Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Српска пропаганда во Македонија
Српска преписка за пропагандите во Македонија III
Сподели на Facebook

Петар Карастојановиќ, генерален консул на Кралството Србија во Солун – на Драгутин Франсоевиќ, Министер за надворешни работи во Белград

Господине Министер,

Чест ми е да Ви доставам, дека во Велес се одцепиле едно дваесетина куќи од бугарското училиште, дека зеле Србин за учител и отвориле училиште, па бидејќи Велес е многу поблиску до Скопскиот консулат, барем сега во почетокот да го потпомогне истото училиште со книги ако со ништо друго.
Исто така имам да Ви доставам, дека Грција наименува свој консул за Скопје, кој беше и во Серез, и дека чека само за да тргне таму, тоа истото го направи и Австро-Унгарија, а рускиот консул, овдешен, исто така на надлежно место предложил, и руски консулат да се отвори.
Англија постави Вице-консул во Битола.

Не се сомневам дека и до Вас не допрела расправата, која постои помеѓу овдешниот руски консул и калуѓерите од грчките манастири на Света Гора, а спорот е следен :
Руските манастири на Св.Гора немаат пристаништа, па мораат вечно да служат на земјата од грчките манастири. За да тоа го избегнат тие бараа Грците од својата земја да им дадат одредено парче или да им го продадат или да им го дадат под кирија, но Грците ниту на едното ниту на другото сакаа да се согласат, но бидејќи тие од Русија, низ разни легати имаат убав годишен приход, руската влада истиот го сопре и не им издава веќе 3-4 години ништо, и таа сума се насобрала на 24 000 турски златни лири и се наоѓа во овдешниот консулат.

Сега и Русите, знаејќи дека на Грците парите им се нужни, тие им велат: дајте ни тоа што го бараме, па ќе ви дадеме пари веднаш и од сега вашите приходи уредно ќе ги уживате.
Некои манастири (посиромашните) веќе се согласија, додека некои никако не попуштаат, кој ќе успее ќе Ви јавам.

Калуѓерот на нашиот манастир Хиландар никако во метох не доаѓа и заради тоа не сум во можност ништо да направам. Како што воопшто по хилендарската работа никакви налози немам. Примете Господине Министер уверување за мое одлично штовање, Вам понизен

П.М.Карастојановиќ
Генерален консулат на Кралството Србија во Солун
Дов. бр. 6
4. февруари 1888 година
во Солун 12. II. 88
Дов. No 109

(Извори – Архив Србије, МИД ПО ф. III, досие VII, бр.305/ 1888 ; Архив Србије, МИД ППО ф. III, 202/1888; Архив Србије, МИД ППО ф. III, 226 /1888 ; кај нас објавени и во Граѓа за историјата на македонскиот народ од архивот на Србија, том IV кн. III ( 1888-1889), приредено од Др. Климент Џамбазовски, 1987 год.)

Од оваа писмо се наметнуваат неколку факти :

1. Во Велес се отцепиле 20-тина куќи од дотогашното влијание на бугарското училиште и со нов учител отвориле српско училиште. Од Скопскиот конзулат на Србија се бара во почетокот да го помога ова училиште барем со книги.

2. Овој пример докажува повеќе работи :

- ако овие луѓе се “Бугари” (според бугарската пропаганда), ЗОШТО при “свои ”црква, училиште и закрила, би оделе во неизвесност со српските училишта и цркви ?!

- српската страна е понеизвесна од бугарската оти зад вторава стои легална црква – Егзархатот а зад српската – ништо, (нема никакви посебни црковни права).

- Македонците не ја прифаќаат од некаква српска “национална свест “, туку затоа што српската лицемерното му се приближува на македонскиот народ, со “прифаќањето” на неговите етнојазични основи (со време би се вметнувал дозиран фонд српски зборови).


3. Скопје во оваа 1888 година станува конзулски град. По српскиот конзулат од порано, во 1888 год. и Грција именува конзул, но и Австро-Унгарија, а и рускиот конзул во Солун предложил конзулат во Скопје. Англија пак поставила Вице-консул во Битола.

4. Руските манастири на Св.Гора немаат пристаништа, па мораат вечно да служат на земјата од грчките манастири. Тие бараат Грците да им продадат или издадат одредено парче, но Грците ниту на едното ниту на другото се согласувале иако од Русија, низ разни легати имале убав годишен приход.

5. Иако руската влада го сопрела овој приход за Грците и не им издавала веќе 3-4 години ништо, па таа сума се насобрала на 24 000 неискористени турски златни лири, Грците со познатата инаетливост, не попуштаат. Пари туѓи сакаат но не и нешто свое да отстапат макар и под наем.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4016 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 29

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Највредната препродадена збирка од Македонија
--------------------------------
 Св. Лука апостол и евангелист
--------------------------------
 Линкестите – македонско племе на рисови
--------------------------------
 Заслугите на Анастасие I за градбите по Македонија
--------------------------------
 Во Јапонскиот парламент – “Лига за Македонија”
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: