Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Српска пропаганда во Македонија
Српска преписка за пропагандите во Македонија X
Сподели на Facebook

Стојан Новаковиќ, пратеник на Кралството Србија во Цариград – на Драгутин Франасовиќ, Министер за надворешни работи во Белград


Стојан Новаковиќ

Господине Министер

Кон она за што имав чест да Ви јавам во писмото од 16 фебруари оваа година ПБр. 37 за некои случувања во смисла на востание во Македонија, можам да додадам уште нешто што го разбрав од пратеникот англиски и австро-унгарски.

Така споменатите емисари имаат од своите консули оттука извештаи , дека на г. Јастребов во Солун му се ставени на располагање значајни суми пари , на 50.000 лири , и дека тој по трговски пат пратил значајни суми во Прилеп и Битола.

Австро-Унгарскиот пратеник ми кажа, Великиот Везир му говорел, дека и на Портата имаат извештаи, оти нешто се спрема во Македонија, понатака и овдешниот папски викар г. Бонети, по свои извештаи, им соопштил дека исто така нешто се спрема или мати.

Англискиот пратеник мисли, дека целата работа не може да биде ничие друго освен руско масло, и дека со тоа се мисли да се дискредитира популарноста на бугарската влада, која при произведеното движење во Македонија би морала да работи спротивно. Во тој случај народните чувства би биле ставени против неа. Англискиот пратеник се потпира во таа оцена на активност во истиот парвец, во кој Русите се служеле да ја поткопуваат позицијата на Батемберг.

Со најодлична почит Ваш
Ст. Новаковиќ
Пратеништво на Кралството Србија во Цариград
Дов. бр. 45
1.март 1888 година
во Цариград

(Извори – Архив Србије, МИД ПО ф. III, досие VII, Дов. бр. 190/1888 ;Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV книга III,1888-1889)

Од ова писмо се наметнуваат следниве факти :

1. февруари-март 1888 година Македонија врие за востание а за што известуваат дипломатите кои се сомневаат еден во друг кој стои зад тоа. Според Новаковиќ англискиот,австро-унгарскиот и др. конзули се сомневаат дека Русија го помага ова автохтоно македонско бунтовно расположение

2. На ова укажуваат некакви 50.000 турски златни лири кои рускиот конзул во Цариград Јастребов наводно ги испраќа во Прилеп и Битола за распламнување на бунтот.

3. Запознаена е и Високата Порта но и Ватикан преку намесникот Бонети. Англискиот пратеник се сомневал дека со ова Русите ја плашат Бугарија. Очигледно Бугарија е првин израдувана од Русите кога во Сан Стефано и ја приклучија Македонија но сега работата на засебна македонска држава штом толку пари издвојуваат.

4. Што и да се случи, Русија е на добивка.Ако успее македонската државност Русија како најзаслужна ќе си има уште еден свој должник на Балканот и ослабена Турција. Ако не успее, испратила порака до Бугарија дека мора да и се потчинува ако го сака Сан Стефанскиот сон.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4435 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

среда, 24 април 2024
Моментно посетители: 39

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Јасриб – е првичното име на Медина
--------------------------------
 Македонските рудници во II Светска војна
--------------------------------
 Дахија највисок јаничарски чин
--------------------------------
 Најкрволочното куче од антиката и Македонците
--------------------------------
 Преп. Павле Ксиропотамски
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: