Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7491
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Русија и пропагандите во Македонија
Павел Николаевич Миљуков
Сподели на Facebook

Историчар, публицист и политичар со пет децениско творештво во и надвор од Русија. Како професор, приват-доцент на Московскиот Универзитет заради политиканство е одстранет и бега во странство од каде држи катедри во Чикаго и Софија.


Павел Миљуков

Во 1907 год. се враќа во Русија, формира “Кадетска партија“ и е главен уредник на нејзиното гласило “Реч”, станува активен политичар во време на револуцијата 1905 – 07 год., Првата светска војна и Октомвриската револуција. Тој е повеќе политичар од научник за ова време, со што ќе ја обремени неговата научност со политички ставови и сл. полтиканства. Во 1917 год. е Министер за надворешни работи на времената влада на Русија а потоа и Премиер на Владата.И во двете својства упорно е за војната и нејзиното продолжување. Од Русија трајно емигрира во 1920 год., прво во Лондон а потоа во Париз. И таму е полтички активен со антируски (Советски) текстови, но пред смртта ретерира во ставовите па ги признава и фали достигањата на Советска Русија.
Од делата покрај “Распаѓање на словенството”, “Спомени”, “Осврти на руската култура “има и мн. др., но што се однесува за Македонија и Македонците, тоа се воглавно пробугарски ставови и пишувања. Тоа е така и заради тоа што работи како предавач на Високата школа во Софија а со тоа и прима плата од Бугарите.Интересно е дека како Бугарски платеник Миљуков ќе биде оптужен и од Рускиот амбасадор во Црна Гора (Цетиње) Јован Роганович, кој е особено жесток кон Миљуковите тврдења за македонците како бугари (Ј.Роганович – Македонски вопрос на почве его истории, етнографии и политики , Казан, 1900 г.)

Во Македонија Маљуков доаѓа 2 пати – 1898 г. првиот пат по кој во 1899 г. во спис. “Весник на Европа” го објавува прилогот – “Од патувањето по Македонија.Европската дипломатија и македонското прашање”. Но значајно е што во истата 1899 г. во Зборникот на месечникот “Руско богатство”, ќе печати уште еден прилог на тема – “Српско-бугарските односи и македонското прашање”, во кој исцрпно ги излага бугарско-српските претензии и пропаганди врз Македонија но ќе ја одбележи и појавата на “ македонскиот сепаратизам”, т.е будењето на македонската интелигенција, која...(цитат)..”сега не брза да зазема угодни чиновнички места во Бугарија, како што го правеле тоа постарите претставници. Напротив, одвај завршувајќи школи, таа од Бугарија ита да се врати во татковината и да застане во првите редови на борците за народното ослободување. Кај таа интелигенција се создава и зацврстува, исто така, и месниот политички идеал, се уште нејасен, донекаде наивен во извесни делови, но без сомнение кој постои и кој почнува да покажува свое влијание врз настроението на масите ..“(П.Миљуков - Сборник журнала , стр. 290).

Во летото 1900 г. Миљуков пак е во Македонија но не остава никакви записи. Тогаш е член на експедицијат на Кондаков кој и самиот прифаќа дел од ставовите на Миљуков особено што Миљуков е веќе сметан во Русија како некој кој добро го познавал прашањето.Всушност тој ја игра негативната улога за македонскиот народ, пренесувајќи им и на др. особено низ Русија свои ставови но сега како комисиски што давааат дополнителна тежина на лажната слика за Македонија.Ако Григорович ја откри прв Македонија како бугарска земја, Миљуков ќе е првиот потврдувач на оваа теза.Тој го печати и руското издание на Етнографската карта на Македонија од Н. К`нчов ( 900), во која е представа дека во Македонија живеат Бугари.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3948 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

сабота, 21 октомври 2017
Моментно посетители: 45

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Преп. Петар Атонски
--------------------------------
 ”Алшар”– единствено наоѓалиште во светот на…
--------------------------------
 Што е ансамбл?
--------------------------------
 Македонците и базите
--------------------------------
 Прва монашка република на Балканот
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: