Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8867
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Русија и пропагандите во Македонија
Македонија во научни дела
Сподели на Facebook

Др. Бишинг, 1770 г. дело - “Османската држава во Европа и Република Рагуза” (Дубровник), кое е во склоп на Бишинговата светска географија, во 1770 г. излезена во превод и на руски во С. Петербург во издание на Императорската Академија на науките.

- Даден е опис на провинциите од Османското царство,во кој се гледа дека и во турската административна поделба Македонија се третира самостојно, по истата етнографска граница. Но што пишува Др. Бишинг?

Прво – ги набројува “ сосема потчинетите на Турција во Европа земји,
- (1) Илири кои и припаѓаат на Турција” (во ки ги вклучувадел од Кралството Кроатско,  дел од Далмација, Кралството Босна, Кралството Србија),
- (2) Бугарија (“ ..Словенски јазик на кој говорат тие, се разликува донекаде од српскиот дијалект само со изговорот. Тие исповедуваат во еден дел грчка, а во еден муслиманска вера...”стр. 76) ; На стр. 102 – 105 пишува : “ 4) “АРНАУТ “. Со ова општо име Турција ја означува Македонија и Албанија, над кои е поставен паша. По завојувањето на овие земји во 1447 г. од Мурат II, речиси сите жители биле принудени да го примат муслиманскиот закон. Во 1465 г. Мухамед II сосема завладеал со целата земја. Арнаутите се сметаат за храбри и бестрашни воини и речиси сите касапи во Турција доаѓаат од нив.

А. МАКЕДОНИЈА. Граници таа има на север со реката Несе или Нест, (Места – н.з) на исток Архипелагот, на југ Тесалија и Епир, на запад Албанија. Има неправилна форма, но наспроти тоа вонредна местоположба. Воздухот е чист, свеж и здрав. Во поголемиот дел земјата е плодородна и изобилува, особено во приморските места со жито, лозје, масло и се она што е нужно за човекот, но сепак мн. ненаселени места има во неа. Пред се Македонија има мн. секакви руди, а најмногу златни. Меѓу поголемите планини во оваа област се сметаат Скардските пл. (Родопи – з.н) кои се простираат во голем ланецпо источниот дел на Македонија. Планината Пангеј е позната по богатите наоѓалишта на злато и сребро. Планината Ем се соединува со Скардската и ја одделува Македонија од Романија (Тракија – з. н). Афонската Гора спаѓа меѓу славните пл. во светот и подоцна ќе биде посебно опишана. Со шуми и секакви дрвја Македонија е богато снабдена. Многуте заливи мошне мн. придонесуваат за развој на трговијата. Попознати од нив се Голфо ди Контеса (Sinus Strumonikcus), Голфо ди Монте Санто (Sinus Singiticus) Голфо д, Агомама (Sinus Toronaicus), Голфо д, Салонихи (Sinus Thermaeus). Попознати реки во Македонија се:
1) Платамоне или Алиакмон, се влива во Солунскиот Залив,
2) Бистрица, Еригон ги смешува своите води со следнава река –
3) Вардар, Аксиј, најголемата река во Македонија која извира од Саркидските Пл. И се влива во Солунскиот Залив,
4) Стримон почнува од Романија или во Тракија и се влива во Контескиот Залив.
Освен оние езера што се прават од реките Вардар и Стримон, познати се уште некои др., а имено езерото Лихнид (Преспа) при Ахрида (авторот ги меша Охридското и Преспанското или пак мисли на едно?! – з.н) и др. меѓу Солунскиот и Контескиот Залив и др.
Во Македонија отпрвин живееле мошне многу разноплемени народности поради што и мн. градови во неа биле изградени...“
По ова, Бишинг дава опис на позначајните градови и населени места во Македонија, кои ги бележи под различни имиња – италијански, грчки, римски , антички а некои со словенски.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4286 пати
Просечна оцена од посетителите
 
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 26 април 2024
Моментно посетители: 40

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. Ап. Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник
--------------------------------
 Св. Евстатиј архиеп. Антиохиски
--------------------------------
 Најквалитетниот опиум на светот – македонскиот
--------------------------------
 Докажувањето на младите Македонци од антиката
--------------------------------
 Св. Андреј Јуродив
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: