Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7609
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Русија и пропагандите во Македонија
А. В. Амфитеатров и Македонија
Сподели на Facebook

Александар Валентинович Амфитеатров роден во Калуга 1862 год., умира во емигранство - Левант Италија 1938 год.


Александар Валентинович Амфитеатров и посетите на Македонија од 1894 до 1909 година

Тој е големо литерарно и интелектуално име на Европа. Но во родната Русија заради противењето на комунистичка власт неговите дела се забранувани, па денес можат да се најдат само во некои поголеми библиотеки на Русија.

- Уважен и признат на западот зашто нема поле од општествените дејности а да не оставил свој пишан белег. Со диплома од Правниот факултет на Московскиот Универзитет, тој не стапнува во судската сала, па перото му станува негова единствена смисла и оружје за живот.

- Романописец со десетина значајни романи, но и со сатири за кои и страда. Во 1902 год. е прогонет во Сибир за романот “Господа Обманови”, каде го исмејува руското царско семејство и трулоста на режимот. Амфитеатров е и политички, театарски, музички и балетски критичар; публицист-летописец на своето време и земјите каде крстосува со анлитичност која ги предвидува настаните пред да се случат.

- Бројните дела, различни по содржина и форма ја потврдуваат широчината на универзалната наобразба и моќ на запазување. Ителектуалната самостојност му е на прво место, не трпи недемократски режими низ кои Русија минува, еднакво е напаѓан од руските царисти но и комунисти.

- нема место каде не се задржал или познато име со кое не другарува, близок со А.М.Горки, А.П.Чехов. И.Н. Бунин а кога по 1920 год. засекогаш емигрира од Русија и со бројни западни интелектуалци од тоа време. Во 1911 год. ќе се обиде да ги собере сите дотогашни дела во издание од 37 тома и ќе објави 34, а од непознати причини не се објавени 21, 32 и 34 том.

- Од балканските интелектуалци и културни дејци покрај другите особено е близок со Хрватот скулптор Иван Мештрович, истовремено пак се знае и со балканските кралеви и кнезови. Од интервјуирата со нив ги објавува: “Со крал Александар“ (српскиот), “Со кнезот Фердинанд Бугарски“, “Црногорскиот орел “ (кнезот Никола).

- Објавува и интервју со Борис Сарафов, всушност монолог зашто како и на кнезовите, Амфитеатров остава самите да се искажат и од тоа влечи свој заклучок. За Сарафов ќе рече “Овој човек ако треба ќе убие и око нема да му трепни“, а за неговото дело и братија судот дека “овој човек потпишува смртни пресуди и заповеди над грст убијци и уценувачи“.


Црногорскиот кнез Никола и српскиот крал Александар со посебен пропаганден интерес за македонските територии и ресурси
- Од интервјуата, Амфитеатров доаѓа до вистината за македонскиот народ. Поставувајќи им го на сите “македонското прашање”, ја согледува вистинската борба за грабање на македонските души, територии и ресурси. Кнезовите и кралевите му се митат како Русин, да ги одоброволи рускиот режим и мнение за каузите им.

- Во повикувањата на “историските права”, дури и црногорскиот кнез Никола ќе му ја изложи “црногорската теорија за вистинското потекло” на македонскиот народ. И повикувајќи се на неа оти “наишла на најширок прием” среде Македонците, ќе бара Русија токму на Црна Гора да и ја додели Македонија(?!).

- Кнезот Никола лукаво ќе рече дека со тоа ќе престанела српско-бугарската расправа и жртви. Дека оваа теорија во тоа време е присутна во Русија и Балканот, Амфитеатров ни потврдува со тоа дека ја ширел и рускиот амбасадор на Цетиње Јован Роганович. Сите овие “вистини”, му ја откриваат вистинската причина и вистина за што тука се работи.

- Амфитеатров на Балканот доаѓа четири пати и објавува повеќе дела врзани за истите.

• Првото доаѓање му е 1894 год. а последното во 1909 год.

• За македонската историја му е најзначајно делото “Земја на раздорот” со поднаслов “Балкански впечатоци” објавено 1903 год. Тоа се прилози од патувањето во февруари 1901 год. објавувани истата година низ рускиот печат.

• Втората книга “Од моите скитања“ излегува исто така во 1903 год. и доживува две изданија (второто во 1907 год.)


Бугарскиот кнез фердинанд обработен во текст на Амфитеатров
• Третото патување му е истовремено со неговиот интерес и кампања за ерменското прашање во 1906/1907 год., кога и ги прави интервјуата со балканските кнезови и кралеви како и со Сарафов објавени во : “Со крал Александар“ (српскиот), “Со кнезот Фердинанд Бугарски“, “Црногорскиот орел “ (кнезот Никола) и во “Македонија” (објавена во 1912 год).

• Од четвртото патување во 1909 год. ја објавува “Словенска тага” во 1913 год. За Македонија во ова дело особено му е интересен текстот “ Македонија и младотурците “ со анализа на младотурската револуција. Во оваа 1913 год. се поместени и материјали од книгата “Ехо” во заеднички наслов “Балканска бура”.Во четири прилози иако нема конкретно за Македонија, сепак се потврдува неговата длабока анлитичност, визионерски пристап кога е пред настаните зашто ги предвидува предстојните војни.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4463 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 13 ноември 2018
Моментно посетители: 53

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Ала уд Дин Мухамед Калдји, втор Александар
--------------------------------
 Поимот лептерно (лефтерно – лесно)
--------------------------------
 Сигнализацијата со оган од антиката
--------------------------------
 Светло и поплочување на градови, дело на Македонци
--------------------------------
 Св. Андреј Јуродив
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: