Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Русија и пропагандите во Македонија
Н. Овсјаниј
Сподели на Facebook

Книгата на Н.Овсјаниј - “Србија и Срби”, издадена 1889 год., иако е вака насловена, има врска и со Македонија.

Овстатиј е редовен член на Императорското руско географско друштво и инаку активен генерал на руската армија. Всушност, книгата е дополнение на воено-статистички преглед на Србија, од воениот научен комитет на Главниот штаб на руската армија издаден во 1883 г., кој не бил наменет за пошироката јавност. Авторот се служи со огромна литература, а книгата има географски, историски, статистички, етнографски, литературен, и др. осврти.

Иако пишува за Србија, тој се осврнува и на др. “Словени” од Балканот, кои ги поврзува со Русите па употребува термин за заедништво меѓу – Македонците, Србите, Бугарите, Русите, Црногорците, Херцеговците, Босанците .. , т.е. терминот – “едноплеменици”.

Првиот впечаток е дека и Овсјаниј е од групата учени “србофили”, но тоа е моментно и произлегува од она што е главна тема – Србите. За разлика од др. “србофили” учени, Овсјаниј е повнимателен и не е категоричен, но задржува понеутрална позиција. Тој дава податоци ту за едната, ту за др. позиција со цитирање трети незаинтересирани за спорот автори.

За Македонците ќе каже дека се “Словени, мошне блиски кон нив (Србите – н.з) по јазик и обичаи”, што ова негово дефинирање го прави недвосмислено само во неговата двосмисленост. По ова авторот го објаснува интересот на Србите за Македонија: ...”Сето тоа, се разбира, се прави така што во ПОГОДНИ ПОЛИТИЧКИ СИТУАЦИИ, да ги постават своите права на тие земји... и да се доберат до Егејско Море“. Значи “правата” на Србите не се темелат на истородноста, туку на политичко-економските потреби и желби на Србите! A истородноста ја “докажува” со тоа што Србите и Македонците говореле сличен јазик и што славеле Српски народни јунаци во еповите и.т.н. Но и самиот несвесно во пишувањата колку и да сака да ја скрие, избрише или претопи македонската народност преку термините – Срби, Бугари, Словени (Македонски Словени) и сл. сепак на места ја става до др. народност со што само ја потврдува. Така на пр. кога зборува со што претендираат Србите врз Македонија како прв податок го изнесува – ...“дека поголемиот нејзин дел му припаѓа на словенското племе кое говори на јазик толку близок до српскиот што Србинот и Македонецот лесно се разбираат меѓусебно”. Овде се јасно поставени Србинот и Македонецот како две народносни категории. Уште повеќе кога говори за странски автори го дава и Бугаринот П. Драганов како тврди дека во Македонија постојат три словенски наречја ”бугарско, србско и сопствено македонско”. Токму него му го спротивставува на Верковиќ, но и долгогодишниот конзул во Македонија – Јастребов.

Авторот дава и опширни описи на градовите и др. населби од ова време – 1897/8 год., при што на пр. наведува дека во тоа време Дебар имал – 19 000 жители, Скопје – 26 000, Штип – 15 000, Куманово – 7 000, Калканделе (Тетово) – 12 000, Гостивар – 3 500, Кичево – 2 500, Костур – 10 000, Битола – 56 000 (Монастир – средиште на Битолскиот вилает), Ресен – 5 500, Охрид – 16 000, Струга – 7 000, Воден – 14 000, Ениџе Вардар – 9 000, Прилеп – 13 000, Солун – 150 000 (средиште на Солунскиот вилает).


Куманово

Кога зборува за “Бугари” во Македонија, тој наговестувајќи дека такво нешто нема во национална смисла, а она што го има го објаснува со тоа дека во ..”сегашно време сите Македонски Словени што го признаваат егзархот се нарекуваат Бугари” (а не се – н.з). Значи не станува збор за национална категорија Бугари но за социјално - црковна категорија “Бугари”, т.е оние кои подпаднале под Бугарската егзархиска црква. Ова е исто што и до 1860 год. сите кои биле од исламска вероисповед се нарекувале – Турци, иако имало Албанци, Македонци муслимани, Помаци, Босанци и др. што ќе рече не биле и навистина – Турци! Кај Христијаните сите се воделе како - Грци. Се разбира ова правило треба да важи и кога Македонците ги прави Срби на основ тоа што биле под Србската држава (?!), што е исто така социјално-државна категорија но не и национална, зашто многу народи биле под таа (и под други) држави па не значи дека се од народноста на управителите.


Овсјаниј за „Бугарите“ на Верковиќ кај Призрен
Освјаниј го негира и С.И Верковиќ кога зборува за некакви Бугари кај Шар Планина дури и во самиот Призрен. За Верковиќ, Овсјаниј ќе го изнесе фактот дека веќе бил разнишан како сериозен автор, со зборовите :..”Впрочем, довербата кон трудовите на С.Верковиќ значително се разниша откога ја издаде “Веда Словена”, која представува фалсификат”.

Овјаниј ги дава и тогашните др. западни верски пропаганди во Макдонија. Така како два главни пункта за католицизмот во Македонија ги посочува Призрен и Солун . За отварање унијатски селски училишта ги наведува окрузите Аврат - Хисарскио, Карадагски и Гевгелиски, се на се околу 60 унијатски населби со 3 786 домови, 6 701 жители, 45 свештеници, 24 цркви и 38 училишта.
Во Битола пак биле сместени Француките лазаристи (од 1850 г.),но нивната пропаганда немала некој успех иако имале и семинарија во Солун и училиште во Дојран. Во Битола имало и протестански мисионери со училиште и интернат, но и тие немале успех во мисијата.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4379 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 86

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул
--------------------------------
 Свешт. мч. Игнатиј Богоносец
--------------------------------
 Преп. Филотеј
--------------------------------
 Македонците и мечот
--------------------------------
 Св. мч. Александар
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: