Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Русија и пропагандите во Македонија
М. Ладиженски
Сподели на Facebook

Ладиженски е штабски капетан на Генералштабот на руската армија неговиот осврт на Македонија е еден од најстарите – 1828 год. со посвета адресирана до гроф Иван Иванович Дибич, генерал и Началник на Главниот штаб на армијата на императорското величие.

Целта е да се дадат податоци за Европска Турција, пред се од воен аспект што се гледа и од насловот “Поглед врз Европска Турција” со преглед и на “околината на Константинопол, во топографски и воен однос, со краток опис на поважните одлуки на Отоманската империја”.
Ладиженски консултирал и ”најнови, доста верни состави од странски писатели” и бидејќи првото познато патување на некој Русин е дури во 1844 год. на В. Григорович, излегува дека податоците се црпат посредно и од не-Руски извори, кои не ги наведува.

Во 12 од 13 Глави, Ладиженски го опишува државното уредување на Турција, културата, обичаите и сл. Иако информациите се посредни, сепак тоа се исцрпни описи и разграничувања на провинциите, санџаците, народите. Јасно се опишани границите на Србија, Албанија, Бугарија, Тесалија и што за нас е особено значајно (а очигледно и странците од кои црпел податоци) е што јасно и точно се опишани етнографските граници на Македонија, разграничени од предходните (тогаш) провинции. На Ладиженски, веројатно му е позната книгата на др. Бишинг  “Османската држава во Европа и Република Рагуза” (Дубровник), која во руски превод излезе 1770 год. во издание на ИАН во С.Петербург, во која и овој автор ги дава точните енографски граници на Македонија со опширен нејзин опис.

Но она што е уште позначајно е што Ладиженски уште во таа 1828 год, јасно разграничува и народност – “Македоњани” и тоа како име за македонскиот народ, од древнина па до тоа време. Со еден збор кај Ладиженски Македонците се потомци на античките Македонци и овој термин Македоњани е токму затоа таков. Имено по целосниот опис на границите и поважните текови, планини и сл. топографија, тој преоѓа на описот на Македонците, па вели...

“Македоњаните што живеат во земјата, чија положба е планинска и налегната кон исток, според мислењето на Ипокрит мн. поволна за развој на човечките способности, земајќи просветлување од Грците, - брзо избиле со посебен блесок на политичка сцена. Посилни бројно, со природни способности, со телесни квалитети и знаења добиени со образование – тие вчас ја поробиле Грција и за не мн. години го рашириле своето владеење се до границите на Хиндустан. Нивната борба со Рим, кој ги употребил против нив сите свои сили во тоа време, кога Картагеина била веќе покорена – била долговерна и блескава. Но обессилени и изродени слично на др. племиња на Грција, тие без секаков отпор се подложиле на Османлиите, иако длабината на нивните долини, мн. реки и височините на планините, што се простираат по сета земја, за нив представувале вистинска погодност за заштита.

Не гледајќи на малаксаноста во која се мачат сите противници, што се под турска управа (која знае да ги пустоши своите поданици), - само Македонија праќа во странство, и тоа долги 20 год., за повеќе од 16 милиони турски пијастри, памук, тутун, жито , волна и свила”.

При описот на Тесалија, во се ќе ја споредува со Македонија а за Тесалците ќе рече: “Тесалците покорени од Филип, царот Македонски, речиси секогаш ја делеле судбината на Македоњаните”. Значи Тесалците не ги врзува за Грција и Грците но за Македонија и Македонците, особено што и кај Турците, територијално Тесалија е по Солунската област како нејзин трет санџак, што ќе рече врзана е целовремено за Македонија а никогаш за Грција.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4168 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 45

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Хелените најголеми противници на Македонците
--------------------------------
 Византија паѓа заради долгови
--------------------------------
 Раката на „Св. Георгиј Победоносец“– во Македонија
--------------------------------
 Што е ансамбл?
--------------------------------
 Први жртви на II Светска војна - Македонците
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: