Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7448
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Пропаганди и шпиунажи во кралството на СХС
ШПИОНАЖА И ПРОПАГАНДА ВО КРАЛСТВОТО – ЈУГОСЛАВИЈА
Сподели на Facebook

Кралството Југославија со економската слабост и внатрешни спротовставености, било погодно тло за туѓи пропаганди и шпонажи, особенo економските, политичките, културните и др.

Најприсутни биле – Француската, Италијанската и Англиската разузнавачка служба. Влегувале со капиталот но и со сите др. односи на своите земји и кралството. Продирале во највисоките државни, војни, политички и полициски врвови, каде имале свои агенти. Италијанската разузнавачка служба, имала повеќе агенти, во самиот Генералштаб и највисоките команди на поедини родови на кралската Ју-војска.

Нацистичката шпионажа кон Ју-кралството

Со почетокот на 1936 год., за само 2-3 години, нацистичката Германија во се го достига приматот низ Југославија. Станува првиот партнер во надворешната трговска размена на Југославија и ги потиснува Британија и Франција а со тоа доаѓа и Германската шпионско- субверзивната експанзија. По окупацијата на Австрија, Германија за кратко време (до нападот на Ју-кралството), го покрива ова подрачје со шпионска мрежа и обезбедила увид во сите нејзини одбрамбени и др. тајни.

Германската разузнавачка служба ја користи како центар својата амбасадата во Белград, но и трговско-стопанските представништва и Германците кои во поголем број ја посетуваат Југославија, како туристи, всушност на шпионски задачи.

Своето национално малцинство, т.н.р – фолксдојчери, Германија го организира и усмерува како политичка агентура. Таа бара и наоѓа бројни симпатизери меѓу бившите политички партии, шири разни профашистички идеи и создава такви групи и ги шири низ целото Ју-крлство. Тие ќе и служат како пред така и во текот на војната. Такви партии се – ЈРЗ (Југословенска радикална заедница) и ХСС (Хрватска селанска странка), но и др.помали. Во продорот кон ЈУ-кралската војска, Германската шпионажа особоно се ориентира на офицерите (усташите, Љотиќевците и др.), белоемигрантите и бившите Австроунгарски офицери.

Создавање на пета колона

Со ова Германија создала петта колона, која го забрзала распадот на ионака трулиот режим, со морално слабите оружени сили. Владеачката клика ги затварала очите пред овие опасности, заради алчност за личната благосостојба, не увидувајќи во кусогледоста дека истите тие лични богатства, идниот агресор а сегашен душегрижник, не само што ќе си ги поврати, но ќе испљачка мн. нови. Всушност во прогонот повеќе биле ориентирани кон своите граѓани, особено комунистите отколку кон туѓите агентури. Ова најдобро го покажува фактот што во периодот од 1933 до 1939 год. во Ју-кралството не е осуден ниту еден Германски шпион, додека за комунистите и сл.ориентираните немало доволен затворски простор, па биле основани концентрациони логори (во декември 1939 год. во Билеќа, Лепоглава, Керестинец крај Загреб и др.). Ако и имало некои обиди на Ју-воената Контраизвестувачка служба да по избивањето на 2 св. Војна поодлучно се спротивстават на Германската шпионажа, биле осуетени со општата владина политика, на т.н.р – неутралитет и незамерување на Хитлер, како и директни влијателни личности со профашистичка ориентација.

Уште повеќе се свртуваат кон комунизмот како најголема опасност иако веќе Европа е веќе под фашистичка чизма. Владата на Цветковиќ-Мачек почнувајќи од декември 1940 год. па во следните месеци праќа во Конц.-логорите околу 2000 комунисти. Се разбира по војната овие свои страдалнички периоди, комунистите особено ќе ги нагласуваат, заедно со нивната борба.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4295 пати
Просечна оцена од посетителите
 3 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

среда, 16 август 2017
Моментно посетители: 35

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. мччки Агапија, Хионија и Ирина
--------------------------------
 Византија паѓа заради долгови
--------------------------------
 Св. Евстатиј архиеп. Антиохиски
--------------------------------
 Дијадоси – наследници на Александар Македонски
--------------------------------
 Граница на Христијанството
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: