Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Српска пропаганда во Македонија
Српска преписка за пропагандите во Македонија ХI
Сподели на Facebook

Петар Манојловиќ, Вицеконзул на Кралството Србија во Скопје – на Драгутин Франасовиќ, министер за надворешни работи во Белград

Господине Министер !

Од под ./. придодадените писма на учителот Никола Ристиќ, Вие ќе видете, Господине Министер, со какви тешкотии е сврзан секој обид, да во поголемите места, каде Бугарите се вгнездиле, СЕ ОТВОРИ НАРОДНО МАКЕДОНСКО УЧИЛИШТЕ, ЗАШТО БУГАРИТЕ СЕ ПОДЛИ И ПОДМЕТНУВААТ И РАСПРОСТИРААТ СЕКАКВИ НЕВИСТИНИТИ ВЕСТИ, ШТОМ ОСЕТАТ ДЕКА ПОНЕКОЈА ОПШТИНА САКА ДА СЕ ОКУРАЖИ и себе за МАКЕДОНЦИ ДА СЕ ПРОГЛАСАТ КОИ СО БУГАРИТЕ НИКАКВИ ВЗАЕМНОСТИ НЕМААТ НЕ САМО ПО ЈАЗИКОТ, туку и по верата христијанска немаат никаква взаемност, ЗАШТО БУГАРИТЕ ГОВОРАТ ДРУГ ЈАЗИK; И ВО СВОЈАТА ЦРКВА ГИ ПРИЗНАВААТ ПРАЗНИЦИТЕ КОИ ОВД. ПРАВОСЛАВЕН НАРОД НЕ ГИ ПРИЗНАВА,а празниците, што ги празнуваат сите народи Грците, Русите, Србохрватите, па веројатно дури и Албанците – тие празници Бугарите не ги признаваат, тие се некои нововерци, /или/ вид протестанти во нашата православна црква.

Како што се во црковните работи безобразни , така и целото нивно тежнеење на тоа се сведува, да и политичката власт се управува според нивните директиви – тие многу би сакале да играат некој вид држава во држава, како да оваа земја не е отоманска, туку нивна – те на турската раја.
Но во знак дека тие во тоа се лажат, сведочи и тоа дека Велешката власт, наспроти сите нивни закани, сепак оние книги ги прегледала и како уредни на гореспоменатиот учител / Никола Ристиќ / му ги вратила, кои се туторство на Фондот Сима /Андрејевиќ/ Игуманов Призренец, за таа цел со особена дозвола на отоманското Министерство за просвета во Цариград ги печателе и во таа цел потоа по јавен пат на Богословијата Призренска и ги пратиле, да се продаваат и раздаваат, каде и да би побарало некое училиште вакви книги.

Г.Ристиќ ,тој значи ги доби книгите назад ,а дадена му е дозвола, да училиште може да отвори и по овие книги да предава, дури и повеќе, да покрај себе може уште 3,4 други учители во училиштето да земи, но со тоа да тој претходно мора во Солун да положи испит, кој меѓутоа за него е многу лесен, но само Г.Ристиќ треба да има пари, те да можи во Солун некое време да се издржува, додека таму го повикаат, кога ќе се појави, да го полага и испитот. По слушнато, многу често се случува, да одреден кандидат мора и неколку месеци таму да чека и со тоа од пријателска страна ми е кажано, дека на овој младич во таа цел секако ќе му требаат 20 до 25 златни лири. Ова и е голема цифра, па баш затоа се и обраќам, Господине Министре, токму на Вас, кому за овд. училишта инаку никогаш не пишувам, се обраќам со молба, да повелете на дотичниот надлежен тутор Фондот Симо Игуманов Призренец, да го препорачате овој младич за таа помош, која тој навистина и од гледиште /?/ ја заслужува, исто ; навистина во најлошо време, кога бугарското јато ги отпочнал/о/ своите најживи напади, во едно место јуначки издржа и овозможи, да во едно македонско место се добие дозвола за македонско училиште, во место, кое Бугарите пошто зашто сакаат како бугарско градче да го жигосаат…

( з.н – по ова следува подолг опис врзан повеќе за начинот на учетелствувањето на Ристиќ и паричните обврски кон него и други произлезени трошоци како и односот кон отоманската власт. По ова продолжува со пропагандите )

…Агитацијата која Бугарите ја отпочнаа против православните училишта, не е некоја случајна, споредна, туку напротив се гледа секој ден се појасно, дека тие се веќе подолго време, формално организирани. Од сите страни се јавува, како овде онде се собрале и на власта и изјавиле, дека тие не сакаат да го признаваат грчкиот Митрополит во Скопје, туку својот Екзарх, но тука бугарските лири (им) помагаат, иако со ними предначат нивните проти во сите агитации , отоманските власти многу добро знаат декаа е Екзарх,екзарх, а грчкиот архиепископ е признат Митрополит и пред Бога и пред власта.
Колку се овие бугарски агенти ниски, се гледа од тоа, што овд. прота Бугарски Никола при доаѓањето на новиот Мутесариф излегол пред него дури до Демир Капија, да го поздрави со добредојде, а во името на “православното скопско бугарско население“.

- “ Вие сте – го праша Хаф,с Паша - белким грчки Митрополит ?“
- “ Не – одговори Прото Никола – туку бугарски прота.
- “ Има ли во Скопје повеќе Грци или Бугари ?“
- “ Во Скопје – вели – Грци нема, но само Турци муслимани, бугари и Јауди (Евреи).”
Откако со подметнување и денунција на бугарите еден калуѓер од Манастирот Вис.Дечани е ставен во затвор, од тоа време бугарите секое трпение совршено го изгубиле, зашто мислат, дека сега им дошло времето, да својата како змија отровица глава ја подигаат ; каде и да некое училиште минатото лето примила македонски книги Игуманови, таму сега навалуваат како разуздано јато на луѓето, докажувајќи им, да тие книги нелегални се /? бајаги/ не се од власта дозволени и барјќи, да тие ги спалат сите книги, а потоа бугарски книги примат. До денес веќе од повеќе страни дознав, дека тие сакаат дури и некои судири помеѓу селаните да инсценираат, кои се до тогаш, иако едни само МАКЕДОНЦИ а други Бугари СЕ НАРЕКУВААТ, сепак меѓусебно мирно се живееја и кои и денес на мир би биле, да поповите, кои на овд. Бугарски прота му се клањаат, на раздор не наведуваат.Овие попови се со прст покажуваат : “Ете, видете, што власта направи со Руфим, па ако неговите книги ги држете, (а не се негови) и вие таму ќе дојдете “ и.т.н.

Од оваа Руфимова несреќа Бугарите сакаат за себе капитал да си сковаат, но ако е вистина што се зборува, дека Руфим својата невиност јасно ја докажал, па кога тој пак ќе излезе на слобода, ТОГАШ ДУРИ БУГАРИТЕ ЌЕ ВИДАТ КОЛКУ “БУГАРИ “ ИМА МЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ. Половината од нив кои денес за такви се исповедаат, тоа го чинат од страв, а кога ќе се уверат, дека Руфим и пред власта е чист, тие јавно ќе се одречат од Бугарите. Судир до денес сепак уште нема.

Примете, Господине Министре, уверување за мојата најодлична почит.
В./-ице/ Консул
П.Манојловиќ
Генерален консулат на Кралството Србија во Скопје

Дов. бр. 12
30. март 1888. Година
во Скопје
(Извори – Архив Србије ПО ф. III, досие VII, Дов. бр. 305/1888 ; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV книга III,1888-1889)

Од ова писмо се наметнуваат следниве факти :

1. Почетокот на извештајов е за бугарските пропагандни лаги штом некоја општина се отцепи од бугарската црковно-училишна стега и формира македонско училиште а самите за Македонци се декларираат.

2. Дека Македонците се различни од Бугарите, овој конзул вели дека покрај јазикот ниту обичаите и празниците не им се исти. Бугарите иако православни слават празници кои не само Македонците но и ниту еден христијански народ не ги слави.

3. Велешката турска власт и дозволува на општината да образува македонско училиште по прегледот на книгите-донација на фондот Сима Игуманов-Призренец. Велешани и покрај силните притисоци од Бугарите, опстојуваат во барањето за македонскиот мајчин јазик.

4. Србите се со лицемерна поддршка на македонизмот, надевајќи се дека по истиснувањето на бугарската пропаганда полесно ќе се справат со истиот. Македонскиот народ при немање своја државност и организирана печатарска дејност, би бил зависен од српската држава која печати македонски книги а со тоа и контролата над образованието.Така Србите барем се надеваат.

5. Учителот Никола Ристиќ е Македонец во служба на српската пропаганда. Конзулот открива и друг момент од целата пропагандна збрка во Македонија. За нечија пропаганда да се шири слободно, власта вовела испити за учителите при што се развлекувало одобрението со месеци а со тоа се јавувала и корупцијата.Чија пропаганда ќе им платела повеќе на Отоманците, таа го добивала правото на пропагирање среде македонскиот народ.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4389 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 28

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Играорки Јапонки во групата Билјана
--------------------------------
 Св. мч. Александар
--------------------------------
 Преп. Петар Атонски
--------------------------------
 Македонците и базите
--------------------------------
 “Василици” македонски вршници
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: