Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Новости > Дневни новости > Дневни случувања во Македонија
Берзата на продажба?!
Сподели на Facebook

Ги следиме процесите кои се случуваат на пазарот на капитал во регионот и пошироко и ние не сме имуни на овие состојби - изјави Штериев за ВЕЧЕР не сакајќи директно да одговори дали се бара инвеститор за Берзата

Македонската берза за хартии од вредност ќе бара странски инвеститор за да се извлече од сивилото во кое тоне по светската финансиска криза што ги зафати САД и Европа, дознава ВЕЧЕР. Акционерите на Берзата, според инсајдерски информации, веќе се подготвувале да го групираат капиталот во очекување на понуди од стратешки инвеститор во период кога вредноста да акциите драматично паѓа, се најавува тоталната неликвидност на пазарот на капитал и вредноста на берзанскиот индекс е преполовена во однос на истиот период, лани.

Според наши информации, веќе имало интерес од некои инвеститори за преземање на поголем сопственички дел од Берзата. ВЕЧЕР неодамна пренесувајќи текстови на словенечки медиуми објави дека Словенечкото клириншко друштво Централна клириншка депозитна дружба (КДД) е заинтересирано да преземе поголем сопственички удел во Македонската берза. Според тамошните медиуми, Словенците веќе преговарале со сопствениците на Македонска берза, но засега не е познато до каде се стигнати преговорите, ниту дали КДД самостојно ќе ја преземе берзата. Тамошните менаџери тогаш не ја коментираа информацијата за преземање, а воздржани од коментар беа и директорите на Македонската берза за хартии од вредност.

Извршниот директор на Македонската берза, Иван Штериев и вчера не сакаше да ги коментира најавите за продажба на Берзата, но изјави:
- Акционерите на Берзата и нејзиното раководство ги следат процесите кои се случуваат на пазарот на капитал во регионот и пошироко, бидејќи се отворени. Активно ја следиме состојбата и ние не сме имуни на овие случувања - изјави Штериев притоа не сакајќи директно да одговори дали се бара инвеститор за Берзата.

Еден од заинтересираните инвеститори КДД е клириншка компанија која работи на централно ниво во Словенија, на порамнување на трансакциите со хартии од вредност, а работи и како банка чувар. Основачи и акционери на КДД се банки, брокерски друштва, фонд менаџмент компании, како и владини фондови и институции на Словенија. Вкупниот акционерски капитал на КДД изнесува 1,08 милијарди евра и е поделен на 520 обични акции.

КДД е словенечка компанија со силна репутација која успешно се интегрирала и на европскиот пазар на капитал.

Приказната за Македонската берза почна во 1995 кога беше основана како акционерско друштво што работи на непрофитна основа, со основачки капитал од тогашни еден милион германски марки. Берзата ја основаа 19 правни лица од кои 13 беа банки, три осигурителни друштва и три штедилници. Овие 19 основачи на Берзата станаа нејзини први членки со право на тргување на Берзата. Целиот проект на основање на Македонската берза беше реализиран со техничка помош на British Know - How Fund. Во рамките на овој проект беше реализирана и обуката на првата генерација брокери

Радмила Ј. НИКОЛОВСКА
Фото; Ројтерс

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4532 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 18 април 2024
Моментно посетители: 46

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонците и воената економија на силите
--------------------------------
 ”Алкалоид” прва фабрика на Балканот за опиум
--------------------------------
 Воената секира и Македонците
--------------------------------
 Обуката на македонската фаланга
--------------------------------
 Македонците и мечот
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: