Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8827
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Српски тајни организации
“СРПСКА ОДБРАНА”
Сподели на Facebook

Србите “не смеат” да заостанат зад засилените терористички активности во Македонија, од Бугарите и Грците.

На притисок од своите црквено-учителски структури и трговски “агенти”, во почетокот на 1905 год. со преќутно одобрување на српската влада, се формира тајното здружение “Српска одбрана”.

Задачата на оваа тајно здружение во Македонија е да работи на итно зајакнување на борбата за “српските интереси”. Таа организира свои одбори во повеќе општини а првенствена е четничката вооружена активност во Македонија.

Така за западното Повардарие одборот е во Битола а Горскиот штаб е во Порече. За Источното Повардарие, одборот е во Скопје а Горскиот штаб е на Козјак.

По усвоените правила со четничките акции раководеле одборите преку Горските штабови. Во директна координација со српската влада во Македонија се уфрлаат нови чети сега се подобро снабдени.

Од 1905 до 1908 год.,“Српска одбрана” организира стотици четници во постојаниот прилив со нови чети од Србија и вешто ја организира борбата против врховистичките чети.

Таа е поуспешна за српската пропаганда во периодот 1906-1907 год., кога на чело доаѓаат млади офицери и подофицери на српската армија. Врховистичките чети ќе бидат исчистени од левата страна на Вардар па тензијата меѓу Бугарија и Србија кулминира.

На почетокот од 1908 год., Русија и Австо - Унгарија и упатуваат нота на Србија веднаш да ја распушти “Српска одбрана” и да го прекине четништвото во Македонија. Во февруари 1908 год. со нота се придружува и Англија.

Српската влада ги распушта одборите на “Српска одбрана” во Белград (Главниот одбор) и Врање, но ова доведува до подвоеност на одборите во Македонија – дали да се продолжи под директива од Белград или со одборот во Скопје или пак и без врска со Скопје освен за финансиските прашања.

“Српска одбрана” има лобисти во Белград особено кај богатите трговци кои со оглед на претензиите од Австро - Унгарија за анексија на Босна и Херцеговина, се на становиштето дека сега само Македонија е излез кон морињата.

Тие издејствуваат понатамошна силна улога на “Српска одбрана”, а заради правдание пред другите е изработен нов “Устав” со кој се уредуваат односите и се пропишуваат надлежностите.

25.II.1908 год. – се уфрла нова чета и наскоро формира нов Горски штаб за двете подрачја – Источна и Западна Македонија.

Со младотурската револуција во јули 1908 год., опасноста од војна со Австро-Унгарија се зголемува (царинската веќе почна), па Србија мора да ги подобри односите со Бугарија.

Повлекува чети и искусни раководители и офицери од Македонија за одбрана на Србија од Австријците. Со ова и “Српска одбрана” ќе замре иако остатоци ќе делуваат но дури во Балканските војни 1912-1913 год.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4813 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 28

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Најстарото дрво во Македонија
--------------------------------
 Византија паѓа заради долгови
--------------------------------
 Римската легија и фалангата
--------------------------------
 Македонското име одбрането и со ихитофауната
--------------------------------
 Македонците ги носат слоновите во Европа
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: