Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8850
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Српска пропаганда во Македонија
Српска преписка за пропагандите во Македонија II
Сподели на Facebook

Петар Манојловиќ, вицеконзул на Кралството Србија во Скопје – на Др. Владан Ѓорѓевиќ, Минеситер на просветата и црквените дела во Белград.

Господине Министре!

Во одговорот на вашето писмо од 21 јануари 1888 CCNo 4, чест ми е да ви јавам, дека г. Митрополит Паисие овој час беше лично кај мене и да за г. Коста Николаевиќ, прота овдешен кој сега се наоѓа таму, даде оценка.

Г. Коста е ракоположен за свештеник во Филипол уште пред бугарската шизма, значи по уреден пат и начин. Тој своеволно дојде ваму, да бара место овде и доби со дозвола на Патријархот еден Манастир, во кој ни пред ни после него не можел да издржи заради лична опасност. И тој мораше и таа корка леб – ако и горка – да ја напушти, но во исто време ниту можеше пак друго некакво место да му се даде. Со дозвола на самиот г. Митрополит, тој своите услуги му ги понуди на овдешниот бугарски намесник, но ни тие не го примија, зашто како до тогаш од грчката страна, не му веруваа.

Тој имаше и има пет деца, и така речи ни корка леб во куќата ; човекот е меѓутоа во однос овдешните свештеници навистина многу образуван и начитан, кој значи оваа оскудица двојно повеќе ја осеќа отколку тоа би било во друг случај, кого помалу свет го видел. За да на своите деца им заработи корка леб, тој некое време го спомнувал Папиното име во својата куќна капела, каде секидневно морал да држи литургија инаку по православен начин за што добивал по 2 динари дневно, но тој пак се врати, докажувајќи дека самата нужда го натерала, изјави свое покајание, па и јас и Патријархот се му простивме. Прота Коста е православен свештеник, ги знае сите црковни прописи и молитви и богослужби и заслужува во поглед и на неговите деца, да му се даде можност, да и користи на државата и на себе достоинствен свештенички начин ги издржува.

Примите, Господине Министре, уверување за моето најотлично почитување.
Пет. Манојловиќ, в.консул
Генерален консулат на Кралството Србија во Скопје
СС бр. 8
29 јануари 1888 година
во Скопје

(Извори - Архив Србије, том IV, књ. II, бр. 128 и 158 ; Др. Јован Хаџи Васиљевиќ, “ Скопски Митрополит Паисие “, Српска манстирска штампарија, Сремски Карловци 1933, 33)


Др. Владан Ѓорѓевиќ Минеситер на просветата и црквените дела во Белград

Од оваа писмо се наметнуваат неколку факти:

1. Прота Коста Николаев(иќ) е ракоположен свештеник уште пред бугарската шизма во Филипол – Македонија, на уреден начин.

2. Со помош на Митрополитот Паисие и дозвола на Патријархот, му се наоѓа напуштен манастир во Скопско но не безбеден, пак се враќа

3. Со дозвола на Митрополитот, а за опстанок на 7- членото семејство, прота Коста нуди служба и за бугарскиот намесник, но и на католиците спомнувајќи го папата во домашна служба.

4. По грчката, бугарската и папската црква, прота Коста завршува со српската, за опстанокот на семејството си. Лицемерно, Новаковиќ вели како тој и Патријархот СЕ МУ ПРОСТИЛЕ за претходните служби (од “хуманост” кон семејството ?!).

5. Ова се докажува какви “Бугари “, “Срби “, “Грци “, “Католици (Унијати) “ биле Македонците. Под пресата на сите нив и уште од Турците, за опстанок на семејствата, привидно се приклонувале кон едни или други.

6. Со тоа Македонците најдобро докажуваат дека не се ниту едно ниту друго, ниту трето а пропагандистите СО ПРОСТУВАЊАТА и потребата да потплаќаат, дека се и самите свесни за тоа.

7. Со потплаќањето,службите и се поголеми издатоци кон турската власт за доделување црковно-училишна надлежност, пропагандистите само го докажуваат својот грабачки лик кон припадници од неистородните со нив, македонски народни маси.

8. Припадници на еден народ не мора да се потплаќаат за да се декларираат за негови припадници.И Бугарите и Србите и Грците како народи се признавани од турската власт а со конзулатите имале и други заштитни институции. Зошто Македонците би страдале или би се декларирале за една па за друга, можеле да се декларираат во само една и во тоа време привелигирана сосетска народност ако навистина биле од неа?!

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4234 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 16 април 2024
Моментно посетители: 120

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Златото на Индија кај Александар
--------------------------------
 Св. новомчци Триандафил и Спасо
--------------------------------
 Македонците и воената кола, двоколка
--------------------------------
 Описи за набивање на колец
--------------------------------
 Светло и поплочување на градови, дело на Македонци
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: