Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Русија и пропагандите во Македонија
Алексанадар Федорович Ритих
Сподели на Facebook

Алексанадaр Федорович Ритих познат руски научник – славист, татко на П.А. Ритих и двајцата промотори и почитувачи на посебноста на македонскиот народ.

Ритих - постариот уште од крајот на XIX век и почетокот на XX век, ја пренесува својата студиозност и непристрасност каква барала вистинската наука и на својот син. Особено остро ги отфрла тогашните пропаганди и машања во историјата и правото на Македонците. А.Ф.Ритих во 1887 г. заедно со М.Ф. Маркович ја издаваат “Етнографската карта на словенските народности”, a самиот е автор на “Словенски свет” (1885 г.) и “Славјанските наречја од XX век во Југозападна Европа“ (1901 г.) во која подвлекува дека Македонците треба да се третираат како засебен словенски народ.

Tој испраќа и едно интересно писмо до Димитрија Чупоски, кое е објавено во весникот – “Македонски глас” во С. Петербург во последниот – 11 број од 20 ноември 1914 г., под наслов – “Моето мислење за Македонците”. Изразувајќи на почетокот сочувство за ситуацијата во Македонија но и солидарност во напорите за конечна посебност на оваа “храбра земја”, Ритих го запознава Чупоски со своите активности на промоција за правата на македонскиот народ. Така го известува за предавањето кое го одржал уште на 03.12.1901 год. во Офицерското друштво на Армија и флотата и издавањето на трудот “Словенските наречја на XX век во Југозападна Европа”, со прилог карта. Меѓу Словенските земји и племиња, Ритих Македонија ја означил како засебна географска целина, а Македонците – “како за самостојно племе што има свој јазик”. По ова Ритих му ја опишува историјата на македонскиот народ за кого смета дека како Словенско племе први дошле на Балканот а дури подоцна Србите и Бугарите. Населувајќи ја Македонија, која уште се нарекувала – Склавинија (Берзитија) и која со границите го потсетувала на Русија, авторот...

- за македонскиот јазик вели дека “...останал првобитен и не станал ни српски ни турско-бугарски ”. Што ќе рече засебен македонски, но интересно е што бугарскиот го врзува со турскиот (турско-бугарски?!). Уште поинтересно е она што следи, кога:

- за македонската етничка посебност, вели дека: “За време на цар Симеон Бугарски, оваа Склавинија (Берзитија) била навистина од него покорена , но ваквата зависност траела кратко време, а тоа не значи дека Македонија станала Бугарија. Во македонското население нема ни капка монголска крв, каква кај Словените од Мизија, во сегашна Бугарија, има повеќе одошто е потребно. Ова се потврдува од името на народот и делумно од неговиот тип, кој потсеќава на нашите историски Половци, Печенези, Јазиги, Авари и нивните сродници Бугарите..“. Ритих пак за конкретната ситуација со соседките а:

- за македонското распарчување, вели дека: “..И без тоа владеењето на делови од Македонија – од страна на Грците, Србите и Бугарите – е мошне чудовишно и бара исправка, т.е одземање на овие земји со нивното несреќно население од недостојните раце на лицемерните Бугари, од непријателите на словенството – Грците и неразумните во своето владеење – Срби..“. Значајно е и што на крајот Ритих ке побара таа неприродна и неправедна состојба да се измени:

- за македонска државност, вели дека: “Македонија според нашите разбирања, треба да биде целосна, неразделна, автономна, претставувајќи од себе суверено кнежество, кое не треба да влегува во составот на која и да е држава, а особено не во составот на Бугарија, над која управуваат такви личности како што се Германецот Фердинанд и Радославов, кој се откажа од словенството. А. Ф. Ритих “ (ова писмо го има целосно во делот за весн. “Македонски глас” – С. Петербург)

Заклучок 1 - Александар Федорович Ритих е признат руски научник – славист за разлика од другите независен, неполитичен и строго експертски во истражувањата.

Заклучок 2 - Уште при крајот на XIX век и почетокот на XX век, јасно го диференцира македонскиот народ од останатите Словенски народи како засебен, со низа обележја кои го дефинираат како таков.

Заклучок 3 - Еден од тие белези е македонскиот јазик за кого вели дека “...останал првобитен и не станал ни српски ни турско-бугарски”. Ова значи засебен македонски. Но бугарскиот го врзува со турскиот, зошто ли само?!

Заклучок 4 – Врзано за предходното, интересно е и што за Бугарите вели дека се со монголска крв и се слични на руските Печенези, Јазиги, Авари, Половци и Бугари, но истовремено за Македонците вели дека немаат ниту капка монголска крв и ги диференцира дополнително од бугарско - српските пропагандни небулози.

Заклучок 5 – Во однос на историските контактите со Бугарите, Македонците биле толку краткотрајни што ниту можеле ниту пак предизвикале некакви етнички промени во Македонија.

Заклучок 6 - А. Ф . Ритих бара државност за Македонија и надминување на моментната распарченост меѓу лицемерните сосетки, Бугарија, Србија и Грција, чие владеење на делови од Македонија го оценува како недостојно.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4391 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 19

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонскиот крал-бебе на бојното поле
--------------------------------
 Крај на влијанието од Рим врз Цариград
--------------------------------
 Св. ап. Матиј
--------------------------------
 Воената секира и Македонците
--------------------------------
 Воениот плен кај Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: