Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7448
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Бугарската пропаганда во Македонија
Бугарската пропаганда за херои-Македонци
Сподели на Facebook
Бугарската пропаганда не можејќи да побие илјадници документи, мапи, дела и акти од поедини Македонци (но и странци), а во кои јасно е изразена македонската национална посебност низ различни периоди и управи, оди одоколу да го руши тоа.
Еден од тие методи е дисквалификација на историски личности од македонскиот народ кои особено придонеле во неговата национална засебност. Според силината на делата разбирливо највидните и централни личности се и најголем предмет на дисквалификација – Гоце Делчев, Крсте П. Мисирков, Јане Сандански, Никола Карев и др. 

Но што велат за Питу Гули и Никола Карев:


Никола Карев токму заради јасната македонска самосвест - цел на бугарските напади

За овие два централни лика на Илинденското востание и македонската национал-ослободителна борба, Бугарите немајќи ништо в раце одат обиколно. Имено, Карев во интервјуто за грчки “Акрополис” не само што отфрла било каква етничка самосвест за себе освен македонската, но се декларира и како Македонец – потомок на Александар и Филип Македонски. Заради ова бугарската пропаганда прави друго, бега од тоа да зборува конкретно за овие два директни актери на македонската борба но вплеткува нивни поедини роднини и потомци!?

Значи применуваат метод – вплеткување на ПОЛУВИСТИНАТА. Така главен аргумент за “нивната” (на Питу и Карев?!) “бугарштина” е преку нивни два блиски лика кои дури по близу половина век по Илинден (?!), за време бугарската окупација, се ставиле во служба на бугарската власт од различни причини. Тоа се Стерју Гули – син на Питу Гули и Ѓорѓи Карев- брат на Никола Карев, вработени како полицајци во Крушево.

Бугарската власт кога доаѓа во Македонија за да ги придобие масите најпрви ги понудува со работа старите Илинденски кадри и нивни потомци, глумејќи почит кон Илинден. Незначителен број прифаќаат меѓу другото заведени и заради дотогашните српски тортури и терор. Едноставно, едниот (Србите) тероризирал а другиот (Бугарите) пропагандно сега глуми почит и дава егзистенција (?!)

При ова, се бега од согледување на човековата индивидуалност т.е дека секој човек е свет за себе па не мора да значи дека таткото и синот како и браќата исто ќе мислат а при целосно различни собитија и времиња (Питу Гули и Никола Карев живееле во турски феудализам а Стерју Гули и Ѓорѓи Карев во бугарски фашизам и претходен српски монархо-капитализам!).


Питу Гули - речиси целото машко поколение од семејството Гули гине во борбите против бугарските окупатори

При крах на Илинден, Балкански војни, I Св.војна, српски јарем и II Св.војна - собитија во кои само се страда, не е ни чудно кај некои индивидуи (па и да се блиски на Илинденци) да дојде до пад на моралот, вољата или вербата во конечна своја македонска државност. Впрочем тоа и денес го гледаме кога поединци земаат бугарски пасош и тоа само од егзистенционални причини (меѓу кои има внуци и деца на борци против Бугарите од II Св. војна) а камо ли да се и под постојан терор како тогаш.

Но многу интересно е оти Бугарите се ограничуваат само на овие два лика од овие две славни крушевски семејства. Тие само ги нафрлаат, НО БЕГААТ од подлабоко расчепкување зашто ќе излезе и друга ВИСТИНА – дека речиси цели, ТОКМУ ОВИЕ ДВЕ СЕМЕЈСТВА ЌЕ ПАДНАТ ВО БОРБИТЕ СО БУГАРСКИОТ ОКУПАТОР. Семејството на Питу Гули страда тешко - неговите внуци, браќа и други синови – речиси се што е машко ја постила Македонија со своите тела гинејќи во битките токму ПРОТИВ БУГАРСКИОТ ОКУПАТОР а слично и Кареви даваат жртви за слобода од бугарскиот јарем, но тоа бугарските пропагандисти разбирливо го преќутуваат.

Ним подобро им лежи – СЕЛЕКТИВНОСТА и ПОЛУВИСТИНИТЕ, во нив најдобро пливаат и ловат “чесни” македонски души за потоа да ги насочат против ткивото од кое настанале, да гледаат сеир и го чекаат својот миг.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5392 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 22 август 2017
Моментно посетители: 27

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Најкрволочното куче од антиката и Македонците
--------------------------------
 Македонците ги носат слоновите во Европа
--------------------------------
 Софија, подигната и обновена од цар Македонец
--------------------------------
 Кралските круни потекнуваат од Македонија
--------------------------------
 Дахија највисок јаничарски чин
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: