Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Русија и пропагандите во Македонија
БУГАРСКИ ЛИЦЕМЕРНИ ФАЛСИФИКАТИ за Лешок
Сподели на Facebook

Ритих по својот опис за Лешок продолжува со опис за Лешочкиот манастир:

„Северно од селото, на угорнината, се наоѓа Лешочкиот манастир Св. Атанасиј. Овој манастир бил основан од Скопскиот митрополит Никанор во 1 600 г., како што сведочат манстирските ракописи. Но, освен ракописите, во дворот кај чешмата има српски натпис што е многу тешко да се разбере, зашто Бугарите пред неколку години многу го изгребале, особено онаму каде што се датумите и буквите. Во секој случај дури и бугарскиот иследувач К`нчев укажува дека пред манастирот на Никанор, на ова место постоел манастир изграден од великиот Душан и сегашниов изгребан српски натпис тој го приведува како доказ за тој факт“.

ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА СВЕСТ од Лешок од втората половина на XIX век

Кога сме кај Бугарските фалсификати и пропаганди, на ова место треба да се прикаже и една сторија која Ритих ни ја пренесува веќе на следната страница. Имено опишувајќи го подоцнежниот пречек од целото братство, тој ќе каже:

“Сите монаси, седум на број, беа селани,од нив повеќето тукашни. Еден од нив, монахот Мортириј, бил кај нас во Русија, живеел во Одеса и во други јужни градови, научил да говори руски, но од друга страна кај нас добил туберкулоза и дошол во манастирот да го одживее својот век. Овој монах се покажа поразвиен и поинтелигентен од другите и поради тоа не сакајќи ние и сите Срби се нафрливме врз него со прашања за трагичната смрт на предходниот игумен, отец Езекил. Смртта на овој игумен фрла наголемо срамна дамка врз месните водачи на Бугарите и нивните повисоки раководители од македонскиот комитет. Работата се одвивала вака:


Лешочкиот манастир Св. Атанасиј центар на македонската национална борба против бугарските и спрските пропаганди уште од крајот на XIX век


На чело на манастирот мошне долго време се наоѓал отец ЕЗИКИЛ, тукашен човек, во висок степен чесен и набожен, кој стоел настрана од агитацијата, како српска така и бугарска. ТОЈ СЕ СМЕТАЛ ЗА ЧИСТОКРВЕН МАКЕДОНЕЦ И НЕ СЕ ПРИЗНАВАЛ НИ КАКО БУГАРИН НИ КАКО СРБИН. ЦЕЛОТО НЕГОВО СЕМЕЈСТВО БИЛО ПОЛНО СО ТАКВИ, КАКО И ТОЈ, СЕЛАНИ, КОИ НА СВОЕТО НАЦИОНАЛНО ПОТЕКЛО ГЛЕДАЛЕ СО ОЧИТЕ НА СВОЈОТ ИГУМЕН.

Во средината на 90 – тите години (од XIX век - з.н) бугарско - српската агитација го достигнала својот врв, па Бугарите решиле да ги употребат сите усилби и сите средства за побугарување на Тетовската кааза. Првата цел, се разбира, бил Лешочкиот манастир, и тука дошле бугарските агитатори за да го убедат отец Езекил да се признае себеси и верниците за “Бугари”.

Ни совети, ни поголеми парични понуди, ни застрашувања не помогнале. Отец Езекил останувал неумолив, се откажал од какви и да е преговори и гласно ги разобличувал агитаторите. Откако го потрошиле сето свое красноречие, агитаторите се оддалечиле со клетви и му порачале на еден од своите членови да сврши со Езекил. Последниов наскоро потоа бил ѕверски убиен, а БУГАРИТЕ ЗА ДА ГО ОТСТРАНАТ ОД СЕБЕ СОМНЕНИЕТО, го погребале со свечености и му поставиле великолепен гроб, со соодветен бугарски натпис. По неговата смрт, за старешина на манастирот бил поставен бугарофилот отец Еротеј, кој и избрал кон себе соодветна братија. Оваа верзија јас ја слушнав од мошне многу Турци, Руси и Срби во Тетово и Скопје. Сите раскази малку се разликуваат еден од друг, а овој што го раскажав е составен според кажувањата на Турчинот Халил - ефенди, (драгоман) на кајмакамот“.

Заклучок 1 - Прејасна е националната свест на македонскиот народ во Тетовско, на крајот од XIX век, толку јасна што и во Скопје за неа се говори меѓу конзулите, но и противниците (Турците, Србите и др., освен директните виновници – Бугарите).

Заклучок 2 - Пресилна е националната свест на македонскиот народ, толку силна што никакво красноречие од бугарските агитатори, никакви пари, понуди или застрашувања не им помогнале во намерата за побугарување на македонскиот народ.

Заклучок 3 - Пречиста е националната свест на македонскиот народ, толку чиста што отец


Пророкот Езекил чие световно име го носеше игуменот на Лешочкиот манастир кој загина на крајот од XIX век, бранејќи ја својата македонска народност

Езекил одбил било какви преговори по македонското националното прашање. При потполно беспомошна позиција, на национално, духовно и др. ропство, за него по ова прашање не се преговара. Каков светол пример за непримерните македонски политичари кога денес при своја македонска држава лесно преговораат по најсуштествените прашања за македонскиот народ.

Заклучок 4 - Прехрабро е држењето на македонскиот народ и водачите во крајот на XIX век. Отец Езекил иако знае што го чека по одбивањата на понудите но и застрашувањата од Бугарите, зашто бил преопасен за да го остават во живот, а народот е со него, отецот упорно останал во одбрана на својата македонска народност.

Заклучок 5 - Прежесток е отпорот на македонскиот народ во тие и такви услови. Отец Езекил не само што не прифаќа преговори но на бугарските пропаганди одговара со нивно разобличување пред народот.

Заклучок 6 - Превозвишен е чинот на саможртва од отец Езекил, во опстојот на неговиот македонски народ, така чест низ македонската голгота. Саможртвите на Македонките со фрлања од карпи во одбрана на честа и верата (во македонскиот фолклор има оро од ова – “Момин скок”), со саможртвате на Македонецот се неизбришив печат на непомирливоста со туѓите посегања. И не само низ битките од турскиот период но и подоцна кога во борбите со бугарскиот окупатор легнувајќи врз откочените бомби паѓаа македонските синови Стив Наумов, Борка Талески, Никола Петров и мн. други.

Заклучок 7 - Иако можеби изгледа дека игуменот не успеал во својот став и национална свест, зашто Бугарите не само што го убиле но му поставиле и надгробен бугарски епитаф, сепак неговата жртва го дала возвишениот резултат. Бесмртноста на македонското национално чувство денес, со сопствена држава е изградена од илјадници вакви саможртви - македонски отци и синови.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4987 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 18 април 2024
Моментно посетители: 18

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Држава, етимолошко поимање
--------------------------------
 Децимирање – казна десеткување заради малодушност
--------------------------------
 Македонија ограбена ризница на културно наследство
--------------------------------
 Федерација-од Јустинијановите “федерати” (Варвари)
--------------------------------
 Сигнализацијата со оган од антиката
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: