Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8827
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Русија и пропагандите во Македонија
Дволичниот Руски однос кон македонскиот народ
Сподели на Facebook

Кон македонскиот народ, Русија ќе има дволична политика:

- од една страна - ќе дава морална и советодавна помош во неговиот стремеж за слобода, не преземајќи ништо конкретно.

- од друга страна – потајно ќе ја држи ситуацијата во неизвесност, сметајќи како на парче со кое може да поткусури територијална аспирација на соседите кон Македонија (пред се Бугарија и Србија), а за сметка на одредена добивка за себе.

Русија ќе “кука” за злата судбина на православните “Словени” од Македонија, но и ќе почне спорови чија е таа, какво е ”Словенството” на Македонските “Словени” – бугарско или српско(?!) ; па ќе си ја земе улогата на АРБИТЕР, при што никогаш дефинитивно не одредувајќи се на една страна, а избегнувајќи да ја каже вистината за неговата посебност, која и онака ја знаеше.
Но таа вистина не и одговара, со неа ако придобиеше некого тоа ќе беше само поробениот македонски народ, сите други не само што ќе ги изгубеше но ќе ги сврти против себе. Големите сили и Турција заради тоа директно мешење на Русија можеби и воено ќе одговореа, но и малите мршојадци од страна – Грција, Бугарија, Србија ќе ги свртеше против себе.

Со неодреденоста, Русија стануваше центар околу кој сите со се македонскиот народ, мораа да се вртат и чекаат и најмала нејзина добра воља. Таа си овозможи комотна улога на одлучувачки фактор кому мораат да коленичат и Србите и Бугарите и Грците но и Турците, ако сакаат да добијат (задржат) од парчето кое пред нос им се мафта. Во почетокот Русија е повеќе кон Бугарија и тоа го прави на посреден начин, поставен во Сан Стефано, а кој потоа од Софија добива се повеќе “научни аргументи” со кои се полни руската мисла.

Меѓу аргументите е и директната руска интервенција за права на бугарскиот егзархат и над Македонија. Егзархатот е најжестокото средство за побугарување на македонскиот народ, но и главна моторна сила на школското дело низ кое требаше да отпочне неговата генерациска етничка преобразба . И ова не е ново, го има секаде - кај Исламот, токму исламизираните нови Турци, биле предходно Македонци, Срби, Бугари, Грци или др., но станале “Турци”, токму со верска индоктринација. Но тоа е поекстремна форма меѓу две спротивни вери, а кај истоверци уште побезбројни се начините на претопување.Токму затоа Србите, Бугарите и Грците тргнаа жестоко на македонскиот народ, и самите гледајќи ја вистината за неговата посебност. Но Русија и нејзината добра воља, им требаше, исто онака како што и тие нејзе и требаа. Всушност ,си имаа сите свои математики а за сметка на – Македонија, толку убава и стратешки поставена што никогаш не престанале да се смират и “ грижат “ за неа, дури и денес.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4402 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,4 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 71

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Времената мерка - “Овнов рог”, или половина век
--------------------------------
 “Дромон” е најпознатиот византиски воен брод
--------------------------------
 Браќа по камшик – “флагеланти
--------------------------------
 Светло и поплочување на градови, дело на Македонци
--------------------------------
 Описи за набивање на колец
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: