Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Српска пропаганда во Македонија
Српска преписка за пропагандите во Македонија IV
Сподели на Facebook

Стојан Новаковиќ, пратеник на Кралството Србија во Цариград – на Драгутин Франасовиќ, Министер за надворешни работи во Белград.


Стојан Новаковиќ

Господине Министер,
Пред неколку дена ми се јави заедно со Н. Евремовиќ, Панто Кондиќ родум од Прилеп, бивш ученик на солунската бугарска гимназија во VII одделение на тамошната гимназија, со молба да се испрати во Србија, за да таму го продолжи учењето. Рече дека сега во јануари заедно со уште 18 ученици е исклучен од VII одделение на тамошната гимназија оти – според неговите зборови – што НЕ САКАЛЕ ДА РАБОТАТ НА БУГАРСКИ ЈАЗИК туку ОТИ САКААТ ДА ИМ СЕ ПРЕДАВА НА НИВНИОТ ДОМАШЕН МАКЕДОНСКИ ДИЈАЛЕКТ.

Бидејќи мене за тоа г. Карастојановиќ ништо не ми јави, не можев ништо друго да направам туку да го упатам овде да чека, давајќи му некој мал поклон, или да оди назад во Солун, а јас одма му пишав на г. Карастојановиќ за да ме извести за тој случај кој е интересен. Ќе видам што ќе ми одговори. Прашањето е што да се превземе во вакви прилики? Мене ми се чини добро да се упати младичот во Белград и да се подржи таму да изучи и српски да научи. Би ве молел Вас да ми дадете упатства и наредба за патни трошоци.

Во оваа прилика, да чепнам е една работа, многу потребна за оваа дејност. Би требало (а во другите претставништва е всушност така) да за овие прилики претставништвото има на располагање барем неколку стотини динари. Ако во вакви прилики, кои се секако во интерес на Србија, понешто се пружа или на пат или за опстанок, може повеќе да се очекува за иднина. Инаку и првите обиди ќе замрат без последици, а ние во свое време во дадената прилика ќе трламе раце и ќе се каеме. Би Ве молел, да за оваа промислете и да што и да наредете, ако е некако возможно.

Со одлична почит Ваш

Претставништво на Кралството Србија во Цариград Ст. Новаковиќ
Дов. бр. 33 Февруари 1888 година во Цариград

(извори – Архив Србије, МИД ПО ф. III, досие IV, Дов. бр. 134 /1888 ; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV книга III,1888-1889 )

Од ова се наметнуваат неколку факти:

1. јануари 1888 година, учениците од бугарската гимназија во Солун, Македонци по род, креваат бунт против бугарскиот јазик и бараат да им се предава на македонски јазик .

2. Панто Кондов(иќ) од Прилеп со 18 соученици Македонци се избркани од гимназијата. Бројката на предводници доволно зборува за размерите на македонскиот етнојазичен бунт во Солун (оваа крајна мерка се превзема обично врз водачите, како би се изолирале останатите помалку храбри).

3. Вакво писмо- молба за учење во Србија, следува и од Ѓорѓи Влахов братот на Димитар Влахов кој пак бега од гимназијата во Пловдив (писмото подолу, но и во Мемоарите на Димитар Влахов). Има и обраќања од други училишта низ Македонија (што го спомнуваат во преписките српските конзули и министри, подолу), што се заедно појаснува за ширината на македонскиот национален бунт против Бугарите.

4. Од бунтот и преписките на српската дипломати уште еден интересен факт. Српскиот пропаганден продор кон Македонците првично не е од српска страна но од самите Македонци, кои се фрлаат во српски прегратки, гонети од неподнесливоста кон бугарската етнокултура, но и наивно верувајќи дека Србите нешто ќе им помогнат.

5. Новаковиќ како што се гледа дури и е затечен, не знае што да прави кога ученикот Кондов(иќ) самиот му доаѓа, па бара упатства од претпоставените! Како конзул нема ниту посебни средства за таква намена (а какви имале други конзулати).

6. Ова најдобро докажува дека македонизмот не се јави како резултат на српски “тајни проекти”, но избувна како резултат на бугарската пропагандна пресија а се испрофилира кога ќе ги увиди и разликите со србизмот, со кого дотогаш немаа подиректен допир (со бугаризмот Македонците имаат директен допир зашто Бугарија ја има црковно-училишната надлежност над Македонија).

7. Учењето е заради стекнување наобразба а не од “национални бугарски или српски идеали”, што се потврдува не само од двете земји но и подалечните ( Македонци дозавршуваат по европските универзитети). Компарирано со денешните Македонци-студенти во Бугарија на кои им се нуди бесплатна наобразба само да се пишат “Б`лгари по род”, а при денешната државност и ситуираност студентите подобро избираат да плаќаат не мали суми одошто да се пишуваат Бугари. Се разбира има и поединци понеситуирани кои потпишуваат за бесплатно образование но нивното одење потоа по други земји каде се враќаат на својата националност само докажува дека најмалку истото им е од “бугарски национални чувства”.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4043 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 48

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонскиот крал-бебе на бојното поле
--------------------------------
 Софија, подигната и обновена од цар Македонец
--------------------------------
 Преп. Теофил исповедник
--------------------------------
 Македонците и базите
--------------------------------
 Граница на Христијанството
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: