Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Српска пропаганда во Македонија
Српска преписка XXIII
Сподели на Facebook

Светомир Николаевиќ, претседател на друштвото Св.Сава во Белград – на Др. Владан Ѓорѓевиќ, Министер за просвета и црквени работи во Белград

Најјужен и најоддалечен крај, во кој живеат Срби, и кој се сретнува со грчки елементи, тоа е Костур и костурската нахија со Горица. Во целата оваа нахија живеат исклучиво само Срби со неколку цинцарски (романски) села.

Па како да воопшто во Македонија и јужна Стара Србија се покренала мисла да ја напуштат бугарштината, а отпочнаа да отвараат училишта на СВОЈОТ МАЈЧИН ЈАЗИК, како ПОБЛИЗОК ДО СРПСКИОТ, а особено во Битола и околината, тоа и од Костур дојде г. ТРПЕ ПОПОВСКИ , многу вреден и практичен учител, кој толку години бил и егсархиски, па минатата година ги напушти во договор со Групче од Орид и г. Л.Дума, професор на романското училиште во Битола, кој и преѓе го препорачуваше, а и сега тоа го повторува и моли г. Поповски да се постави за наш учител во Костур. 

Јас со г. Поповски доволно се информирав, па особено што го препорачува нашиот искрен пријател г. Дума, наоѓам, дека би требало веднаш да го поставиме за костурски учител со месечна плата од 120 динари, иако тој напушти поголема плата. 


Владата на Владан Ѓорѓевиќ

Со тоа Ве молам, господине Министре, да повелете и му посветете внимание на овој мој предлог и го поставете г. Поповски за наш учител во оној навистина најчист а најдалечен наш крај.

Друштво Св.Сава
Бр.V 441.
19. август 1888.
Белград Претседател
Глав. Одбор Друштво Св.Сава,
Свет. Николаевиќ

20/VIII 1888

/Т. Поповиќ/

ССБр. 149.
------ V ------

Г. Трпко Поповиќ го поставувам за учител на основното српско училиште во Костур (во Маќедонија) со плата од 1200 – динари год., сметајќи од 1.Септември оваа 1888 година.

Министерство за просвета и црквени работи

СС Бр. 149
24. август 1888. година
во Белград Министер
за просвета и цркв. работи,
Др. Владан Ѓорѓевиќ

Издадете му плата
овде за септ. и
окт. т. г.
М В ------------------------------------------------------------

/ Белград/, 20. август 88

Драги Зарија,

Ова писмо ти го донесува г. Попов учител од Костур. Јас му пишав на Министерот и го молев да овој учител го вметне во редот на нашите учители зад границата и да му одреди барем 120 динари месечно. Те молам направи да тоа Министерот веднаш го реши. Ако биде нужно представи го овој учител на Министерот.
Твој
Свет. Никола/-евиќ/

(Извори – Оригинали и индорсат. Архив Србије, МИД ППО, ф.II, бр.149/1888; ;“Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV, книга III [1888-1889],Белград 1987 год, стр.195-196)

Од писмото се наметнуваат следните факти:

1. Српската пропаганда дури и во Костурско, наоѓа “српско” население, но и од ова писмо се согледува неоддржливоста на оваа теза. Ако се Срби, како тоа имаат “свој мајчин јазик”, кој е само “поблизок до српскиот”, што ќе рече не е истороден.

2. Учениците и учителите Македонци ги напуштаат бугарските училишта кои шират бугарштина. Србите, само навидум се солидарни кога помагаат отварање училишта во кои не го наметнуваат српскиот јазик но го оставаат македонскиот (“мајчин јазик”), според нив “близок” до српскиот (?!).

3. Но грабежот за Македонците се огледа и во личните преименувања. Учителот Трпе ПоповСКИ со македонски наставок од презимето (– СКИ) е во првиот допис од Николаевиќ, но кај Министерот Ѓорѓевиќ е веќе ПоповИЌ за на крајот во допиот до Зарија е ПопОВ (најверојатно од старите документи за завршен учител на бугарскиот Егзархат).

4. Пак се согледува пропагандната спрега за постепеното ширење на српската идеја по Македонија. Се почнува низ навидум граѓанска форма, од образовно-црковното друштво Св.Сава” кое на терен ги уочува, па “сфаќа и помага” незадоволни од бугарската пропаганда учители Македонци, пренесува и предлага до српските министри и на крај преточува во пракса на македонско тло.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4807 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 24 април 2024
Моментно посетители: 158

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонките заслужни за победата на Аргеј I
--------------------------------
 Царот на Јапноија во 1976 г. ја посети Македонија
--------------------------------
 Св. вел. мч. Анастасија Узорешителница и др со неа
--------------------------------
 Св. Ап. Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник
--------------------------------
 Св. Васа Солунска
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: