Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > САД и Македонија
За претопувањето и одродувањето
Сподели на Facebook

Христов, го исмева контењето на некои Македонци во докажувањето кој е поголем “Американец”, иако се на најмизерната скала таму.

- Особено миговите кога ја забораваат својата македонска култура, традиции и обичаи а невешто, несмасно и смешно на себе натураат – Американски навики. Таквите имаат и назив – “спортови“. За нив вели:
“Можев да ги познаат “спортовите“ на прв поглед. Тие сите се носеа “сталиш “, зборуваа англиски меѓу себеси и мрмореа американски песни. Тие носеа американски весници, здиплени така што да можат да застанат во џебот. Беше јасно дека ова го правеа за ефект, бидејќи некои од нив, тоа многу арно ми беше познато, не знаеја да читаат ни на нашински, а не па англиски.
Сепак јас бев заинтригиран од начинот на живеењето на “спортовите“. Да ги посматраш значеше да бидеш омаен. Повеќето од нив ги познавав како овчари и орачи или како обични селски младичи. Сега тие изгледаа и се однесуваа како никогаш да не виделе село. Тие се креваа наголемо, и дури си ги мениле имињата.
Васил станал “Бил “, Димитар -“ Џеимс”, Сотир - “Сам “, Коста - “Гус“.

- И навиките ги мениле, секое движење, гест, смеење, пушење, облека, дури и играње билијард треба да ги докажат како “Американци”. Еден таков лик интересно е опишан. Митко - од истото село на авторот тргнал 4-5 год. пред него. Кога влегувал во кафанчето од Паскал, едвај можел да го препознае:
“Aко тој навистина беше Митко, си мислев јас, тогаш тоа е најчудната преобразба што Америка ја извршила со еден од моите земјаци. Се блескаше и сјаеше околу овој човек. Неговиот од беше толку горд, толку арогантен. Додека чекореше кон една слободна маса, тој гледаше наоколу со презрение и не поздрави никого, но ни него никој не го поздрави...
Колку повеќе го гледав, се помалку прилегаше на Митка. Го паметам Митка како слаб, грд младич, со вретенести нозе и жилест врат. Лете тој се главуваше како селски свињар; зиме водеше едно магаре товарено со дрва. Човеков изгледаше сега како никогаш да не видел прасе или магаре и воопшто како да не фатил никаква работа во животот...
Исто така си припомнав Митковата мајка како што ја видов во селото неколку дена пред да тргнам за Америка.Таа одеше на лозје со мотика на едното рамо и со торба преку другото. Беше калеша, мала жена, нејзините испукани петици тупкаа по земјата, таа се влечеше, додека крајот од нејзината груба дома ткаена пола се мавташе околу лепешкосаните глуждови. Таа ли беше мајката на овој човек што седи тука како некој принц од самовилска приказна ?“

- Трагикомедичноста на овој лик, Христов ја засилува со мигот кога авторот му приоѓа да се поздрави, обраќаќи му се:
“Штом те видов знаев дека си Митко, реков, осмевнувајќи се и му ја подадов раката.
– Навистина многу си се изменил.
Но веднаш се расколебав. Мојата подадена рака остана неприфатена. Митко ја триеше пурата меѓу прстите а потоа ја гибна со показалецот за да ја истресе пепелта што уште беше насобрана. Јас си ја повлеков одбиената рака и ја ставив в џеб.
- Неговото име е Вилием сега, - објасни Паскал. – И тој не зборува МАКЕДОНСКИ . – Паскал ме тргна за рака. – Седни де седни. Земи си кока-кола на моја сметка“.

- Митко и сличните, авторот ги дообјаснува низ натамошниот разговор со Паскал-газдата на локалот. Искусниот Паскал знае како да оддаде внимание на ова самозалажување од Митко, почит макар и лажна :

“ Кога стана да си оди тој се ракува со Паскала, но мене ме одмина. Потоа гордо излезе.
- Тој тука никому не прозбори ни збор, - му реков на Пасакла.
- Тој не познава никого овдека, Американец е.
- Каков Американец? Ти знаеш дека е Митко.
- Тој БЕШЕ Митко. Сега е Вилием.
- Да не се срамува од себеси? То ест од некогашниот Митко?
- Тој никогаш не мисли на Митко. Никогаш не бил Митко. Секогаш бил Вилием. Никогаш не ги познавал овие луѓе. Американец е и секогаш бил Вилием.
- Има ли добра служба како Американците? “Бос” ли е?
- Не знам што работи ни каде живее. Тој доаѓа овде два-три пати во годината. Коста и Аргир го виделе еднаш на 6-та улица и “Оливер Стрит” облечен во работнички комбинезон како носи кофа и прибор за миење прозорци. Тие го поздравиле, но тој им рекол: “Молчете, проклети вошкосани Дегоси!“...
- Се чудам, па зошто доаѓа тука?
- Којзнае? Можеби е осамен некогаш, му недостига некој.
- Кој? Митко?
Паскал се насмеа“.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4497 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 18 април 2024
Моментно посетители: 22

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Нова обука на аскерот за Македонија
--------------------------------
 Како макот ги преживеал Македонците
--------------------------------
 Вселенските црковни собири
--------------------------------
 Овошја во Македонија со потекло од Арапите
--------------------------------
 Прва монашка република на Балканот
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: