Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Српска пропаганда во Македонија
Српска преписка за пропагандите во Македонија I
Сподели на Facebook

Стојан Новаковиќ, пратеник на Кралството Србија во Цариград – на Драгутин Франасовиќ, Министер за надворешни работи во Белград.

Господине Министер

Со службен акт Ви праќам со денешната пошта два ексемплари од книгата на Офејков “La Macedoine au point de vue ethnographique, historique et philogique, Philippoli 1888 “, која е побликувана овие денови. Во она писмо Ве молам за исплата на сметката.

Како што таму сум назначил, писател на книгата е Шопов, секретар на овдешниот бугарски ексархат, кој и инаку во меѓународниот печат се бори за етнографски бугарски права во Македонија. Ги следев повеќе пати натписите со ова име потпишани во пештанскиот “Revue de l`Orient“ во полемиката со г.М.Бан.

Со книгата е препечатена Лежановата етнографска карта на Балканскиот полуостров, печатена ми се чини, уште пред 20 години. Кога ќе ја погледнете подобро, лесно ќе се уверите, дека во основа и се оние граници, кои се едно време поставени за граници на бугарскиот ексархат, а кои потоа се покажаа во границите на познатиот Сан-Стефански мир.

Истата книга овие денови од книжарницата е пратена на сите овдешни странски претставници. Имав прилика да забележам, дека овдешниот англиски и австриски пратеник се сомневаат, дали во издавањето на таа книга во овој миг нема руски прсти.
За тоа мнение би се нашла една причина за тоа, што навистина сиот Ексархат се движи во руски води, и ако иако смирено и со голема умереност, но од друга страна во македонските работи Бугарите не знаат за партиски делби, и многу сложно работат. Заради тоа кај нив погоре споменатата книга се прима со еднаква љубов на секаде.Колку што можев да забележам, меѓу првите на неа почна да обраќа внимание новиот полуофицијален Софиски весник “La Bulgarie“, кој некои места во целина ги препечатува.

Заради тоа јас мислам, во нашите должности кон оваа појава не можеме да се раководиме од политички опортунизам заради нашето гледиште по прашањето за независниот развој на балканските држави, туку дека би требало нешто и од наша страна да се прави и бранат етнографските права, бидејќи ни инаку за нашето гледиште во главното политичко прашање нема и не може да има сомнение. Јас од своја страна со денешната пошта пратив еден ексемплар од таа книга на претседателот на друштвото “Св.Сава” и г. Св.Николаевиќ, а другиот на географот г. Вл. Кариќ во намера да им обратам внимание. Одговор или слична објективна книга за нашите етнографски права треба да се изработи на француски. На оној кому би можело да се даде француската обработка, би требало повеќе од нив да му дадат материјали и мисли, секој по својата струка, зашто доказите во наша корист мораат да се собираат од разни полиња, како : од јазикот, од историјата, од етнографијата, од традицијата, од географската позиција на оние предели кон српските земји.

Не ја пропуштам оваа прилика да напоменам, дека пред неколку дена англискиот пратеник г. White ми говореше, навистина патем, дека би било добро да ние и Бугарите меѓусебно се договореме за Македонија, па за тоа да нема борба. Договорот би требало да гласи : да и од наша и од нивна страна во сите тие делови се поддржува политички status quo, т.е турска управа, додека не би дошла прилика да за тоа се зборува. Г. White сакаше да знае до каде се нашите етнографски граници, но немајќи ги картите при себе, остана тоа прашање за друг пат. Потоа говореше, дали ние би трпеле бугарски епископ во Скопје. Јас кажав, дека тоа за нас е апсолутно невозможно, и тоа не само за Скпје, туку и за цела Македонија, дека јас овде секогаш и во секоја прилика против тоа станував најенергично, да за тоа сме согласни и со Грците и со патријархот, и да имаме и други начини, да работеме против тоа. Претпоставувам, дека Бугарите нешто прашувале на таа страна, па заради тоа може да влегло и она прво прашање во разговорот. Повеќе ништо не е говорено во таа прилика.

Со најодлично почитување Вашиот Ст. Новаковиќ

Пратеништвото на Кралството Србија во Цариград

Пов. Бр. 42
30 јануари 1888 година
во Цариград

( Оригинал – Архив Србије, МИД ПО ф.I, досие II. Пов. Бр. 22 / 1888 )


Големите сили уште од Санстефанскиот мир живо ја следат активноста на новите блакански творби и известуваат од Константинопол


Од ова писмо се наметнуваат неколку факти :

1. книгата “La Macedoine au point de vue ethnographique, historique et philogique, Philippoli 1888 “ е побликувана пред крајот на јануари 1888 год.

2. писател е Анастас Шопов, секретар на бугарски егзархат, во меѓународниот печат бугарски пропагатор за “правото” над Македонија.

3. Шопов и во книгата и други натписи се потпишува со името Офејков (пр. во пештанскиот в.“Revue de l`Orient “ полемиката со г.М.Бан).

4. со книгата е печатена Лежановата етнографска карта на Балканот, печатена околу 1868 год.).Во основа и се границите на бугарскиот егзархат и Сан-Стефанскиот мир.

5. Веднаш книгата е пратена на сите дипломати во Цариград. Според Новаковиќ, англискиот и австрискиот дипломат се сомневаат, во ова да не има руски прсти (мнението за егзархатот во руски води).

6. во македонските работи кај Бугарите нема партиски делби, прв весник кој посочува на книгата е полуофицијалниот софиски весник “La Bulgarie “, кој некои места во целина ги препечатува.

7. со поштата од 30 јануари 1888 год. Новаковиќ праќа примерок од книгата на претседателот на друштвото “Св.Сава” и г. Св.Николаевиќ, а друг на географот г. Вл.Кариќ, да обратат внимание.Тој бара слична “објективна” книга но за српските етнографски права врз Македонија, да се изработи на француски.

8. За подготвувачот на книгата Новаковиќ бара да му се дадат материјали: од јазикот, од историјата, од етнографијата, од традицијата, од географската позиција на предели кон “српските земји.”

9. англискиот пратеник г. White предлага “патем”, Бугарите и Србите да се договорат за Македонија, (да нема борба !). Предлагал: од српска и од бугарска страна да се поддржува status quo, т.е турска управа, додека не дојде време за друго. White сакал да знае до каде се српските претензии над Македонија.

10. White прашал и дали Србите би трпеле бугарски епископ во Скопје. Новаковиќ отфрла за било каде во Македонија (биле согласни со Грците и патријархот) нагласувајќи дека имале и други начини, да работат против тоа. Претпоставува, дека Бугарите нешто прашувале за тоа.

Ова се докажува со што се служеле и двете страни (но и Грците како трета) за приграбувањето на Македонија.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4242 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 18 април 2024
Моментно посетители: 25

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. мччки Агапија, Хионија и Ирина
--------------------------------
 Поимот лептерно (лефтерно – лесно)
--------------------------------
 Битката и Македонците во антиката
--------------------------------
 Дијад - најгенијалниот инженер на Александар
--------------------------------
 Моштите на Св.Марина
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: