Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Српска пропаганда во Македонија
Развој на српското четништво во Македонија
Сподели на Facebook

Есента 1903 год. “Српскиот одбор за црквена и просветна пропаганда” во Битола на чело со В. Танасковиќ организира собирање на оружје и формирање на просрпски чети во Македонија.

Во текот на 1904 год., користејќи го неуспехот на Илинденското востание и ударите кои ги претрпе македонското национал - ослободително движење, соседските земји отворено тргаат со чети низ Македонија.

Бидејќи герилата како основно бара подршка од народот а овие чети ја немаат, трите грабливки тргаат со метод на терор и насилие. Упадите ги правдаат исто - Србите за спасување на “српството” во Македонија, Бугарите за спасување на “бугарите” во Македонија, а Грците за спас на “грците” од Македонија.

Заради зголемената активност на врховистите од Бугарија, Србите креваат голема кампања и тревога низ Србија. Организираат бројни четнички единици од доброволци ширум Србија.

Силната пропаганда кон патриотските чувства за “угрожено српство у Маќедонији” има свој одек кај Србите, особено младината и помладите офицери на српската војска.

Инаку првата српска чета од 5 луѓе е префрлена уште во февруари 1904 год. во Македонија, но турските единици бргу ја протеруваат назад во Србија, па се тргна на поорганизиран начин со јатаци во внатрешноста.



Српскиот војвода Трниќ активен во Македонија во првичниот период на уфрлање српски чети
Се сфати дека без внатрешна поддршка ниедна чета нема да се додржи во Македонија, но и се увиде дека таму српски чувства нема, па се отсукаа кесите. Добија свои кодоши и меѓу Турците и во полицијата и војската.

За активностите на поделбата од обилната материјална пропагандна сума, главни задолжени реализатори беа српските конзули во Скопје и Битола.

Директно се работеше и по селата како идни бази на четничките српски акции. А меѓу војводите и народот имаше и доволно револтирани на дотогашните бугарски замешателства на Софија во постигнувањето неуспех на македонското национал - ослободителното дело.

Не беше тешко да се убедат дека со енергична борба против тие замешателства, попат и добро наоружени и поддржани материјално, ќе се отстрани тешкиот тег закачен за нозе кој влечеше надолу во вртлогот. Но не се сфаќаше дека со српските четници, се става уште еден.



Војводата Мицко Крстев е еден од првите македонски војводи кои уште 1904 година разочарани од неуспехот на Илинденското востание, а бесни на бугарските сплеткарања преминуваат на српската страна
Така Битолскиот одбор веќе во април 1904 год., во Поречието формира чета под војводата Мицко Крст(ев)иќ која веднаш тргна против врховистичките чети.
Српската влада за да не ги заостри односите со Бугарија, декларативно не ги одобрува започнатите оружени судири па формално и помпезно од главниот одбор во Белград во Македонија е упатен поручникот Ѓ.Ѓерковиќ да “влијае” на одборот во Битола, да ги прекине оружените судири кои се зачестени, но “не успеа”.


Дека се е глума докажува што веќе во почетокот на мај 1904 год., се префрла уште една чета од 25 луѓе токму од Србија во Македонија кај “Шуплив Камен”. Но е опколена од Турците и целата изгинува.

Србите не мируваат, крајот на јули 1904 год., префрлаат бројни чети за Скопска Црна Гора, околината на Прилеп, Порече и Дримкол. Во средината на август се префрлаат уште две чети на Козјак а крајот на септември 1904 год., уште осум чети.

До декември во Македонија се формирани уште четири чети, а исто толку чети се префрлаат и од Србија. Со појавата во почетокот од 1905 год. на “Српска одбрана” како координатор од Македонија, уфрлањето чети е поорганизирано. Во март 1905 год, се уфрлаат четири чети на левата страна од Вардар, а потоа пак уште четири од платеници.

Григор Соколовиќ еден од водечките војводи кој премина на српската пропагандна кауза

Од 1906-1907 год. се уфрлаат чети но сега под команда на млади офицери и подофицери на српската војска зашто до претходната 1905 год., во текот на борбите доста и изгинаа при судирите со врховистите, турците но и македонските револуционерни чети. Се разбира и по тоа има борби и загинувања но со намалени бројки.


До 1907 год. на пример српските четници во сите судири со четите на ВМРО, со турците и врховистите изгубија полни шест чети, кои ги потполнуваа со нови од Србија и нешто придобиени Македонци.

До крајот на 1907 год. српските чети ќе ги истиснат врховистите од левата страна на Вардар и бугарската пропаганда од таму, што е резултат на старешинскиот обучен кадар кој ги води четите но и организираноста и дејствувањето на Горските штабови од “Српска одбрана”

(Извори – “Четници и добровољци у ратовима за ослобоѓење и уједињење “М.Шкориќ, Нови Сад - 1925 год.; “Јужна Србија од крајаXVIII врка до ослобоѓења“ Ј.Јовановиќ, Београд-1926 год.,; “Српска национална организација у Јужној Србији и збацивање султана Абдул Хамида са престола “-Јужни преглед, бр.I, II год., Скопље 1927 год.; “ Четничка акција у Старој Србији и Маќедонији “Ј.Хаџи Васиљевиќ, Београд-1928 год.; “Пламен четништва “С.Краков, Београд-1930 год.; “Четничка акција 1903-1912 год.“К.Пеќанац, Београд – 1933 год.; “Српске школе и четнички покрет у јужној Србији под Турцима“А.Јовановиќ, Скопље 1937 год.; “Терор на Балкану“А.Лондрес, Загреб 1933 год.(превод од францус.) и др.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5130 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 40

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонците и мечот
--------------------------------
 Обуката на македонската фаланга
--------------------------------
 Св. Андреј Јуродив
--------------------------------
 Најраните почетоци на кино културата во Македонија
--------------------------------
 Елијан за Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: