Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7448
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Русија и пропагандите во Македонија
“Низ Македонија, во летото 1901 г.” – П.А Ритих
Сподели на Facebook

“Во јуни месец 1901 г. ние (јас патував низ Македонија во друштво со В. П.Сватковски) тргнавме од Белград за Ниш и натаму кон турската граница.

Турските царински службеници беа малу, само еден, другите беа дузина работници што без внимание ракуваа со багажот, така што тој кај нив врвеше ѓаволски. Во предметите на Европејците тие главно бараат книги, кои кај нас ги имаше не мало количество и сето тоа беше испревртено како на пазарско тезге. Работниците триумфираа, мислејќи дека од она што го конфискувале, господ знае какви револуционерни прокламации има“. Понатака стигнувајќи во Македонија меѓу другото при средбата со намесникот за Македонија Хамди-паша, ќе забележи:

Ритих – за Хамди-паша


“Неговото лице беше чисто словенско, малку тркалезно, со сини очи и руса коса, така што тоа посебно паѓаше в очи како полн контраст од неговата свита. Германскиот став и пруската градба на градите не наведоа на мислата дека е тој Прус, инструктор на турската армија. Таа предпоставка се покажа неточна, а неговото словенско потекло се потврди. Потем, во Ускуб (Скопје), ние со него се запознавме и тој ни се фалеше со својата словенска крв. Неговата мајка и баба биле чистокрвни Србинки. Оваа појава е повеќе отколку редовна во Европска Турција и сосем имаат право оние писатели што говорат: “Grattez le turque et vous trouverer le slave“.
Таквата ситуација на работите, сосем веројатно, ќе им користи на Македонците во подалечна иднина, но во ова време, кога народностите не се признаваат, а државата и масите се сметаат само по религијата, Словените се јавуваат само како страдалнички елемент и тоа во уште поголем степен од Словените-муслимани, отколку од чистокрвните Турци.”

За Хамди-паша , Ритих, ќе говори и подоцна во 4 глава (Враќањето во Ускуб. Патување во с. Побожје). За него уште ќе рече:

“Овој генерал, за кого јас веќе говорев погоре, живееше со нас во хотел. Не знам колку му беше пријатно да се запознае со нас, но тој беше вонредно љубезен и се кочопереше со галантноста на своите манири и со играта на зборот. Првото го научил во Европа, служејќи како воен агент-претставник при дворовите на второстепените држави, а со второто ги издресирале во Константинопол, во подготвителната школа, а исто така во воената академија.“

Но она што Ритих го пренесува исто така е ставот на Хамди-паша (а очигледно и на Турската држава) во однос на Македонија и Македонците во политичките разговори што ги воделе. Тој ја нападнал политиката на Бугарите и Србите што ја водат со инфилтрирање во Македонија и среде Македонците. Имено Ритих го пренесува ставот на Хамди-паша, кој за ова рекол:

“Можете да мислите дека во Македонија Турци сосем нема, дека тука има исклучително Бугари, Срби, Грци и Власи. Секоја од овие националности ја дели Македонија како што ќе и текне, ја зема за себе целата територија, а за своите стопани дури и не мислат, божем тука Турци и не постојат.
Ние – продолжи пашата – молчиме и божем отстапуваме, но ќе дојде момент и ние ќе позборуваме поин
аку, молчејќи ќе ја минеме истовремено и српската и бугарската и босанската граница и ќе завладееме над сите бивши територии. Зашто сето тоа што се случува овде нас не вознемирува до длабина на душата. Ние ја разбираме Русија, која пролеваше своја крв и со право на посилниот одзеде наша територија. Но зошто сме должни да им дадеме наша територија на тие Бугари, Срби и Австријци, ние не разбираме и никогаш нема да разбереме“.

Овде всушност се огледа и немоќноста на Турската држава, која самата се најде во таква позиција. Најпрво сакајќи да ги троши сите заинтересирани страни за Македонија, на меѓусебни битки, но со постојаното гледање низ прсти си донесе целосен хаос и непочит од никого. Но и вистинските намери на овие народи – гола борба за територии и маси народ.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3451 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 22 август 2017
Моментно посетители: 60

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Граница на Христијанството
--------------------------------
 Најкрволочното куче од антиката и Македонците
--------------------------------
 ”Алшар”– единствено наоѓалиште во светот на…
--------------------------------
 Архелај I, најголемиот Македонски крал–реформатор
--------------------------------
 Св. ап. Тимотеј
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: