Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7481
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Бугарски фалсификати за Македонскиот народ
ПОИМИ – ЗЕМЈА, ДРЖАВА, НАРОД
Сподели на Facebook

Поимот - ЗЕМЈА, не е исто што и поимот - држава уште помалку народ - ентитет.

Во средниот век се поистоветувале поимите : земја – власт (држава), па пр. - “бугарска земја” , “ромејска земја”, “српска земја”, “влашка земја” или “богданска земја” и.т.н - не значи и земји населени со бугарски народ, ромејски ,српски, влашки или некаков “богдански народ”.Ова впрочем добро го објаснил и Н.П.Благоев во неговата - "Курс по историја на блгарското право - Софија,1934, 60).
Многу добро знаат Бугарите - историчари, кога за жителите од денешна Бугарија во времето кога таа е под темата – “Македонија” па во изворите Бугаите се водат како “Македонци”, веднаш да објаснуваат дека тоа е заради името на темата и не значи народност.
Но какво ли чудо, тоа што за Бугарите важи, не важи и за другите(?!) - кога Македонија е под темата – “Булгарија” па нејзините жители се спомнуваат како “Бугари”. Е тогаш не важи истото правило, Зошто?! – Оти така им (не) одговара на Бугарите?!. Кој сега сериозен со вака романтичарски тези, може сериозно да расправа.

Македонците многу подолго ја имале Бугарија или нејзини делови под својот епоним , темата - “Македонија”. Јужна Бугарија со Пловдив како Византиска тема полни 6 векови (од крајот на 8 па се до крајот на 14 век) беше во рамките на темата – “Македонија”, а патеписците уште долго овие краеви и жителите ги внесуваа во поимот “Македонија” и македонска народност. Но никој Македонец од тоа не прави денес конструкции какви Бугарите направија од својата т.н.р – историја. Особено што за оваа област има и други историски факти кои негираат било каков Бугарски карактер, зашто се работи за – Тракија (Одрин) , кои со векови опстојувале како засебен народ – Тракијци и многу поблиски во минатото биле до Македонците одошто со новодојдените Азијати - Бугарите. Историски факти за ова има безброј особено од антиката но и многу подоцна.
Патеписецот Саломон Швајгер во своите патеписи од 1577 г., западна Тракија ја нарекува – “Македонија”, а Пловдив “метропола на Македонија”, што ќе рече дека дури и во 16 век Тракија ја сметале за дел на Македонија. Ако историјата ја разбираме како Бугарите, тогаш треба со полно право Тракијците да ги сметаме за Македонци?! (М.Т.Блох - Саломон Швигер и неговите белешки за патувањето му през Блгарија- Иследванија в чест на Марин Дринов , Софија ,1960, 312).
Всушност ако се тргне по бугарската логика, каде и да се спомне поим – “Бугари“ тоа е бугарска народност(?!) ,тогаш Македонците ќе можат да претендираат на половина земјина топка - до Индија. И сите Европски, Африкански, Арапски и Азијатски народи да се Македонци по род, само заради името на империјата од Александар и наследиците - Македонија.

Македонија под тематското име – “Бугарија” се води од 1018 г до крајот на 12 век. Но интересно, додека Македонија и Македонците вака се водат, во исто време во вистинската Бугарија името – “Бугари” го снемува и - НИКАДЕ не се води цели 233 год?!
Се дури Калојан за да стане цар – не ја зема единствената слободна во тој момент, царска круна – “Бугарската”. Со тоа пaк го враќа Бугарското име на сцена иако ниту бил Бугарин, ниту некаде таква самосвест искажал. Бугарија во ова се води секако (Паристрион, Мизија, Скитија, Влахија..), само не Бугарија.

Круните и народноста

Но од каде почнува - фалсификувањето и злоупотребата на поимите?!.... Клучот е во средновековието.
Поимот - држава за Византијците беше непознат а се употребуваше поимот - “земја”. Државата е од понов датум- од XVI век, прво во Италија па Франција, Германија, Англија, Шпанија ...
Средновековните земји се творби во кои - поданството е од најразлична народност и во кои е најважен за владетелите класно - владетелскиот момент, а помалку народносниот.
Владетелите војувале за круните, при што најважно им било дали круната е - кнезовска, кралска или царска а помалку им било важно дали ќе се наречат со оваа или онаа народносна круна.

Фредерик I Барабароса на 4 март 1152 г. заради љубовта кон Римската царска круна се нарече – “ цар на Римјаните” и “Римјанин” иако беше Германец по род.

Отон III заради Римската царска круна се нарече – “Римјанин” и како што бележи М.Блох – “од се срце се чувствувал така”.
Германците му префрлале за погазувањето на родната земја, но тоа за него имало второстепен значај.
Наполеон I исто така се прогласи за – “Римски цар” , лично го круниса папата Пие VII од Рим, а на второто крунисување кога ја превземаше и круната на Ломбардија во Миланската катедрала на 2 декември 1804 г., го круниса и синчето за “Римско царче” ( Х.Џејмс – Историја света, Београд, 1932, 558 )
И др. титулирања се слични, грофот Матија Ј.Тхуин иако - Чех ,во 1845 г. заради круната од тогашното кралство - Бохемија, се нарече – “Бохемиец” иако ниту беше од таа народност, ниту пак таква постои.
Ана Комнин и кнегињата Ана, мајка на Дукљанскиот кнез Јован
Владимир се декларираа за – “родени Римјанки” ,иако тоа најмалку беа.

Kога и Самоил ги прошири границите на своето владетелство до размери на царство, побара царска круна. Од четирите официјално признати царски круни во тој момент, слободна единствено беше бугарската (по пропаста на Турано-Бугарската држава во 971 год.), зашто двете - Римски и едната Германска беа зафатени. Рим кој ги издаваше круните, Самоила го прогласи за цар и му се даде додатокот кој со признатата круна одеше – “цар Бугарски”, што најмалку значеше дека е тој од таа народност. Поистоветувањето на неговите поданици под тоа име од подоцнежните летописци исто така не значи дека се од таа народност. Тоа го раскрстила официјалната светска историографија одамна но не и - романтичарско - Бугарската.

Калојан и Асен 2 за љубов на царската круна се нарекоа – “Бугарски цареви” иако беа – Кумани (Власи). Ако Калојан бил етнички Бугарин немаше да чека цели 19 години по формирањето на оваа држава за да го земе ова име во 1204 год. Природно би било веднаш штом се ослободиле и создалеле држава да си го вратат наводното етничко име. Но тоа не го сторија ниту предходниците - Петар и Асен?!

Ако круната не беше просторна но етничка, Калојан, немаше воопшто да чека да проширува територии и земји па дури отпосле да бара благослов од Римската курија како и Самуил предходно, кога тој и онака владееше со вистинска - Бугарија. И исто како и Самоил предходно од 4 официјални само бугарската беше слободна и без носител.
Oдобрениетo од Рим, од папата Инокие III е за - бугарската круна, иако во писмото лично Калојан но и во сите извори земјата не ја нарекува – “Бугарија” но “Влахија” и “Влашка”. (Латински извори за Блгарската истроија т.3 , Софија - 1966, 310, 334).

Дека круната е врзана за територија а не за ентитет во тоа време ,говори и тоа што ако некој владетел, се ожени за владетелка, таа како мираз ја носи и монархијата со се поданици, (посебно вдовиците), т.е земјите и народите кои таа ги управува.
Бугарскиот историчар Бранислав Примов, за тематското име на тогашната – Мизија (денешна северна Бугарија) кога прво Асен и Петар а после и Калојан ја создаваат новата држава, ќе рече:
"Дури и тогаш и тоа не веднаш, Византиците и нивните писатели почнаа да ја нарекуваат со нејзиното име – “Бугарија” (Вулгарија)". Но Примов пак за именувањето на Македонија вели - "Додека во пропаста на Самоиловата држава, Македонија е наречена со името - Бугарија, дотогаш правата Бугарија го загуби тоа име". Од ова:

Заклучок – 1 Значи кога предходно Самоил ја зеде царската круна која беше слободна по пропасата на Турано-Бугарската држава во 971 год.,со земањето на називот – “цар на Бугарите”, значеше нешто друго а не негова народност.
Заклучок - 2 Дури и Наполеон I, многу подоцна кога кралските круни кои ги превземаше не му значеа многу дури не се здобие со царска круна па во Рим ја доби – Римската, се нарече – “Римски цар”, иако беше Французин по род.
Заклучок - 3 Цели 19 години од создавањето на Калојановата држава - никаде таа не е заведена како – “Бугарија”! Ниту Асен II, ниту Петар не ја нарекоа така, ниту така ќе се викаше да не ја превземеше Калојан круната која случајно го носеше тоа име. Ниту пак пред тоа се декларираа за “Бугари”, напротив се друго само не Бугари .
Заклучок – 4 Заради царскиот назив е и жилавата борба на Византииците, не само против Карло Велики и др., но особено со Бугарскиот кнез – Симеон. Иако војнички надмоќен со Византија, таа преговараше, ветуваше и правеше се само да се избегне - крунисувањето. Му ја призна и титулата –“Базелиус”, но не и звањето – “цар на Римјаните”. т.е. - Ромеите, кое љубоморно го чуваа за себе. Не за друго но оти со тоа одеа и териториите, патримонијата (татковината) на владетелот и народите кои биле под оваа круна.
Затоа и острото предупредување од Роман Лекамен во писмото до Симеон кој пак самоволно се нарекол – “цар на Бугарите и Ромеите“, каде му вели дека такво право имаат само тие оти го примиле од Бога заедно со царската круна. (и кај - В.Златарски во неговата - Историја,1,2, 831.).

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5030 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 26 септември 2017
Моментно посетители: 96

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Дијад - најгенијалниот инженер на Александар
--------------------------------
 Ерменецот роб – најуспешен војсководец на Јустиниј
--------------------------------
 Св. мччка Теодотија со трите деца
--------------------------------
 Минерал МАКЕДОНИТ
--------------------------------
 Македонките заслужни за победата на Аргеј I
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: