Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Бугарската пропаганда во Македонија
Лаги за 10 Лажи македонизма
Сподели на Facebook

- Овa пропагандно бугарско книжуле излезе во Софија – 2000 год. Автор е Божидар Димитров Стојанов, кој навел :

“Книгата е издадена во содејство на ВМРО за воскреснувањето на вистината во Вардарска Македонија “

- ВМРО-БНД од Бугарија на Каракачанов и др. шпионски марионети на бугарската држава, заради оваа роља поседуваат богатства и имоти низ Бугарија, па и за вакви книжулиња со мисии за - “ истината “?!

Коментар за ПРЕДГОВОРОТ
- Првата реченица во Предговорот е за – “неминовната смрт на македонизмот” (?! )
- Секој историчар кој пишал книга се прашувал што ќе кажат луѓето по 100 години, мислата му е книгата да е читана и по 100 години. Божо се надева македонизмот како појава да исчезне не за 100 години, но многу порано (?!)
- “Уверливо” ни тврди дека ќе исчезнел оти бил измислица на Србите и великосрбската политика за “Бугарите” под Турција уште од крајот на XIX и почетокот на XX век ?!

- За остварливоста на желбата си, Божо објаснува од кај го црпи ова уверување - македонизмот немал ништо заедничко со историската наука но бил збир од чисти лаги?!

Божидар Димитров
Божо за С. Новаковиќ
- И веднаш тргнал, но со свои лаги – цитирајќи го наводно Новаковиќ но всушност ни го прераскажува, прикривајќи ја вистинската реченица.

- Новаковиќ заради неуспехот на српската пропаганда, бара помош од македонизмот за борба против бугарската пропаганда, па во реченицата вели дека “нема ништо поспротивставено на бугарската пропаганада во Македонија од македонизмот “. А токму тоа ни го прескака Божо.

Сега се јавуваат дилеми :
- Aко Македонците сe Б'лгари (и тоа од прво качество!), тогаш KAKO некаков македонизам да е толку СПРОТИВСТАВЕН на “извориштето – Б'лгарштината”?!

- Aко Македонците сe Б'лгари (и тоа од прво качество!) , тогаш KAKO некаков македонизам (како идеја на некој Новаковиќ !) за така кратко време, толку лесно ги зафати Македонците?!

- Aко Македонците сe Б'лгари (и тоа од прво качество!) ,тогаш KAKO некаков македонизам воопшто може некој да го прифати а при единствена “привилегија” – терор и смрт, (за разлика од парите, службите, школувањата, и др., што го дава српската, бугарската и грчката пропаганда)?!

- Aко Македонците сe Б'лгари (и тоа од прво качество!) , тогаш KAKO некаков македонизам (идеја на некој Новаковиќ!) од крајот на XIX век да трае и денес во XXI век, при постојан нејзин прогон, терор непризнавање и во толку различни државни уредувања, политики и делби, за разлика од “извориштето – Блгарштината”?!

- Aко Македонците сe Б'лгари (и тоа од прво качество!) , тогаш KAKO некаков македонизам да фати такви корени што не во Вардарска Македонија (Егејска или Албанија) но денес експлодира и во “извориштето – Б,лгарија” која е доведена во ситуација да се надмудрува со судот во Стразбур и да плаќа изгубени процеси ?

- Божо има и цел да прави лажна илузија на читателот дека македонизмот како измислица на Новаковиќ пред тоа никогаш и не постоел?!

- Со тоа си сите што пред Новаковиќ пишуваа за македонизмот, ги избегнува како никогаш да не постоеле?! Како мисли да се вади кога заведениот читател од неговите фалсификати, налета на бројни факти за македонизмот пред Новаковиќ, тој не му ја мисли!

- А пред Новаковиќ дури и Бугари аналитички и фактографски пишуваа за македонизмот (П.Драганов, П.Р.Славејков, ..), што авторот го прескака, и да не одиме до странците како Карл Хрон, Аргиријадис, Ватрослав Јагиќ, и др. бројни што Србинот Новаковиќ останува толку осамен , што не е вреден ниту да се спомне.

Што се друго рече Новаковиќ?
- Но кога сме кај Новаковиќ, тој на Бугарските пропагатори им е потребен само за размафтување, но бегаат од целосно осветлување на вистинскиот Новаковиќ, што се работел и рекол против македонизмот и Македонците.

- Дали е тоа истиот С. Новаковиќ- Српски амбасадор во С. Петербург тревожно што се распиша


Стојан Новаковиќ

заради Македонското литературно другарство. Советот на С.Петрсбуршкото словенско благотворно братство од Универзитетот на 01.11. 1902 год. на Македонците – студенти им призна право како посебна националност, користење простории за своја работа. МЛД упати и Меморандум до Руската влада и Универзитетот (со потписи од Мисирков, Чуповски, Дедов, Мишајков, Димов, и др.). Новаковиќ за овие активности на МЛД во Русија панично ја информира својата влада во Белград :

- “Македонскиот сепаратизам , според нивната теорија, би се стремел за полно политичко и културно организирање на Македонија, независно од културниот и политички центар во Софија и во Белград. Во случај Македонија да добие некакви автономни права, тие мислат дека со нив треба да оди и отцепување на црквата од Бугарската егзархија во Цариград, со организирање посебна црковна управа под заштита на Цариградската црква, онака како што беше во Србија и во Романија пред Берлинскиот договор, и издигнување на македонскиот дијалект во државна и литературна употреба со фонетскиот правопис за да се избегне употребата на бугарскиот јазик. Врз овие три основи : врз засебна црква, врз засебниот јазик и врз засебната автономна организација, под заштита на султанот и патријархот, би требало да се засновува, според нивната мисла , идната автономна организација на Македонија “ (Архив Србије)


Ватрослав Јагиќ
- Дали истиот Новаковиќ на најпознатиот тогашен славист Ватрослав Јагиќ на 11.01.1903 год. од СПетербург не му пиша против македонизмот споредувајќи го со црногорскиот засебен стремеж. За да го оттргне Јагиќа од истражувањата а со кои се увиде засебноста на македонскиот народ, му пиша :
“Македонците , на пример, не сакаат сега ни со Бугарите ни со Србите, туку ги има што размислуваат како ќе пишуваат македонски. Црногорците гледате како се напињаат да пишуваат црногорски и нас да не натераат да ги примиме идиотизмите во зборовите и промената на 4-тиот и 7-иот падеж...“(Јагиќев архив, Национална књижница, Загреб – Р.Хрватска)

- Дали е тоа- Новаковиќ кој на истиот В. Јагиќ , и кој пред тоа добива од Софија 50 парч.од книгата “За македонцките работи “на Мисирков, панично му пишува на 15.01.1904 год., сакајќи да и ја намали важноста. Познавајќи го интересот на Јагиќ за темата и опасноста од неговиот став по читањето а кој светот како врвен авторитет може да го прифати, вели :

“Завчера Ви испратив една книга печатена во Софија на македонски дијалект. Авторот е од руските школи ; беше овде пред кусо време, а тој е оној учителот што беше со загинатиот руски конзул Ростковски. И овде на Великата школа оддржа некое јавно предавање за своите идеи, не наоѓајќи особен одзив. Ви го испратив тоа како куриозум (ништо друго и не е), зашто кај мене имам уште еден егзамплар“.

За Кралството Југославија
- На Божо му треба илузијата на површноста, многу расчепкување по фактите ,не му одговара. Свесен дека не држи место тезата за македонизмот на Новаковиќ од крајот на XIX век, зашто еве веќе е XXI век а тој е и онаму каде мислеа дека е загушен (Бугарија, Грција , Албанија,...), Божо оди во нови левитирачки тези.

-Нов фактор за гушење на “Бугарите” во Вардарска Македонија е – Кралството Југославија кое меѓу 1912-1915 год. и 1918 – 1941 год. со терор “Бугарите” во Вардарска Македонија ги третирала како – “Срби”?!. За ова Божо вели:

“За несогласните се разбира куршум, затвор, нечовечки мачења “
- И навистина така правеле Србите, но Божо намерно го заборава она кое започна да ни го објаснува – македонизмот?! Што е со македонизмот во овој период?!

- Ако бугарштината била ништена, како пак преживеа македонизмот по кој сега Србите жестоко удараат ?! А не е мал период од 1912 – 1941 год. при постојан терор!

- Ако им одговарало на Србите да го”измислуваат” македонизмот кога Вардарска Македонија не била под нив, во ЈУ-кралството кога е под нив, тој никако не им одговара!

Димо Хаџи Димов

- Во овој период силен македонизам има за жал на Божо дури и во Бугарскиот парламент каде пратеници – Македонци емигранти, (но и прогресивни – Бугари) држат говори за македонскиот народ и неговите гушени права од страна на Бугарите (1917 – 1922 год. - говорите на Димо Х. Димов, Христо Трајков, Трајко Христов, Димитар Благоев, Христо Кабакчиев и др., - на сајтов цитирани изворно говорите).

- За ова Бугарските пропагандисти веднаш плеткаат со тоа дека овие пратеници биле – социјалисти заборавајќи дека и тие самите беа исто. И Божо и претседателот Прванов денес убедени Евро-демократи до вчера беа и комунисти и социјалисти и социјал-демократи .Да не говориме што половина Европа е со социјалистички влади (социјалисти) или Евро-Парламентот каде левичарите се можеби најсилната групација.

- Токму таму во Бугарија каде има македонска емиграција од сите краеви на Македонија и каде Србите ниту имаа интерес ниту пак најмалку нешто мошеа да пропагираат македонизам, кога Новаковиќ одамна не е актуелен, македонизмот зеде најсилен замав.

- Масовните егзекуции од Александров и Михајлов само ја потврдуваат жестината со која е судирот со македонизмот. Светскиот печат и учените дали да ги спомнуваме (в. Балканска федерација – Виена 150 светски водачи и учени анкетирани 1925-1929 год. Виена). Што е со тој македонизам, каде е Новаковиќ во тоа време, Божо ќути ?!


Божо за Србокомунистите
Свесен за празнината која му се појавува од 1912-1941 и при Ју-кралството со сеуште присутниот македонизам , Божо претрчува дури во 1943 год. кај Србокомунистите и нивните наемници кои тогаш -1 година пред заседанието на АСНОМ, измислиле се – јазик, писмо, нација и сето ова време не лажеле нас во Македонија?!

- По ова се префрла на денешното како вели – Демократско општество кое една по една лагите со кои Македонците биле лажени ќе се разобличеле но се разбира тоа не можело веднаш. Многу луѓе држеле убави позиции и лагодности од времето на Србокомунистите па тоа тешко одело.

- Истиов заклучок и ние можеме да го имаме но за Божо и неговото “Б`лгарско демократическо” а пред тоа комунистичко општество во кое Димитров Божо, Каракачанов, Прванов и др. добија убави позиции и лагодности а имаа задачи само да го следат македонизмот (доушници на бугарската државна безбедност со што и се гордеат)


Георги Прванов

- Имавме можност да се запознаеме и со нивните шифрирани шпионски имиња таму (Прванов како историчар – “Гоце”, со задача да пишува писма до македонски весници, Каракачанов исто така шпион, Божидар да открива историски истини, дури и царот Симеон еве испадна работел за Русите и.т.н.).

- Но Божо свесен дека не е лесно некој да се прелаже туку така од неговите наметливи писанија, трга сега по ненаметлив пат па нешто мудрува со демократијата и вели :

- “Во едно демократско општество националното самоопределување е збор на свето лично право. И авторот на оваа книга како убеден демократ, целта му е не да руши евентуална “македонска “ национална идентичност кај читатели од Вардарска и Егејска Македонија, но само да им ја раскаже историјата на земјите им и нивниот род “

- Аферим Божо, што би правеле ние ако ти “убедениот демократ“ и комунистички шпион, не си тука САМО да ни ја раскажеш НАШАТА историја а според ТВОЕ (сно)видение-објаснение. Но да ги видиме лагите ти ,лагите на бугаризмот!!!

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5172 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,42 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 44

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Потеклото на парадите – од Македонците
--------------------------------
 Децимирање – казна десеткување заради малодушност
--------------------------------
 Кралските круни потекнуваат од Македонија
--------------------------------
 Преп. Павле Ксиропотамски
--------------------------------
 ”Лустрација” на македонската античка војска
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: