Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 10082
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Српска пропаганда во Македонија
Српско најрано четништво во Македонија
Сподели на Facebook

Под “четници” се познати бројни припадници на четите активирани во Македонија за време на Српско-Турската војна 1877-78 год., оружено и материјално помагани за поуспешна борба со Турците.


Српски воен санитет со ранети војници од Српско - турската војна 1887 година

Интересот на Србите бил да се прават удари во позадината на Турците и со врзувањето дополнителни сили, да се слабее турската маневарска моќ на фронтот.

На македонските четници пак, покрај надежта дека може да дојде до нивно ослободување како им е ветувано,подобрата материјална потполнетост, во четништвото гледале и можност да се осветат за теророт. Особено што сега и православна “блиска” држава стои зад нив. Биле доброволци со цврста дисциплина во национална носија, наоружани добро за блиска борба.

Така за време на Српско - Турската војна на планината Бигла дејствува четата на Стојан од Ресен а во Велешко четата на Костадин со околу 200 четници и во Битолско има уште шест добро оружени чети.

По завршувањето на Српско - Турската војна, Србија продолжува со четништвото во Македонија, гледајќи придобивки од истото во војната. Но во 1878 год. неможејќи овојпат да делува на четите од внатрешноста, Србија формира нови чети од Македонците - емигранти во Србија и од Македонците доброволци во Српско - Турската војна.

Во февруари ги уфрла во Кривопаланечко - Кумановскиот крај каде веќе е кренато македонско востание против турскиот гнет, кое надежно ги следеше поразите на Турција при скорешните војни со Русија и Србија
.


Македонското востание од фебруари 1888 година Кривопаланечко - Кумановскиот регион со правци на дејства, а во кое се обидува и Србија да се инволвира за свои цели (мапа Доц. Д.р Ванче Стојчев, Воена историја на Македонија)

Всушност Србија го копираше Големиот свој творец – Русија која за својата војна со Турција и покомотниот влез во Бугарија на 300 000 свои трупи, а за излез на Босфор покрена Српско-Турска војна. Сега Србија подржува востание за таа да се подрашири уште на југ при исцрпената и постојано поразуваната Турција. Но востанието беше крваво задушено за што многу Србија и не се потресува, таа си проба, се разбира со туѓ народ.

Штотуку ослободените Бугари ќе ги копираат Србите па и тие од Бугарија уфрлаат во друго македонско востание свои луѓе и чети што од Македонци – емигранти во Бугарија што од други елементи.

Тоа е Кресненското востание кое избива близу нивната граница, а всушност очекувајќи ја и тоа големата Руска армија на помош за конечен изгон на Турците и од Македонија. Но и тоа заради мешањето на Бугарите како она во Кривопаланечко - Кумановскиот крај со Србите, ќе биде крваво задушено (опширно за Кресненското востание на сајтов – посебно).

По ова позначајни четнички активности во Македонија ќе нема ниту од Бугарските ниту од Српските пропаганди камарили, зашто пропагандната војна ќе се префрли на друг терен – црковно-училишниот.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4989 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

понеделник, 30 јуни 2025
Моментно посетители: 155

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Преп. Теофан
--------------------------------
 Св. мч. Георгиј Кратовски
--------------------------------
 Вампирите кај Македонците уште во XII век
--------------------------------
 Најстариот пајтон во Македонија – 150 години
--------------------------------
 Први зоолошки истражувања во Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: