Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Бугарската пропаганда во Македонија
ЛАГИ ОД - “ЛАГА ВТОРА”
Сподели на Facebook

“Чистите македонски Славјани и Бугарите - Татари“.

Божо на почетокот од оваа писание трга со објаснување на теза што во Македонија се ширела за Бугари - “Татари”. Да биде поубедлив спомнува некакво подрипнување и на Македонци - пратеници, универзитетски професори, полицајци и др. по митинзите во Скопје кои подрипнувале викајќи – “Бугари-Татари” и “Бугарите во Африка”.(?!)

И сега не треба да се биде многу видовит да се увиде зошто Божо го зборува за Македонија она што никој не го зборува така како тој сега го врти. ТОЧНО Е дека за Бугарите велиме дека се – “ТАТАРИ” по потекло, НО ЗА БУГАРИТЕ ВО АФРИКА е уфрлување од Божо колку да ја направи тезата “поглупава” и смешна (за АЗИЈА – Да, но Африка?!)

А не е за смеење работата, оти за БУГАРИ - ТАТАРИ, не се измисли тезата во Македонија и од Македонците но таа е најстара и најексплоатирана теза меѓу целокупната Бугарска историска наука, независно од државните и системи и политички уредувања (за тоа понатака и на сајтов опширно).

Но интересно Божо продолжува со сеењето нова магла, сега за Македонци-Славјани, различни од оние во Мизија и Тракија а за што во Македонија се учело?! Колку што може да се следат глуповките на Божо сега Македонците не тврдат дека се од античките Македонци но од некои Словени различни од сите други!

Но тој е свесен дека и премногу историкси факти има за Бугарското пак потекло од Азија и Татарите па за да ги доближи македонскиот и бугарскиот денешен народ до некоја заедничка точка на потекло, почнува да се “чисти” од Татарските им јасни гени.

Затоа и не шета по Бугарската рана историја како кој дошол што затекнал, но за тие стари Бугари дојдени на Балканот вели :

“Бугарите / понекогаш во науката наречени прабугари, протобугари/ не се Славјани, не се и Татари. Tие се ВИСОКООРГАНИЗИРАН И ВИСОКОЦИВИЛИЗИРАН НАРОД ОД ЕВРОПСКАТА РАСА / инаку едвај ли ќе втасаа да организираат толкава силна држава во толку оспоруван реон во Европа“

Еве го Божо крај Ханот си, некоја година после неговото писание за Б`гарите како „европска„ раса

А историската вистина вели дека Прабугарите НИТУ БИЛЕ ВИСОКООРГАНИЗИРАН НАРОД УШТЕ ПОМАЛКУ ВИСОКОЦИВИЛИЗИРАН И НАЈМАЛКУ ОД “ЕВРОПСКАТА РАСА“!

Тоа може да е само пуста желба на Божо, особено што како ГЛАВЕН АРГУМЕНТ ЗА ТВРДЕЊЕТО му е ПРЕТПОСТАВКАТА што прабугарите инаку не ќе можеле да втасаат да организираат толкава силна држава во Европа, ако не биле такви?! КАКВИ?! – “ВИСОКО....” па пак “ВИСОКО.. “. КОЛКУ ВИСОКО не е битно, битно е да се ставаат пропагандни силни зборови (Високо?!)

Но и Хуните како номади и неорганизирани токму со стравот од нивното дивјаштво држеле далеку поголеми простори и се распаднале токму кога пробале да се цивилизираат, исто како нивните блиски роднини – прабугарите.

Само нецивилизиран Азијат како бугарскиот главатар може да пие вино од пехар направен од черепот на Византиската царева глава (царот Никифор Фока). Можеби и Александар со Македонците колел по Азија, но секогаш со кралевите се однесувал кралски, а со верниците и храмовите со почит. Што да се каже пак за “Б`лгарите кољат Христијаните” од “Европаската раса” кога доволно зборуваат сликите и фактите!



Колежот на Христијаните од „европската“ раса со азијатски одори

Но Божо ги “словенизира” прабугарите оти останале “малку на број” а среде Словени! КАКО И ЗАРАДИ ШТО останале така малку на број а биле нели “високоорганизиран и високоцивилизиран народ” кој држел не мал простор од Европа, Божо не ни соопштува.

Тука излегува основниот проблем на Бугарската исторографија, а тоа е единствениот случај во сета светска историографија ,имено само Блгарите имаат две етногенези за постанокот си, една Словенска и друга Турано–Хунска (дури Готски примеси додаваат?!).


Денес и учените од Татарстан се прашуваат Бугари ли се или Татари

ПРВАТА - Словенската ја поставуваат на сцена кога се во Руските интересни сфери а другата кога се под – Германските и др. Западно-Европски.

Најпрвин кога Русија ги создаде од никаде по Венелина и другите Руски Словенофони- Бугарофили и кога официјалната Руска политика настапи на Балканот,тогаш Бугарите се правеа – “Словени”! Толку што дури и старите - Турано-Бугари ги “пословенија”. Старите Аспарухови Бугари ги топеа до бескрај (слично како сега Божо, но од др. позиции).


Марин Дринов
За да ги снема тврдеа дека Туранците биле само – “грст царевка во вреќата - Словенско брашно”. Како што ќе рече Кипиловски – “се со цел да се ослободат од – Татаризмот”. Така додека Марин Дринов ги сведува на само 40 000- 50 000, другите историчари ги намалуваат и до 20 000 па и помалку. Настана трка кој повеќе да ги смали оти РУСИТЕ БЕА ВО ТРЕНД.

Но ова ја збунуваше целата Европска научна јавност. Математиката беше немилосрдна, едноставно тие пресметуваа - Ако во походот од 763 г. ханот Телец против Константин Копроним, повел 20 000 војници, другиот хан пак Телеринг во 773 г. во Берзитија 12 000 плус оние војски кои останале во Плиска но и по гарнизоните во внатрешноста и по границите, не сметајќи го народот - тогаш оваа бројка се зголемуваше за барем 5 - 6 пати.


- Европјаните мудро заклучуваа дека овие Туранци и не биле само - грст луѓе (грст царевка) но биле многу повеќе. За ова особено добро објаснува Бугаринот Ив. Дујчев во – “Обединението на на Славенскитер племиња в Мизија през 7 век” и во – “Иследванијата в чест на Марин Дринов”, Софија,1960, 418. Постојана забуна се правеше од ваквата Блгарска романтика ....


Бугарскиот весник Фокус ги прогласи најбугарките
(„њама што верно е - европејска раса се“)
ВТОРАТА – Турано-Хунската етногенеза. Кога Русија разумно подзапре пред незаситноста од Великобугарските апетити пред Сан - Стефано, тие почнаа да си ја форсираат - Резервната им етногенеза - дека се Турано-Хунско потекло, а дека со Словените и немале баш врска. Но тогаш се надеваа на Австро-Унгарците и Германците, видоа дека нивната политика во Сан-Стефано излезе посилна од Руската.

Но, тие повторуваа пак ту на едната ту со другата дури и во I и во II Светска војна (особено во оваа втората на големо се славеше Турано-Хунската теорија а се отфрлаше - Словенската). За време на комунизмот, пак истото- од Бугарите немаше поголеми “Словени”. Ама беа со Батјушка.

Сега Бугарите се во ЕУ и не е чудно што Божо ни соопштува дека прабугарите всушност биле “вискоорганизиран и вискоцивилизиран народ од Европската раса” кои се словенизирале (заради јазикот со доста руски термини и букви).

На двојноста и глупоста се чудат и самите бугарски историчари - едните на другите. Воин Божиков и Михаил Војнов во делата – “Историја или груб фалсификат”, Благоевград 1971, 21-22 но и други Д.Ангелов, М.Андреев и особено - Д.Крнџалов кој напиша посебно дело за - Хуно-манијата која ја зафатило Блгарија, во делото- “Хуни сме ние ,Блгарите?”,Софија,1947, 6,8-9,13,17,30-31,42-43).

- Божо и Бугарите се наблагодарни кон Русија која ги создаде од свои потреби – излез на топлите мориња, цел што си ја зацртаа уште по Петар Велики. И советниците на Катерина Велика, и го посочуваа правецот - Црно море – Босфор – Егеј, зашто “мајка Русија излегува секаде на мориња но сите се под мраз, та и трговијата стои”.

ГРОФОТ ИГНАТИЕВ - АРХИТЕКТ НА БУГАРСКАТА НАРОДНОСТ на свечена седница од
Грофот Игнатиев
Петроградското Славјанско друштво во 1903 год.,по Рефератот на г-ѓа Бахмачева (жена на Рускиот конзул во Софија) и прибирањето пари за настраданите - "Бугари" од Македонија, ИРОНИЧНО И СО ПОТСМЕВ на изговореното – “Бугари”, ќе изјави:

"Ви се обрнувам на Вас (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)

- Божо сфаќа дека што повеќе говори за потеклото на Бугарите, може да се најде во небрано како со ова од погоре, па преоѓа на расправа за Македонија ?!

- Ни посочува дело од проф. Иван Микулчиќ финансирано од Фондацијата “Сорос” и Министерството за образование и култура на Македонија насловено како “Средновековни градови и крепости во Македонија” (1997 год.).

- Ова се интересни мигови за следење на бугарската трагикомика. Штом им посочите историчар или историска личност од Македонија со факти кои ги рушат бугарските фалсификати,тие веднаш удираат за комунистичкото му педигре, но кога ним им одговара што кажал посочениот ќе скакаат со него, до небо.

- Иако Киро Глигоров е комунист број 1, кој живеел во Белград најголемиот дел од животот, но кажал она што на Божо му одговараше (за Словенството) па Божо во “Лагата прва” како шлаг на кремот, завршува токму со него!? Во друг миг ако истиот Глигоров кажал нешто што не им одговара на Бугарите, тие веднаш ќе ви крештат за неговиот “Србокомунизам”.

- Така и штом посочите факт од некој со завршок во презимето на – ИЌ, ќе се разврескаат дека е Србин, и штом е таков, така и пишал за “да ги зафркни Бугарите“(?!). И за Цемовиќ ќе се тешат дека цитираното не важи зашто овој е Србин, иако можеби знаат дека истиот се повикува на руски документи, но тие работи не сакаат да ги гледаат.

- Сега пред нас е Микулчиќ, историчар од времето на комунизмот и уште е во презимето на – иќ, но на Божо му е факт над фактите и лебди со негови пишувања но КОИ НЕ НИ ГИ ДАЛ ИЗВОРНО ТУКУ НИ ГИ ПРЕРАСКАЖУВА?!

- Затоа и на почетокот нагласува споредни работи, некои и ги изменил, но најголем акцент дава на ПРОПАГАНДНИ СЛИКИ кои му ги “црта” на читателот. Така на пример за книгата вели :

“Книгата – ГОЛЕМА, на УБАВА хартија со МНОГУ илустрации..”.


Божо со пропагандни слики става нагласок на делото одоколу а од внатре ќе ни прераскажува по свое!

- Инаку зошто книгата би ја правижел ГОЛЕМА, на УБАВА хартија и со МНОГУ илустрации!,
Сега за сето тоа ни лебди прашањето - КОЛКУ?! :
-КОЛКУ е ГОЛЕМА книгата – 1м., 2м.,.?!
-КОЛКУ е УБАВА – И КАКО СЕ МЕРИ УБАВИНАТА?!
-КОЛКУ ИЛУСТРАЦИИ – 100, 200, 1000,.. и најважното, штом ги спомнува веќе - ШТО Е НА ИЛУСТРАЦИИТЕ?!

Зашто ако имало нешто што го руши македонизмот, Божо ЌЕ НИ ГО ПРИКАЖАЛ за и ПРЕКУ СЛИКА да се “сладат и ситат на падот од македонизмот” а воздигот на бугарштината неговите но и идни поддржувачи кои така најлесно би ги свртел!?

- Како прво перо на бугарската пропаганда тој таква прилика не би пропуштил. НАВИСТИНА – ЗОШТО БОЖО НИ ГИ СКРИ “МНОГУТЕ ИЛУСТРАЦИИ“, а ни ги нагласува во завиткана форма како некаков факт?!

- Наместо да ни дава сликички со икони од манастири кои најлесно се рушат со други такви од времето на Србите, Грците или други завојувачи на Македонија, требало да ни даде нешто од единственото дело кое го посочил од Микулчиќ, неговиот – факт над фактите!?


- Настрана едностраноста во изборот од еден автор кој се зема како замена за целата македонска наука а сите други ги премолчува, Божо самиот си се удавил, нафрлајќи ни и друга ЛАГА!

- За книгата вели дека е печатена со пари на Министерството за образование и култура (?!) а ДУРИ ПОТОА и само ПОПАТНО ја спомнува фондацијата “Сорос”?!, аферим Божо!

Фондацијата финансира многу книги, но многу не им одговараат на Бугарите

- ВИСТИНАТА е дека оваа книга Е ФИНАНСИРАНА ОД “ФОНДАЦИЈАТА СОРОС”, a Министерството за образование и култура е само формална институција до која секој автор на дело мора да поднесе барање кога нешто печати.

- Се разбира тоа може да биде и поддржувач на некое од нив, но во случајов токму фондацијата “Сорос” е ГЛАВНИОТ ФИНАНСИЕР на оваа дело, но Божо само ПОПАТНО (како од немај каде) и со умисла така ја ставил Божо, но ставајќи нагласок на Министерството?!

- Ова е важно да се расчисти, зашто Божо од ова продолжил да си вади нови мигови за своите пропагандни тези.Тој продолжува со тоа во чија влада е тогашното Министерство за култура и која партија била на власт во Македонија.

- Го користи мигот за на ВМРО – ДПМНЕ му залепи етикета “бугарашко”, а за Бранко да стави како “чисто македонско правителство” (се разбира се во наводници!), со што како Македонци ни вметнува дополнителен расипан вирус на дележ Но тоа е нешто за што обработил и друга лага и кое ќе го разбиваме подоцна, сега само потсетуваме како работи бугарската пропаганда.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5398 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,2 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 18 април 2024
Моментно посетители: 24

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Граница на Христијанството
--------------------------------
 Св. ап. Тимотеј
--------------------------------
 Јасриб – е првичното име на Медина
--------------------------------
 Полумесечината симбол од Филип II Македонски
--------------------------------
 “Василици” македонски вршници
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: