Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7505
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Српски тајни организации
СРПСКИ ТАЈНИ ОРГАНИЗАЦИИ - XX в.
Сподели на Facebook

“ОБЕДИНУВАЊЕ ИЛИ СМРТ“ (Уједињење или смрт)

 

Тајна заговорничка организација официјално основана на 09.V.1911 год. во Белград иако и предходно делува. Основачи- група офицери и граѓани учесници во превратот кога е убиен кралот Александар Обреновиќ – 1903 год.

Од тогаш тие имаат влијание во сите кругови на Србија и не случајни се се поорганизираните упади на чети од Србија по 1904 год. и наредните – 1905, 1906 и 1907 год., кога ќе достигнат кулминација во Македонија.

Ова е период на најжестока Српска пропаганда и терор среде македонскиот народ. Токму заради специјализираноста за терористички акции, атентати и сл. ликвидации оваа организација е позната и под името – “Црна рака” (Црна рука).


Гаврило Принцип е член на српската тајна организација Тајна рака која делувала во Босна, но и во Македонија
Делува секаде каде според неа живее Српски народ и српскиот интерес. Токму оваа организација е иницијалната каписла за почетокот на I Светска војна. Атентаторот од подоцна на Австрискиот престолонаследник Франц Јосиф II во Сараево - 1914 год., Гаврило Принцип е член на оваа организација.
Кога Српската влада е приморана од моќната Австро - Унгарија на 31.III.1909 год. да и ја признае анексијата на Босна и Херцеговина, да ја смали војската на состојбата од пролетта 1908 год., да распушти и спречи формирање доброволечки и нерегуларни единици - во воените кругови избило незадоволство подгреано од оваа организација.

Заговорниците - офицери активно се мешаат во надворешната и внатрешна политика на земјата, искажувајќи свое несогласување по многу прашања со политичките фактори.

Во овој период е и интензивната работа на овие луѓе на подготовките за основање тајно патриотско здружение чија основна мисија ќе биде – обединување на сите Срби и територии кои тие мислат дека им припаѓаат. Подготовките се интензивни а кулминираат кога на овие офицери им приоѓа и Полковник Драгутин Димитриевиќ – Апис кој станува водечка фигура во оваа организација.

Организацијата работи по строги правила, делуваат и јавно но и тајно заради што се изработуваат два програми. Јавната програма е објавена во “Пијемонт” – дневен весник на организацијата, а Тајниот дел на програмата изнесен е во два документи – Устав и Деловник.

“Обединување или смрт” имала и печат – во свиткана рака знаме со мртовечка глава и вкрстени коски а покрај знамето нож, бомба и шишенце со отров. Стапувајќи во организацијата, членовите полагале заклетва во која посебно се нагласувало дека во случај на кршење на заклетвата на прекршителот ќе му пресудат членовите на организацијата.

На чело на организацијата била Врховна централна управа од 11 членови. Иако бројот на членови на организацијата не до крај утврден, според одредени податоци од по распадот на организацијата, истата имала околу 2 500 членови.


По 1909 година кога Србија и дефинитивно ја губи надежта за излез на море преку Босна, се засилуваат продорот и четничките акции кон Македонија за излезот на Егејско море
Во Уставот се говорело за обединување на Српството како Српски покраини се означени: Босна и Херцеговина, Црна Гора, стара Србија, Македонија, Хрватска, Славонија, Војводина и Приморје.

Организацијата се простира на сите краеви каде живеат Срби, се бори за влијание во сите службени фактори, општествени слоеви и целокупниот општествен живот на Србија.

Oддржува пријателски врски со држави, народи и поединци кои се пријатели на Србите и помагаат народи кои се борат за свое национално ослободување, а вон границите се бори со сите средства против сите непријатели, идеи и организации, додека на Србија и се одредува улога на Пиемонт во борбата за обединување на Јужните Словени.

Според Деловникот секој член на “Обединување или смрт”, освен членовите на Врховната управа , наместо име имал – број, група и повисока врска. Заради тајност во активностите, Деловникот пропишувал контактите помеѓу поедини органи и тела да бидат усмени.

Во јавниот дел програмата го истакнувала принципот: “Опозиција и на владата и на опозицијата“. Организацијата била милитантна и против Парламентарниот систем во Србија. Се залагала за ограничување на политичките права на граѓаните и поголема улога на државата во животот на нацијата, а се барало централизирана управува на земјата со главна улога на војската и младината во препородот на Србија.

Организацијата заради перфидноста и тајните правила успеала да го наметне своето влијание во сите сфери на Српското општество особено во војската и политиката. Влијанието организацијата го зголемила со победите на Српската војска во Балканските војни.

На Македонија особено оваа организација се усмерила. Вршела постојан притисок на владата и јавноста за Македонија и областите кои се завзеле од неа никако да не се отстапат на Бугарите и Грците кон кои не смее никакви попуштања или опуштања да се има.

За Македонија посебен судир меѓу оваа организација и владата избива непосредно пред I Светска војна во 1914 год. Имено за да ги придобие Македонците во своите редови, а пред судирот со моќната Австро-Унгарија, Српската влада превзема мерки на релаксирани односи и демилитаризација на Македонија.


Момент од апсење членови на тајната српска организација „Црна рака“, а по сараевскиот атентат во 1914 година

Со “Уредбите за приоритет” наместо воени поставува цивилни функционери и граѓански власти. Овие граѓански власти на сите свечености имале предност а се одело на вклучување цивилно население во пониските структури на локална власт.


Никола Пашиќ во судир со тајните српски организации кои од него бараат поекстремни мерки за целосно добивање на Македонија во српски прегратки
Владата спорот го добива во своја корист но судирот со организацијата се заострува со поразите и повлекувањето на војската во 1915 год. за што е оптужувана од заговорниците. Организацијата го оптужувала Пашиќ дека е крив за поразот зашто не дозволил да се нападне Бугарија во периодот на нејзините подготовки за напад на Србија.

Овие судири со Владата кулминирале со судењето на Полковникот Драгутин Димитриевиќ - Апис и другарите во 1917 год. (Солунски процес), после што организацијата обезглавена се распаѓа. Освен пресудите, своја улога има и истоштеноста на Српското општество од постојаните војни и гибел. Се посилни биле и другите мировни стремежи кои воделе кон Балканско обединување со што се мислело дека ќе се стави крај на постојаните Балкански војни. Тоа и се случува само година подоцна со создавањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Тука е и конечниот крај на оваа организација.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5158 пати
Просечна оцена од посетителите
 3 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

понеделник, 20 ноември 2017
Моментно посетители: 47

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. Ахил еп. Лариски
--------------------------------
 Агрономијата во Македонија од почетокот на XX век
--------------------------------
 Македонците ги носат слоновите во Европа
--------------------------------
 ”Лустрација” на македонската античка војска
--------------------------------
 Македонци – прогласени за херои на Нирнберг
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: