Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Српска пропаганда во Македонија
Српска преписка XIII
Сподели на Facebook

Стојан Новаковиќ, пратеник на Кралството Србија во Цариград – на Чедо Мијатовиќ, Министер за надворешни работи во Белград.

Господине Министер,

Во писмата од 9.ов.м. ПБр. 68 и од 12.ов.м. ПБр. 72 за грчките работи во Македонија и односите меѓу Грција и Турција, упатени на Вашиот претходник, ги претставив односите меѓу Грција и Турција како прилично затегнати спрема сознанијата од тие денови. Се брзам заради тоа да Ве известам дека напнатоста попушта и дека особено од грчка страна се работи на тоа, расположението на Портата да се ублажи и да се се експликува на начин кој би можел да ги задоволи и кој би ги отстранил поводите за сомнежи.

Не знам уште во што е всушност работата, и од каде, дали од владата или може да е од опозиционите кругови во Атина самото движење, но секаде се грчките подобри (з.н-односи?!) и владините кругови брзаат да го стишат, ублажат и да му одземат поголемо политичко значење.

Од грчки кругови овде почнуваат да се жалат на раздразливоста од англискиот печат, кој простите ајдучки чети, со кои никој и не командува, ниту тие некого слушаат, ги прогласил за први чекори на востание. Од хеленското пратеништво го повторуваат тоа истото, и г. Кондуриотис прави се, да го ослаби и стивне вознемирувањето. Како што можев да забележам по личното настојување на г.White, англиската политика не чека со скрстени раце, да од страна на Грција нешто се зачади, туку се труди и овде и во Атина, работата да се стивне, макар да веруваат веќе во Грција ни г. Трикупис не ја заслужува онаа доверба за која доскоро се мислеше дека неоспорно му припаѓа. Дотолку имам да ги исправам моите преѓешни извештаи. И да ги пополнам во овој миг можам по сознанијата од хеленското пратеништво.


Стојан Новаковиќ 
Пратеник на Кралството Србија во Цариград (1885 - 1892)

Кон она што порано го назначив дека Грците се жалат на Турција треба да се додаде уште барањето порези патентирани од грчки поданици, кои ги има мноштво особено овде (има околу 70 000) и по другите места по јужна Турција. Како што Грција во време на Кримската војна 1855. ја искористи тогашната ситуација, па доби од Турција трговски договор како што имаат Големите сили, со право на отстапки по капитулациите, тоа сега и е многу важно да го сочува. Меѓутоа, Портата кон сите други удари по пат, да ексклузивните права, de facto ги укине, не сакајќи да ги врши.

Понатака Грција се интересира, да особено во соседните и турски земји така ги намножи своите консулати, да таму безмалу ниеден округ не се најде без грчки консул. Барале консулати во Корица, Еласона, Гревена и други места северно од Грција поодамна, а Портата никакако не се согласува да даде екскватури, увидувајќи дека, при ексклузивни права на грчкиот трговски договор на овој начин се создава во оние земји всушност уште една споредна администрација, безмалу со иста сила како и државната. Ќе видите дека во оваа прашање на постепена анексија или окупација и едната и другата страна имаат право, секоја од своето гледиште.

Трето е прашањето за железничката врска.
Портата во некоја прилика ја истакна мислата за нова железница во Македонија, која би поаѓала од грчката граница од Еласон (кон Лариса во Турција), па би излегувала преку Битола во Велес, кој е некое војничко средиште кон Србија и Бугарија. Засега нема ништо друго туку мисла. Грците, меѓутоа наоѓаат дека таа линија би била во нивни интерес. Бидејќи Солун и онака преку море е поблизок до Атина и е во живи врски со неа, оваа линија би им била поповолна за врска со Европа отколку која и да е друга. Тоа, меѓутоа го кријат од Турците, кои еднакво се стегаат да и дадат на Грција врска со Солун, која тие исто ја бараат, иако мене ми се чини, дека во оваа работа до сега не развиле многу живост, ниту вештина, ниту енергија.

Во тоа е сега најновата ситуација од таа страна.
Со најодлична почит Ваш
Ст. Новаковиќ
Пратеништво на Кралството Србија во Цариград
Дов. Бр. 76
19. април 1888 година
во Цариград

(Извори – од Оригиналот во Архив Србије, МИД ПО ф. III, досие I, Дов.бр.356/1888 како и повеќе во во Архив Србије, МИД ПО ф. III, досие I, Дов.бр.330/1888; “Граѓа за историјата на македонскиот народ “ том IV, кн. III (1888-1889), Белград 1987 год. стр. 124-125)

Од ова писмо се наметнуваат следниве факти:

1. Стојан Новаковиќ со најновите сознанија брза да ја извести владата на Србија во врска скорашното нејасно заострување на односите меѓу Грција и Турција.

2. Сега истото попуштало и ја дава причинско-последичната хронологија.Имено, Турција веќе не го признава трговскиот договор со Грција по Кримската војна од 1855 год. па бројните грчки структури и индивидуи ги порези без ексклузивности (освен за Големите сили).

3. Грција изгледа првин се пресметува, за да ги задржи трговските ексклузивности оди со заплашување на Турција организирајќи ајдучки раздвижувања (востание ?!). Но уште повеќе ја лути Портата, па брза да стивне и негира се (кое востание?!).

4. И англиската влада и печатот се вознемирени па брзаат се да се стивне. Британија како Голема сила одамна има ексклузивни права со Турција а црпи и не мали богатства од неа, па вакви грчки интриги воопшто не и одговараат заради што на тапет е и владата во Атина (Трикупис).

5. Алчната Грција, ексклузивниот договор со кој се здобива по заслуга Русија во 1855 год. до крајни граници гледа да го искористи со отварањето бројни канцеларии (консулати) особено во своето соседство. Буквално нема округ каде нема консулат.

6. Со пореската ексклузивност ова е своевидни грчка напоредна администрација со сила на држава. Имајќи предвид дека ова Грците го прават во соседството, ова е и перфидна постепена анексија на таргетираните територии.

7. Едноставно, обесправеното, тероризирано и натоварено од турски порези население од териториите каде делуваат овие грчки консулати и ако не е ќе се изјаснува за грчко за да се спасува од давачки и турски самоволија.

8. Грците не би биле Грци ако секоја прилика не ја искористат, па ако од секоја војна меѓу други тие се здобиваа со најголеми придобивки, во мир уште повеќе. Така, намислата на Турците за нова железница во Македонија од Еласон кон Битола и Велес, тие ја гледаат како своја шанса за уште поповолна врска со Европа но и мудро ќутат (“да не се сетат Власите”-читај Турците). Дали се денес поинакви?

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4594 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 38

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. Васа Солунска
--------------------------------
 Најголема археолошка акција со светот
--------------------------------
 Св. вел. мч. Анастасија Узорешителница и др со неа
--------------------------------
 Златото на Персија кај Александар
--------------------------------
 Грижата и дарежливоста на Александар
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: