Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8893
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Русија и пропагандите во Македонија
Николај Степанович Державин
Сподели на Facebook

Еден од застапниците на бугарската теза за Македонија е Рускиот и Советски филолог-славист, академик Николај Степанович Державин.

Научната работа ја почнува пред Октомвриската револуција а особено е активен како научник во коминистичка Советска Русија се до смртта 1953 год., кога зад себе остава преку 500 трудови, главно од областа на Бугарската историја и литература кон кои е осбено приврзан. Затоа и не чуди, што меѓу др. научни признанија е член и на Бугарската академија на науките (БАН); зашто, меѓу др.. тој е автор и на првата “Историја на Бугарија“ (томно издание – 1945-48),во СССР, потем студии за Христо Ботев и Иван вазов, Паисие Хилендарски и Софроние Врачански, итн, итн.

Во 1914 г., како приват - доцент на Санктпетерсбуршкиот Универзитет, ја објавува книгата “Бугарско - српските заемни односи и македонското прашање“. Книгата се појавува по балканските војни со кои, ќе напише Державин... Бугарија, навредена во своите најубави чувства и разбиена во своите мечтаења, за нас стана уште поблиска, уште подрага..“ (Н.С.Державин – Болгарско-сербскија взаимоотношенија и македонскји вопрос, С.Петербург ,1914 г., стр. 7). Со овој увод, авторот веќе ни навестува на какви становишта ќе ја темели книгата. Илустрации и документации со кои настојува да им се спротивстави на сите автори кои не се на неговото пробугарско становиште и пробирливо ги зема авторите пак кои се неговото становиште. Но интересно е што дури и тој е свесен за посебноста на македонскиот народ и од бугарските и од српските претензии па зарди тоа и противреченостите е бркањето термини.

Така тој ќе го повика “...херојскиот српски народ да најде доволно морална сила, која нему му е својствена и живее во неа, доброволно да го признае тоа што дамна и едногласно е признаено од историјата, науката и националното сознание на самиот македонски народ, кој секогаш во Бугарите гледал свои блиски браќа по јазик и по крв.. “ (Н.С.Державин – цит. дело, стр. 132). Со отворените и кревки пробугарски тези, тој ќе предизвика мн. критики, особено на сознанијата кои сите ги вади од втора рака, но и на методот при кој иако сака во се др. да биде документирано доследен, испушта познати руски трудови кои обработуваат фактички и од лице место податоци поинакви од пробугарските. А такви има мн., еден од најголемите критичари е И. Јастребов, екс Руски конзул од Македонија и кој како таков од барем се обидува од ПРВА РАКА да ги вади сознанијата спротивни од овие на Державин. Но и тој е недоследен затоа што ја застапува др. пропаганда – Србската, па Македонците ги прави Срби!

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4380 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

вторник, 07 мај 2024
Моментно посетители: 38

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонците и воената економија на силите
--------------------------------
 Моштите на Св.Марина
--------------------------------
 Јасриб – е првичното име на Медина
--------------------------------
 Дисциплината кај војската на Македонците
--------------------------------
 Св. мчка Тесалоникија со Авкт и Таврион
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: