Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Државни пропаганди > Пропаганда кај големите сили
Руска рана историја
Сподели на Facebook

Русија во својата рана историја позната е по Скитите кои живеат на југ меѓу Волга и Дњестар, од каде ги потиснале Кимеријците во VIII век. Развиена е металургијата на железото особено од VIII до VI век.

Од III - IV век Русија ја населуваат “Словенски племиња” – Пољаните во областа на среден Дњепар, од нив западно- Дулеби и Волињани, во реонот на Припет -Древјани и Дреговичи, на левите притоки на Дњепар- Радмичи и Вјатичи, на горниот тек од Дњепар, Волга и западна Двина - Кривичи и др.
- Iмотната диференцијација ги прави првите кнежества и градски центри од кои најпознати се – Киев, Чернигов, Смоленск, Полоцк, Ростов, Новогорд.
- Од VII до IX век, веќе има силни феудални општествени односи. Селаните – основната маса производители се нарекуваат – смерди.

Првата Руска држава

- Поорганизираното руско општество почнува со Норманите од Балтикот и упадите во средината на IX век. Ги потиснуваат источните Словени, но и се мешаат со нив.
- Особено жестоки се Норманите од племето Варјази кои со својот кнез Рјурик во 862 год. го освојуваат Новогорд а нешто подоцна и Киев.
- По смртта на Рјурик, старателот над синот од Рјурик - Олег им го одзема Киев во 882 год. и таму го пренесува кнежевскиот престол а ги обединува и Северјаните, Древјаните и Радмичите.
- Олег ја образува првата Киевска држава, т.е ранофеудална Русија која се протегала од Балтичкото море до Црноморските степи.

Руски војни со Византија и Азијатските народи

- 907 год., Олег со голема војска (според изворите- 80 000 луѓе) , трга на Византија, која е принудена во 911 год. да потпише договор за отстапки и поволности во трговијата на Русија со неа.
- Наследникот- Игор (912-945) одел во походи на Византија со помал успех.
- Свјатослав I Игоревич – наследникот на Игор е поуспешен, тој ги потчинил Вјатачите, ги нападнал Хазарите на долниот тек на Волга и во 966 год. им ја срушил државата а ги победил и Поволошките Бугари.
- Но со уништување на Хазарите , ја нема и браната од опасните Печенези кои на крајот од IX век се појавуваат околу Дњепар, на Црноморските степи. Ова е опасност од пресекување на Киевска Русија од Византија и Црното море, кое за Русите живот значи.
- 966 год., Русите се во поход кон Кавказ и тамошните племиња Јаси и Касози на кои им наметнуваат данок.
- 968 год.,Свјатислав на повик од Византија која е притисната од Бугарите, влегува во Бугарија и освојува значаен дел од неа.
- 971 год. ,Свјатислав е принуден да се врати удрен од грб- Печенезите упаѓаат во Русија на наговор од Византија. Византија вешти игра, не трошејќи си сили но туѓи, од што е со најсилна позиција.
- Свјатислав затоа, по осигурувањето на Русија се враќа во Бугарија и во сојуз со Унгарците ја напаѓа Византија. Во меѓувреме умира па го наследува синот Владимир.
- Владимир Свјатиславич.е можеби најуспешниот Руски владетел до тогаш, успешно војува против Повлошките Бугари, Печенезите и Полјаците.
- Русите тогаш, од Византија го примаат Христијанството кое ги доразвива феудалните односи, но и културниот подем на Русите и врските со Европа.
- По смртта на Владимир, синовите ја слабеат државата со 4-годишните борби за превласт.
- Јарослав Мудриот (1019-1054)- најстариот син на Владимир е победник Со вешта и енергична политика ги враќа изгубените земји, ја јакне централната власт, ја развива трговијата и производството со што доаѓа до значајни финансии.
- Подига многу градови, Киев посебно го разубавува а Русија со Византија е најмоќната држава во Источна Европа.
- По смртта на Јарослав борби за превласт а напаѓаат и племиња како Половците ( Куманите) кои ги пустошат градовите и богатите области а ги прекинуваат и врските со Византија.
- Владимир Мономах (1113-1125) дури, внук на Јарослав, го обновува единството на државата но поранешната моќ не успева да ја врати. По него, Киевската Русија дефинитивно не е единствена држава.

Социјалната и општествена основа на староруската војска


- Киевската Русија е феудална држава со кнез, кој е наслонет на – дружина.
- Социјална основа на староруската држава е селската општина ( верв), која овозможува за поголеми походи да се подигнат селските позиви.
- Војската не е единствена по класниот состав, има постари и помлади дружини на кнезот, дружина на феудалци ( болјари) и градски и селски позиви (ОПОЛЧЕНИЕ – н.з). По потреба е зајакнувана со сојузници или наемници – главно од соседни номадски племиња.
- Дружините ја чинеле коњицата а селските и градските позиви пешадијата. Постарата дружина е од највидните луѓе, во време на мир таа е некој вид на Кнежевски совет и влијаела на управувањето со земјата, а во војна таа е резерва на највисоки војни старешини. Помладата дружина се грижи за безбедноста на кнезот, тој ја снабдева со оружје, облека,храна, а со неа го дели и пленот.
- Во Киевска Русија со незавршената феудализација, има многу слободни селани па најголемиот дел од војската не е од вазалниот контигент, но од селскиот и градскиот позив (слободни селани и градски жители).
- Тие се собрани во полкови (полк- народ) организирани по децимален систем. Повеќе општини или некој град образувале единица од 1000 луѓе која се делела на единици по 100 луѓе, а овие пак по 10.
- Врховен Командант е кнезот кој подоцна ги поставувал и командантите на поголемите единици, нешто што порано го правеле единиците со избор.
- Староруските војски се наоружани со – копје, меч, лак и фрлачки справи а за заштита користеле панцирни кошули,шлем и дрвен штит. Најголем дел од оружјето е чуван во кнежевските складишта и е издаван пред походот.


Начин на војување на Старорусите

- Војувањето на старорусите е битно различно од она на Словените. Војската се собирала на зборни места и организирано тргала во поход.
- Во движењето истурана е предходница, која ја обезбедувала главницата и извидувала. Зад предходницата се движела главницата а зад неа комората.
- Борбениот строј се состоел од центар и крила. Борбата обично започнувала со опсипување на противникот со роеви стрели од растурениот строј , потоа гради в гради се удирало најпрвин со копјата а потоа со мечеви.
- Се применувале опколувања, заседи и измами. Гонење не се применувало - се славела победата. Градовите се напаѓани со брзи и изненадни удари, но каде тоа не успевало се одело на систематски опсади- со опсадни техники и средства.
- За подолготрајни одбрани како од постојаната опасност Печенезите, кон степите и низ реките, дигани се насипи со висина од 6-8 м. и ширина од 16 м.. Особено вешто се утврдувани манастирите и градовите.

Разбивање на единствената староруска Киевска држава

- Во средината на XII век единствената Киевска руска држава се разбива на поединечни држави. Разединувањето на единството го подгревале разни непријатели – Швеѓаните, Германците, Полјаците, Унгарците, Половците-Кумани .
- Од разбиена држава никнуваат неколку феудални државички – Галичко-Волињско кнежество на ј/з, Ростовско-Суздајско кнежество на с/и, и Новогордска Република на север.
- Сите минуваат низ разни фази на историски развој, со подеми и падови, разединети се лесен плен за Монголите кои ги освојуваат (1237 – 1240 год).

Русија под власт на Монголите и “Златната орда”

- Монголската војска на чело со Бату-кан, првин ги покорува Повлошките Бугари а потоа и Русите со нивните земји.
- Бату создал империја, во руските летописи наречена – “Златна орда “со центар во Сарај на долниот тек на р.Волга.
- Кнежевствата иако директно не се управувани од Монголска администрација, сепак се во тежок вазален однос со надзор од посебен апарат на Златната орда.
- Монголите вешто ги распалувале меѓусебните судири на руските кнезови за да си дадат повод, да реагираат и вршат разорувања и пљачкања. Повремено напаѓаат Швеѓаните и Литванците, користејќи ја слабоста.
- Но Монголското владеење влијае и на етничките поделби меѓу Русите со далекувечни реперкусии меѓу нејзиниот север, запад и југ.
- Така во средината на XIV век се формирале три народи – племињата кои живееле меѓу Ока и Волга и северно од Волга, со центар во Владимир, ја образуваат - Руската народност ; оние од областа на Припет и западниот брег на Двина – Белоруската а племињата од јужноруските области со центар во Киев – Украинската.
- Новото обединување на Русија го започнува Московското кнежество кое за време Монголите стана најсилно руско кнежество. Кнезот Данило Александрович ( 1276 - 1303 ), границите на Московското кнежество ги зголеми два пати.
- И седиштето на Руската црква од Владимир преоѓа во Москва а со тоа и – Митрополитот на сите Руси. Со ова се осигура и црковна подршка, зашто црквата има важна економска и политичка моќ.
- Расте моќта на руските кнезови кои можеле да соберат војска до 60 000 луѓе. Но дури за време на Димитриј Донски, Русите прават обиди да ги отфрлат Монголите од власта над Русија.
- Најпрвин победуваат во битката кај р.Вожа на 11. VIII .1378 год., и две години подоцна на 08.IX. 1380 год. на Куликовското поле во Куликовската битка.
- Ова е недоволно, Монголските војски во 1382 год. ништат се пред себе ,Москва ја опколуваат, завземаат и палат. Димитриј Донски принуден, ја признава власта на Монголите.

Отфрлање на Монголската власт и создавање на Руското царство

- Ќе биде потребен цел еден век Русите пак да се во состојба да ги отфрлат Монголите. Пред тоа мораа меѓусебно да војуваат ликвидирајќи ги кнежевствата и егоизмот на секое а во однос руското национално единство.
- Тоа е за време на Иван III Василевич ( 1462 – 1505 ) кој во 1478 год. ја ликвидира Новогордската Република, во 1485 год. Тверското кнежество а набрзо и Рјазанското кнежество.
- Со ова на с/и од Русија создадена е единствена национална Руска држава, под наследна власт на Московските кнезови. Монголската власт слабее од внатрешните борби за превласт, што го користи Иван III, па престанал да им плаќа данок.
- 1480 год. - Заради ова Монголскиот кан Ахмет со војска трга на Иван III, но тешко е поразен и оваа година е крај на Монголската власт во Русија.
- Иван III ги шири границите на својата држава, особено со Литвански и Ливонски територии.
- Василиј III ( 1505 – 1533 ), наследникот на Иван III, го завршува обединувањето на руските земји и тој е првиот од дотогашните руски владетели кој се крунисува за цар.Ја реорганизира и осовременува војската.
- Иван IV Васиљевич – Грозни , наследникот на Василиј III, спроведува бројни реформи и осовременувања. Русија е независна многунационална феудална монархија. Иван Грозни го слабее авторитетот на феудалците-бољари а ја јакне централната власт.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5513 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,25 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 43

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонките заслужни за победата на Аргеј I
--------------------------------
 Македонците и воената економија на силите
--------------------------------
 Најславниот антички пат врви низ Македонија
--------------------------------
 Архелај I, најголемиот Македонски крал–реформатор
--------------------------------
 Сигнализацијата со оган од антиката
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: