Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Грчка пропаганда во Македонија
Грците го сотреа семето македонско
Сподели на Facebook

Нашите браќа од Егејска Македонија не се “бегалци“, оти никој не бега од арно, тие се – ПРОГОНЕТИ!

По конференцијата во Техеран 1943 год, врз македонскиот народ од Егејска Македонија е вршена репресалија од невидени размери. На слободна територија селата се по два-три пати бомбардирани особено Кукушко и самиот град Кукуш.

Грчката влада преку владините воени сили и највисоките раководители на КП на Грција ги изработи и спроведе плановите за протерување на Македонците (планови кои се денес познати)

Што тие донесоа сведочат фактите од Протоколот на Г-нот Филипос Драгунис каде околу 104 000 Македонци и 2 200 Власи се прогласени за “неподобни“ па треба да бидат исчистат.

Ова чистење се спроведе во 3 фази :
- Првата - протерување со силата на оружјето и малтретирања.
- Втората - оние што не успеале да ги протераат со првата фаза, физички се ликвидираат и уништуваат.
- Третата - оние што не успеале со првите две фази и се провлекле се протеруваат и раселуваат на југот од Грција.

Стратегијата е  не повеќе од едно семејство во едно место. Вака сакаа да се сотри македонското семе, засекогаш да го снема од македонската земја на која од кога вака ќе се обработи требаше да се посее ново – грчко семе.

На 03 март 1948 год. , Грчката привремена влада носи одлука за евакуација на децата од Егејска Македонија. Нивниот број изнесувал 8 500 од кои 92 %

Но по Граѓанската војна многу Македонци се вратија назад, на родните огништа наспроти грчките планови, констатација до која дошол и Филипос Драгунис кој подоцна самиот критикувајќи се запишал :
“ Бевме лабави и не опстојавме до крај, па преселените ни се вратија назад “.

Дека Македонците и ден денес се прогонети од Грција говори фашизоидниот закон со кој на Грците исто така прогонети по различен основ особено за време на Хунтата, веќе со закон им се дозволи да се вратат од 1982 до 1985 год. , но само на нив “Грци по ген”. На Македонците ова право не им е овозможено што ја потврдува омразата, фашизоидноста, нацизмот и дискриминаторството на Грците.

Грците се правдаат дека немаат никакви забрани, но се вадат на друг вид толкувања кога треба да се дозволи влез или враќање на Македонец . А тоа е обично со автентичноста на топонимот на местото каде се родени Македонците кои се признаваат само ако се грчки.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4905 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 24 април 2024
Моментно посетители: 2

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Мариово–македонска автономна област под Отоманите
--------------------------------
 Св. мччки Агапија, Хионија и Ирина
--------------------------------
 Најстарото дрво во Македонија
--------------------------------
 Раката на „Св. Георгиј Победоносец“– во Македонија
--------------------------------
 Наметки од антиката и Византија - истоимени
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: