Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Русија и пропагандите во Македонија
Ритих за Скопје
Сподели на Facebook

За Скопје Ритих дава убав опис, во дел од него ќе забележи:

“Станицата во Скопје е една од поубавите на турските железнички линии. Италијанецот Турату изградил овде добро бифе, појава мошне ретка во Турција. На другите станици бифеата до толкав степен се лоши што не може да добијат дури ни наша третокласна оценка. Впрочем и третокласни бифеа има малку. Повеќето станици сосем ги немаат и патниците треба да гладуваат, доколку не им доаѓаат на помош разнесувачите – маркиранти и трговци – со бостан и овошје. Безличната маса купува се со големо задоволство, но второкласната публика одбивно разгледува и тешко се решава да купи нешто. Најдобро од се се продаваат чанчиња студена вода, крајно неопходна летно време“.


Потоа Ритих пишува за хотелите во Скопје и вели дека ги копирале австриските хотели по уредувањето за кое вели е во ”Европски стил“ па и послугата покрај српски говорела и германски.

“...Во центаралниот дел преку реката се протегнати два моста: едниот траен, стар, каменен, а другиот дрвен, одвај не паднал.
Меѓу тие два моста лежи огромен остров покриен со доволно густи растенија. Над таа ада никој од администрацијата, а исто така и приватните лица не ризикува право на сопственост, па поради тоа таа служи како засолниште на секакви скитници и лица што бараат каде било да засолнат глава. Еден таков бездомник си изградил овде куќарка, ја потпрел врз дрво и почнал да се користи среде граѓаните како маг и чудотворец, а главно – гатач што може да ја открива иднината и да претскажува необични настани од тековниот општествен живот. Неговата седа брада, расчешлани коси, безумни очи и раскината облека во партали во секое време од денот и ноќта овде примамуваат да се најдат љубопитни и фанатици, алчни и жедни да слушнат од старецот нешто “необично”.

Но покрај оваа слика, Ритих дава и друга онаа кеволочната, полна со насилие и анархија. За ова тој пишува:

“Убиството во Скопје е толку обична појава што за него и не е обичај да се говори. Без тоа нормалниот живот во Ускуб не тече. Цинизмот и распуштеноста на толпата доведуваат до тоа што убиваат луѓе пред очите на конзулите или почесто пред нивните домови  и ним им преостанува само да протестираат или да се ужснуваат, но при постојаниот режим протестите ретко доведуваат до целта, во повеќето случаи преостанува само да ги навикнат своите нерви и да гледаат на тоа како на неизбежно зло.
Во Скопје за секојдневните убиства малку говорат: жителите ги интересираат колежи или масовни тепачки или на крајот, отворен бунт, кој периодично се повторува преку извесен интервал на време не надминувајќи една година“.

Ритих на интересен начин пишува за историскиот развој на Скопје но и особено за разгорените српско - бугарски пропаганди среде Македонците. Имено тој вели:

“Од 1389 г. па се до ова време Скопје се наоѓа под турско владеење, а од 1889 г. се јавува како јаболко на раздор и главен центар на српско-бугарската пропаганда“.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4239 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

сабота, 27 април 2024
Моментно посетители: 36

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Вампирите кај Македонците уште во XII век
--------------------------------
 Партизанската војна и антиката
--------------------------------
 ”Алшар”– единствено наоѓалиште во светот на…
--------------------------------
 Дисциплината кај војската на Македонците
--------------------------------
 Македонците и чамците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: