Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8856
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Српска пропаганда во Македонија
Српска преписка XII
Сподели на Facebook

Стојан Новаковиќ, пратеник на Кралството Србија во Цариград – до Чедо Мијатовиќ, Министер за надворешни работи во Белград.

Господине Министер,

Во последно време, не знам на какви основи, Бугарите се многу вознемирени заради Македонија. Или од што се плашат дека нивните внатрешни работи не повлијаат лошо по плодовите од нивната толкугодишна агитација и толкугодишни трошоци, или што не им даваат мир нашите консулати, друштвото Св.Сава, и малку поживото интересирање на нашиот печат за српските права во Македонија, или најпосле стравуваат и од напрегнатото внимание, кое на тоа прашање го обраќа Грција, како од кралството, и од печатот и другото, не баш најдобро избрани средства, така и одовде, не само со печатот туку и преку патријаршијата.


Егзарх Јосиф I во агресивната црковна политика кон Македонија не се либи од барања и кај иноверната порта

Заради тоа веќе од минатото лето бугарското внимание се насочило на враќањето бугарски владици во Скопје и Охрид, каде се наоѓаа до нашата војна со Турција во 1876 год. Во весниците кои излегуваа во Бугарија се викаше дури и на Егзарх Јосиф, што во таа работа ништо не прави. Немам начин да се известам, што токму Егзархот го побудило, да се ангажира во таа работа, дали од со се споменатото и неговата сопствена иницијатива, или некаков подстрек од руските кругови (што ми изгледа најверојатно) или подстрек од Софија…

(з.н – следи елеборација за други сознанија како и однесувањето на Егзархот за да предолжи понатака со средбата со Патријархот)

…Патријархот добро ја сфаќа важноста на таа работа (з.н – се мисли на барањето од Егзархот кај Портата за поставување бугарски владици во Скопје и Охрид) и како човек кој лично добро стои и има вистинска доверба кај Турците, може денес да биде од голема помош. Тој ми говореше дека, при разговорот со големиот Везир за таа работа му рекол:

“Зарем не гледате дека преку Егзархатот најпрвин ни се отцепи Бугарија, и Румелија; зарем сакате на тој начин и Македонија да ни се отцепи ? “

Јас му се заблагодарив на Патријархот на завземањето за предметот кој, по својата друга страна се однесува на Србија исто толку како и на Големата Црква и го молев, да не пропушти слободно да го употреби каде и да му се заканува како причина, дека тоа и во Србија во народот би произвело најголемо огорчување, и дека во денешни прилики не е паметно да се предизвика зла воља без потреба во соседните држави. 

Понатака му обратив внимание на Неговата Светост на разбирање од ферманот и на околноста, дека другата алинеја од членот X после постапката од 1876 год., кога се бугарските владики кренати, мора да се смета за дерогирана, те дека секако работата би морала наново да се упати на долга процедура за гласање (на која Портата денес не би се согласила). Патријархот рече, дека таа причина веќе од порано е употребена во слична прилика за иста работа, и ми заблагодари на нашето топло завземање како на доказ за преданоста и љубовта кон Великата Црква… 


Чедомир Мијатовиќ, Министер за надворешни работи на Кралството Србија

(з.н – по ова разговорот е за австриските инволвирања во спорот, нешто посебно незначајни, па продолжува)

…При разговорот за Скопје и Охрид, Патријархот не заборави дека лани во ова време му дадовме нешто парична помош, и ме замоли наново за тоа да Ви пишам, пак нешто да би сте направиле. За таа работа јас лани во март му пишав на г. Франасовиќ. Макар што не можеме да бидеме задоволни со услугите на грчките владики, во невоља сме, дека еднакво мораме да бидеме добри и со нив и со Патријаршијата заради нашите интереси во Стара Србија и Македонија. Заради тоа Ве молам, да се запознаете со работата, од ланската преписка, и да промислете ќе може ли да се направи онака како лани. Работата не е лесна, но макар да ми се емоциите против неа, пак ладна причина ми говори да интересите на Србија на секој начин бараат нешто да се жртвува и направи пак.

Со најодлична почит Ваш
Ст. Новаковиќ
Пратеништво на Кралството Србија во Цариград
Дов. бр. 74
19. април 1888 година
во Белград

(Извори – Архив Србије, МИД ПО ф. I, досие II, Дов.бр.74/1888; “Граѓа за историјата на македонскиот народ “ том IV, кн. III (1888-1889), Белград 1987 год., стр. 121-123)

Од ова писмо се наметнуваат следниве факти:

1. Егзархот и Бугарите се вознемирени заради пропагандните неуспеси во Македонија, па нешто ново се обидуваат. Новаковиќ не го знае наглиот мотив па дава разни претпоставки (руски потстрек?!).

2. Цел се Скопје и Охрид за каде Егзархот засилено лобира да се постават бугарски владици (повлечени по српско-турската војна од 1876 год.), нешто од кое и грчката Патријаршија е вознемирена.

3. Разговорот меѓу Новаковиќ и Патријархот ги открива пропагандните соседски потреби за грабеж на Македонија, но и најниските морални одлики и потези на поединците од заинтересираните страни.

4. Патријархот на Везирот му ја посочува расипаноста на Егзарх кога се бори и за црковни права над Македонија, со примерот на отцепувањето на Бугарија но и Румелија подоцна.

5. Затоа, лесно Гркот Патријарх наоѓа сојузник во Србинот дипломат во Цариград кога и како да настапуваат (и со бланко поддршка) како со толкувањата на членови од договорот во 1876 год.

6. Моралните одлики им се гледаат по тоа што иако Македонија со бугарски владици не е интерес не само на Србите но и на Грците, Гркот Патријарх за својата роља бара пари од Србите (како и претходната година!).

7. Србите потплаќаат и други грчки владики за услугите. Со ова и подмитувањата на турските власти (кое и Бугарите и Грците го правеле), се гледа што се прават за да ја приграбат Македонија; првин духовно, па национално за да со тоа стекнат право и на територијално грабање, нешто кое подоцна и ќе го направат во 1912/13 год.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4640 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 46

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Втор вселенски собор
--------------------------------
 Златото на Персија кај Александар
--------------------------------
 Св. мч. Георгиј Кратовски
--------------------------------
 Браќа по камшик – “флагеланти
--------------------------------
 Македонија ограбена ризница на културно наследство
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: