Тој и самиот го потенцира тоа.

За да ја зајакне позицијата на СДСМ тој поттикнува анти-НАТО расположение во земјава, со најави за ревизија на добрите оценки од март годинава. За изборните инциденти од албанските гласачи бара да се казни цела Македонија, и да се случи омраза на Македонците кон Албанците заради тоа

Македонија има стабилна политичка и економска ситуација. Имаме постојан раст на платите, раст на образован кадар, инвеститори и намалување на невработеноста. Четврти сме во Светот, според Светска банка, во реформите. Имаме солидни меѓуетнички односи, можеби најстабилни од самостојноста во 1991 година. Ретко кога ќе чуете од Македонците дека им пречи нешто од Албанците, но и обратно. Се обележ ува границата со Косово, и се соработува на обострано задоволство; се развива локалната самоуправа без битни конфликти со централната власт. Профункционира образованието на Албанците од прво одделение, па се до факултетска диплома... се решија прашањата за имиња, знамиња... сега Имер Селмани оди дури и чекор понатаму, па најавува политички ангажман на македонските Албанци кој се шири надвор од етничките цели, и оди кон подигање на економскиот и културен страндард на Албанците во Македонија, а патем Селмани е меѓу најпопуларните политичари и кај Албанците но, и кај Македонците.... Најпосле, Србите, Ромите и Турците, по толку години, се во една коалиција и соработуваат... Се изгледа доста стабилно. Особено за балкански услови.

Но, на СДСМ и Црвенковски не им оди. Дури и рејтинзите од минатата недела покаж уваат дека СДСМ стои и полошо отколку за време на изборите. Иако, во меѓувреме, Црвенковски се активира по партиска линија, и самиот определува кога ќе има конгрес, кој ќе биде ВД претседател на партијата, каков ќе биде идниот Статут и кога тој ќе се врати за шеф. Иако сето тоа Црвенковски го направи, рејтингот на партијата не мрдна нагоре. Напротив. Соочен со таа ситуација на сопствено јавно понижување, Црвенковски се реши да преземе најрадикални можни чекори. Да ја загрози стабилноста и угледот на државата со што би го подривал Груевски на власт, а себеси би се вратил во премиерскиот кабинет. Да ја распали внатрешната етничка состојба, и да ги провоцира односите со НАТО и ЕУ. Како што го направи тоа во 1992 кога со 29 години неокомунистите го поставија за Премиер. Како што го направи тоа во 1999 година кога ги држеше најголемите анти-НАТО митинзи на Балканот, како што го направи тоа во 2001 година кога повикуваше да не се излегува на мобилизација, по што Македонија ја загуби војната, а тој доби власт...

На последните парламентарни избори, во општините каде има мнозинство етнички Албанци, само во нив а не и во другите општини, имаше насилни пресметки помеѓу активисти на ДУИ и ДПА. ОБСЕ/ОДИХР лоцираа каде точно биле проблемите, ги прозваа ДУИ и ДПА, а за вкупниот процес на избори даде преодна оценка.

Сега Црвенковски од своите канали во ЕУ бара Брисел да каже дека Македонија не е подготвена за датум за преговори заради овие настани. Подготовка за ова веќе даваат неговите лични дописнички од Брисел, мајката Светлана за Дневник, и ќерката Тања за Канал 5. Јавноста во Македонија се подготвува за нов конфликт. Се создава причина овој план на Црвенковски, злоупотреба на изборните инциденти меѓу Албанците, да станат дел и од официјалниот извештај на ЕУ за Македонија. Знаејќи ги неприродно и невкусно блиските лични врски на европретставникот Евран Фуере со Шекеринска и СДСМ, патот за овој план на Црвенковски е сосема отворен.

Ако Црвенкјовски успее во ова, сите неалбанци во земјава ќе бидат казнети затоа што Албанците од ДУИ и ДПА се тепале на избори. Прво, секој ќе помисли дека тоа го правеле со план да ја загрозат Македонија, да ја стават на црната европска листа за потоа, во такви околности, да иницираат поделба по основ регионализација на локалната самоуправа. Второ, не помлаку опасно, е што ќе се создаде такво силно антиалбанско расположение што конфликтите се неизбежни. Таквата затегната меѓуетничка состојба ќе не потсети дека Косово долго беше избор на нестабилност. Противниците на независно Косово брзо ќе ја искористат приликата дека, ете, Албанците во регионот повторно провоцираат тензии. Македонците, лути на Албанците затоа што се казнети поради нивните меѓусебни тепачки, ќе дигнат раце од соработка и соживот. Конфликтот, од широк обем, ќе биде пред врата. Кој се двоуми, нека се потсети на подготовките за 2001 година. И улогата на Бранко во сето тоа.

Провокатор на оваа состојба ќе биде Бранко Црвенковски, и СДСМ. И тоа треба да се знае, и навремено да се каже.

Паралелно со ова, Црвенковски иницира НАТО во Брисел да ја ревидира својата добра оценка за Македонија дадена на највискоко ниво, НАТО самитот во Букурешт. Сега треба НАТО да излезе со став дека изборните инциденти и немањето политички дијалог придонеле НАТО да се премисли, и да излезе со оценка дека Македонија не е подготвена за покана во НАТО. И ова го најавија приватните семејни дописнички на Црвенковски од Брсиел.

Да потсетиме: немање политички дијалог во земјава се однесува на излегувањето на СДСМ од Парламентот, и немањето соработка помеѓу Премиерот Груевски и Претседетелот Црвенковски. СДСМ сам излезе од Парламентот со изјава на Шекеринска дека тоа го прави за да го спасува Заев од притвор. Значи, излегоа за да извршат притисок врз Судот. Второ, Црвенковски сам јавно изјави дека нема да соработува со Груевски. Напротив, дека има намера да го урне од власт и ќе оди за шеф на партијата СДСМ, бидејќи од таа положба му било полесно да го собори Груевски. Тука нема ни П од Претседател.

Ако Црвенковски успее да најде соработници за ревизија на добрите оценки од НАТО, и лош извештај од ЕУ заради меѓуалбанските тепачки, тоа Македонија би ја чинело тешки политички денови наредниве година-две. Најпосле, секој од нас знае дека особено Ахмети повеќе има одговорност пред САД и Брисел, отколку пред самиот себе. Ако згрешил, нивни е, и тие имаат соодговорност со него. Казнувањето на Македонија заради инцидентите помеѓу Ахмети и Тачи би поттикнало антиалбанско, и анти НАТО расположение по основи кои токму Црвенковски ги провоцира. Финално, тоа би довело до слабеење на позицијата на Владата и на Македонија секаде: пред НАТО, пред ЕУ и САД, пред преговарачите со Грција, секако и пред инвеститорите. Тоа, можеби, би го соборило Груевски, и би го вратило СДСМ и Црвенковски на власт, со цена која би ја платиле сите ние. Можеби, затоа што угледот на СДСМ и Црвенковски е на такво ниско ниво што ни овие причини не им гарантираат власт, а нам ни гарантираат тешки проблеми и меѓусебни конфликти. Најпосле, ваквото враќање на СДСМ на власт Македонците би го доживелае како уште едно доаѓање на власт на Црвенковски со помош на менаџирани конфликти и нескриена, изразена странска помош. Октроирана власт. Како што СДСМ со Црвенковски дојде на власт во 1992 (Лажната паника дека комунистичката ЈНА ќе отвори војна во Македонија, ако неокомунистите од СДСМ не ја преземе власта од Кљусев), и во 1994 ( Земјата ја чека приватизација, и ако Бранко и Киро не се на власт комитите се ќе искраделе), и во 2002 година (СДСМ ја бојкотираше мобилизацијата за воениот кпонфликт за војната да биде загубена, а власта да ја преземе СДСМ, за потоа Бучковски да отиде на Суд за проневера со армиските тенкови како нивни министер за одбрана во таа 2001 година).

Јавноста сосема јасно ја познава политиката на Црвенковски после овие седумнаесет години во политиката, за да не видиме што прави тој сега.

(Д.П.Л)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3888 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 26 април 2018
Моментно посетители: 153

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Прст од раката на Св.Ѓорѓи во Паралово
--------------------------------
 “Бесмртните” усмртени од македонската фаланга
--------------------------------
 Светло и поплочување на градови, дело на Македонци
--------------------------------
 Македонија ограбена ризница на културно наследство
--------------------------------
 Крстот на кој е распнат Исус, низ Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: