Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8827
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Српска пропаганда во Македонија
Српска преписка XIV
Сподели на Facebook

ТЕМКО ПОПОВ – на Деспот Баџовиќ

Во предговороф на ова писмо ќе ти предизвестам, оти ја ќе се помачам да ти пишам, колку е можно, на наше наречие заместваиќи оние речи, кои ја и незнам со блгарски. Шчо да чинит инака, Деспоте! 

НАШЕВО НАРЕЧИЕ кога можело да диктира на друѓите славјански наречиа останало наисиромашко и, као питач, да спружвит рака било на блгарското, било на српското па и дури на Руското!

Не отричам ја оти свите славјаноќи наречиа се сходни помеѓу си и оти природно је да се взаемат едното от другото, а не до вакво дередже (дж – незнам како се пишит) до кое е дошло нашето кутро наречие, шчо да не можит чоек да си искажит мислите, без да употребит блгарски речи, ако тои имат живено у блгарско, српски – ако у српско.

Вистина, нашево наречие, као наи сходно со српското скоро, требит от него да црпит оние речи, кои ќе немат у речникот си, но каде ни је нашиот речник, каде се нашите филолози, кои можит да се завземает со овои важен вопрос, т.ј. да ни составеет граматика и друѓи наинужни учебници, барем за основните училишча?
 
Немаеќи наши филолози, каде се српсќите, кои да знает нашево наречие и да сочинеет овие елементарни и необходими книѓи со такво НАУЧНО БЕЗПРИСТРАСИЕ, шото само да употребеет српсќи, вместо дополнителни, каде неможеет да наидеет МАЌЕДОНСКИ РЕЧИ, а не да се водеет от слеп патриотизам, вместо да составеет МАЌЕДОНСКИ УЧЕБНИЦИ, да сочинеет чисто српсќи.

ДА НЕ СЕ ЛАЖИМЕ, ДЕСПОТЕ, националниот дух у Македонија до такво дереџе је стигнал, шото И САМ ИСУС ХРИСТОС АКО СЛЕЗИТ ОТ НЕБОНО НЕ МОЖИТ ДА ГО УВЕРИТ МАЌЕДОНЕЦА, ОТИ ТОИ ЈЕ БЛГАРИН ИЛИ СРБИН, освен оние Маќедонци, у кои веќе пропагандата блгарска се имат вкоренето.

За да се увериш ти во ова нешчо треба да земиш блгаризма пред очи. Блгарската пропаганда ево веќе се чинеет 20 години каде работит у Маќедониа, во наислепите времина, кога грцизмот – освен чужда нациа, беше зафатил да се фкоренвит во СРЦЕТО МАЌЕДОНСКО; И МАЌЕДОНЦИТЕ кога видоа зрак од славјанизмот, фрлиа се, као слепи во пазуите му, без да пулеет разликата му. Стигаше за ними оти се отќинаа от грцизмот. Но шчо чинит сега, т.ј. после двадесет години блгарски маќи, аѓитации и немилосни парични жертви?

Се чинит она, драги Деспоте, ШЧО ЈЕ ПРИРОДНО, НО ЗА БЛГАРИТЕ НЕОЧЕКУВАНО Т.Ј. СЕГА СЕКОИ МАЌЕДОНЕЦ ПРИЗНАВА ОТИ ТОИ НЕ ЈЕ БЛГАРИН И ГЛАСНО ИСПОВЕДУВА СВОЈАТА НАЦИА, АКО И ДА СЕ ПОЛЗУВИТ УШЧЕ СО БЛГАРСКИ СРЕДСТВА, НЕМАИЌИ, РАЗУМЕ СЕ, СВОИ.

После, от како виѓиме ние оти БЛГАРИЗМОТ ПРОПАДВИТ вака ужасно, можно ли је да вервит на некаков успех за распростанењето на друг, КАКОФ И ДА ЈЕ ТОИ, СЛАВЈАНСЌИ ЈАЗИК ? Ја не вервам, а така исто не вервам и ти да вервиш...

(З.Н – следуваат описи на македонските училишта, првично потпомагани од Србите но кога овие сфаќаат оти воздигнале македонска национална свест наместо српска, застануваат, Попов сега набројува учители и суми кои им ги должи, не сфаќајќи дека самиот се открива. Имено, кога за Македонците под бугарска пропаганда вели дека се свесни за својата македонска националност но од Бугарите “ги ползуваат само средствата немајќи свои”, всушност како да вели за себе, тој истото го прави но со нив - Србите. Наивно очекува од Србин да помага македонска национална борба кога површно и од немај каде спомнува српски идеи. Со јад и срам заради долговите, но и доза на пркос и изглумена почитт, на крајот вели :

. ..Собствено ја за идеата не зборвам, зашчо ја сум се посветил за оваа идеа и по никакоф начин не ќе се остаам от неа, макар и да не ми се дадеет ни пет пари, било за мои есап, било за есап на учителите, но све ми је м`ка зашчо да бидам вака ужасно усрамен пред своите сомишљеници кои некои ден можеет да ме разигреет, како шчо рекол Господ.
Оваа ми ти је работава, накусо Деспоте, ако сакаш да је знаиш. Требеш да го препишам писмово ама, Богами, ми је м`ка, зашчо се стори мошне долго.

Молим Вас, поздравите Браќави и Попчето.
Ваш пријатељ
Т. Попов
9. маи 1888 година
Солун

Ако отгорите, молим препоручите писмото до консулството.
Исти

(Извори – Оригиналот во Народна библиотека Србије – Фонд Јована Хаџи Васиљевиќа, П 413/III. 9. маја 1888 ; “Граѓа за историјата на македонскиот народ “ том IV, кн. III (1888-1889), Белград 1987 год. стр. 134-136

Од ова писмо се наметнуваат следниве факти :

1. Темко Попов писмото до Деспот Баџовиќ го пишува на македонски јазик а само при непостоење на соодветни поими во македонскиот јазик кај одредени зборови користи бугарски или српски поими.

2. веднаш и се објаснува Попов па со гордост вели дека македонскиот јазик му дал основа на сите славјански јазици, но сега (заради ропството) морал да подава рака ту на српскиот ту на бугарскиот, ту на рускиот јазик.

3. се дообјаснува и дека се е и заради немањето македонски филолози кои би извршиле кодификација на македонскиот јазик па бара помош и од српските, но сомневајќи се во нивната искреност инсистира на научна непристрасност.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5155 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 30

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Агрономијата во Македонија од почетокот на XX век
--------------------------------
 Златото на Персија кај Александар
--------------------------------
 Поход на Печенезите во Македонија и нивниот крај
--------------------------------
 Ала уд Дин Мухамед Калдји, втор Александар
--------------------------------
 Годината на стаорите кои одонесоа милиони во смрт
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: