Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8827
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Русија и пропагандите во Македонија
Ритих за српско - бугарските пропаганди во Тетово
Сподели на Facebook

Според податоците на српските и бугарските свештеници, во Тетово христијани има значително повеќе: ги бројат и едните и другите до 1000 куќи или околу 5 000 души. Од овој број како Срби се сметаат од 150 до 200 куќи, а Бугари 800”.


Многу Македонци од Тетовско и Западна Македонија не можејќи да ја издржат тешката положба со терор од албанско - османлиските зулумќари биле принудини да се исламизираат заради животен опстанок
Ритих ги дава поделбите – религиски и пропагандни. Кај првата интересно е што и од онаа бројка муслимани, значителен дел се од македонска народност, преминат во ислам. Но и кај Албанците (што следува во описот на Ритих) има значителен македонски народ кој се албанизирал. Неиздржливата и сурова положба на македонскиот народ довела во одреден помал процент, заради спас на голиот живот и воопшто опстанокот или се исламизира или се потурчува или се албанизира или се посрбува или побугарува, (на југ и погрчува). Се што може да даде барем и најмала позаштитена положба. Дури и зад позицијата – “Србин” или “Бугарин”, во Македонија во тоа време веќе има значителна мрежа на амбасадорско - конзуларно - трговски представништва, со се државите им настрана црквите, но зад македонската народност никој на светот не стои освен самиот македонски народ.

Иако приклучувањето кон некоја од пропагандите не значеше и целосна заштита но барем даваше некаква надеж настрана што српско - бугарските пропаганди нудеа и привилегии од материјално - чиновничка природа. Но и по се тоа македонскиот народ опстана до денес со своето име и посебност. За да се сфати подобро неговата позиција во тоа време, особено поделбите со исламизација, потурчување, албанизирање, посрбување и бугаризација, продолжуваме со описите на Ритих, имено тој вели:

“Во границите на Тетово, што ги опишав, живеат повеќе од 30 000 души. Од овој број Арнаутите и Турците составуваат повеќе од половината од целото население. Турците и Албанците во повеќето случаи доволно добро говорат српски. Мошне многу Албанци, без сомнение, се само исламизирани, т.е. словени и христијани по потекло, што ја смениле својата вера под притисок...Српските куќи во селата што се водат кон Тетовскиот округ се сметаат 1 127, броејќи ги тука и градските Срби, а во Гостивар и неговиот реон – 970. Христијаните што се сметаат за Бугари се сосредоточени главно во градот Тетово. Во околината нивниот број е незначителен.
Независно од горниве елементи во Тетовската кааза живеат 3 000 Цигани...“



Во немилосрдната борба помеѓу разните пропаганди страдаа некогаш единствените цркви на македонскиот народ
За поделбите на црковно пропагандна основа во Тетово, Ритих ќе запише дека е извршена во 90 –тите години, по пожарот на поранешната заедничка црква. По ова бугарската пропаганда гради една, а српската друга црква, со што вршат делба на ист народ и од иста православна вера. Иако Ритих не спомнува како дошло до пожар на единствената и заедничка црква, знаејќи на што се се спремни Бугарите и Србите во разгорот на пропагандната војна за Македонија и Македонците, не е тешко да се дојде до виновникот. Треба само да се тргне од мотивот и целта.

Ритих присуствува и во т.н.р “Српска црква” со “Срби” на литургија и во т.н.р “Бугарска црква” со “Бугари”, при што дава негови впечатоци и од двата чина. Ритих кажува дека луѓето се израдувале на присуството од Руси, но опишува и сцена на средба меѓу нив со нивните свештеници но и учителите на двете пропаганди. Пратителот на Ритих г. Сватковски ја искористил приликата за да ги смири. Бидејќи е ова е интересен момент особено за да се сфатат и другите прилики, го пренесуваме описот од Ритих. За ова тој вели:

“Земајќи им ги рацете и соединувајќи им ги, тој им зборуваше слатки работи, ги молеше да се помират и да ја прекинат меѓусебната расправија. Свештениците слушаа, се потсмевнуваа, велеа дека тие се готови да одат рака под рака, но на лицето на бугарскиот митрополит беше видно дека сеедно, од тоа нема ништо да стане, дека прашањата на политиката и национализмот него далеку повеќе го интересираат отколку прашањата на верата. Последното тој не го разбра без сите други атрибути и поради тоа, се разбира, за помирување не може да стане збор.

Тешко ни беше сето тоа да го дознаеме и поради тоа натамошниот разговор совршено одеше. Во тоа време дојде да не посети кајмакамот на кого, според се, воопшто не му се допадна преземањето улога на смирувачи. Треба да им се признае на српската и на бугарската интелигенција дека тие се држеа пред нас крајно внимателно, знаејќи прекрасно дека за тоа турското началство нема да ги погали. И навистина, по нашето заминување, сите нив ги повикале на одговорност и со притисок и со казни ги натерале да се каат за својата љубезност спрема руските гости.

Нашата разделба со колонијата беше вонредно трогателна надежи на подобра иднина неволно се затоплија во нивните срца, но дали ќе имаат доволно сили долго да чекаат и да се надеваат – не знам“.


Ритих дава и опис на една побогата просрпска фамилија – Богаевиќи како и околностите на оваа непланирана посета и што се предизвикува истата. Куќата им оставила впечаток

На ѕидовите од поимотните македонски фамилии можело да се виде и по некоја слика од руските цареви и царици со нескриена надеж за очекуван спас од таму
(слика од Катерина II Велика)
особено што по ѕидовите имало слики од Руски цареви и царици, но и по среденоста. Богаевиќи веднаш почнале со описот на ужасите што Албанците им ги приредуваат на мирното население. Особено со грабањето деца и изнудата на откуп за истите, со попатни осакатувања на ува и сл. од децата. Но само што разговорот веќе се подопуштил, влегол Турчин со име Халил Зеки, задолжен од месниот кајмакам токму за нивно пречекување, кој настојувачки ги извлекува Ритих и придружбата. Едноставно Турците не смееле да си дозволат овие Руси да се впуштат во контакти со населението и само мал пропуст допринел тие да не се сретнат со Зеки а да се сретнат со Богаевиќи. За ова сцена какоТурчинот доаѓа и како се однесуваРитих ќе каже:

“Гледајќи го овој јунец, можеше слободно да се каже дека тој, тука е домаќин толку безобѕирно се расположи и покровителски ги потчукуваше домаќините по глава и по половина.

Домаќинте - Срби некако се наежавија, се стуткаа и со жална искривена насмевка ја изразуваа својата угнетена положба и потчинетост.

Наредбите на Халил-паша брзо се извршуваа и поради тоа, веќе по неколку минути влезе помладата ќерка на домаќинката, или како што ја викаа сите “мајки” (мајка) и со поклон, според древно - рускиот обичај замоли да ја примиме гоштевката. За оваа церемонија таа требало да облече нова облека и да стави цел систем ѓердани и други украси. Посебно не вчудоневиде обичајот да се ставаат неколку ѓердани од златни монети, дваесет франци и сто франци. На девојката - невеста се наоѓаше цело имање се покажа дека е тоа стар обичај, при што победните носат меџидии и монети, пари од помала вредност“.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5550 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 34

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Обуката на македонската фаланга
--------------------------------
 Македонците и ножот
--------------------------------
 Првиот Млековод на Балканот во Македонија
--------------------------------
 Дезертерство (не)познаница за Македонците
--------------------------------
 Најстариот пајтон во Македонија – 150 години
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: