Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7521
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Општо за пропагандите > Шпиунажа и контра шпиунажа
ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ЦЕЛИ (ЦЕЛИНИ)
Сподели на Facebook

Чекорот – Превземање , следи кога одредена целина (тим, организација, регион, народ, држава или др. субјект..), е доведена до последната фаза од пропагандно-специјалната војна, ...

...т.е. кога не може повеќе самата да се владее и функционира (без медијаторство и сл. “помош” од страна од разни “неутрални” или “загрижени “ фактори).

Тоа е фазата кога луѓето-припадници на дотогашната целина се доведени до целосна морална, психо-физичка и финансиска инфериорност и исцрпеност, немотивираност, криза на идентитетот и сл. нус- состојби.


Анти-пропаганда во Втората светска војна
против фашистичката оска
За да македонскиот народ се доведе до оваа фаза соседните – Грци, Бугари, Албанци и Срби, низ историјата а и денес, дале посебен допринес. Некогаш поединечно некогаш под закрила на некоја Голема сила а понекогаш и заеднички во сојуз едни со др., против оние со кои предходниот момент биле во сојуз. Бугарите покрај постојаната пропаганда врз историјата на македонскиот народ,покрај очигледниот влез во политичко-државниот живот, денес држат и сериозни финансиски структури како банки, фирми и бизнис- релации. Грчкиот капитал денес е на прво место во Македонија, што се кажува.Србите низ верска војна и др. повремени активности во моментов ограничени од нивната послаба економска состојба, што не значи дека во попогоден момент нема да се излеат со сета нивна силина.

Како и да е, чекорот превземање следува со силна економско-пропагандана позадина. Кој сега го прави преземањето на македонските души, оценетете сами.

 Факторот на превземање

Секако дека некој Фактор заради некаков сопствен интерес, со низа на мерки и постапки ја довел целината до оваа фаза. Со првичните “Легални и чисти “чекори,тој врши “инсталирање “ на свои субјекти и тела во целината со основна задача “да работат на случајот “.Факторот преку нив, “се грижи за правата и демократијата “, тој “помага “, “советува “, разделува и придобива. И како се повеќе се “одомаќинува “, станува се посилен и понезаобиколен – важен.

Факторот е всушност Вирусот уфрлен во здравото тело од кое се храни. А најдобрата храна му се – најобразованите и најинтилигентни луѓе. Тие се подложни побрзо на промените и се поприлагодливи за разлика од другите кои страничните и туѓи влијанија, поспоро и потешко ги прифаќаат. Одсекогаш селско-планинските средини биле позатворени за туѓите влијанија од на пример градските средини. И во социо-образовен смисол - свештенството, учителството, административно-писарската фела побрзо подпаѓале под пропагандите на Бугарите, Србите или Грците. Што е најтрагичното токму овие најинтилигентни сили стануваат најсилната острица на ФАКТОРОТ и тоа против сопственото тело – целината од која фактички произлегле, целината која ги родила.


Јаничар во парадна униформа
Ваков е само системот на Османлиите со – ЈАНИЧАРСТВОТО. Нивната империја долго се оддржувала (самооддржувала) преку т.н.р – “данок во крв “– едноставно земање деца од покорениот народ и нивно преобразување (низ процес на обука) во најголемите ништачи и крвници на својот народ, целината од која потекнале. Разликата со денешното – ЈАНИЧАРЕЊЕ е во тоа што сега тоа се прави посуптилно, поорганизирано и “по-демократски “ во склад со современите вредности. Но се разбира целта е истата – самоништеж на народот кој е цел на пропагандата. Уфрлениот вирус и тела на Факторот, брзо растат, МУТИРААТ и МЕТАСТАЗИРААТ, ја цедат секоја клетка на целината која е во грч, таа се гуши, разбива и на крајот се превзема.

Субјектот на преземањето

Кога луѓето од целината се доведени до последната фаза, тие природно бараат “спас “ од било каде. Тие се толку разбиени што самите му одат во уста на Факторот кој и го реализиал целото сценарио.Притоа луѓето сега веќе не се интересираат за тоа кој е тој, нивната перцепција е сега премогу површна, таа не е ни насочена кон тоа, туку кон основното – индивидуалниот а не колективниот опстанок. Го гледаат само надворешниот сјај на “Спасителот “ (всушност – уништувачот, факторот) а тој сјај е сега уште поблескав, зашто е на победник. И природно разбиената целина сака да биде водена од некој успешен, од победник кој ќе им ја врати сигурноста, изгубената самодоверба и организираноста која ја имале како некогашна целина.

Површноста ги тера во наивност за новиот им ”добредетел – спасител (ослободител)“, особено во гледањето на само “добрите “страни од преземањето, додека оние другите – лошите иако можеби подсвесно ги наѕираат, толку не ги засегаат и ги потиснуваат во надежта за скорешниот “спас” и крај на состојбата во која се нашле. 

Превземање и замаглување”.

 Самиот чин на превземање, се изведува помалку ”замаглено”. Што е субјектот поголема целина, замаглувањето е подолготрајно и поперфидно. Имено, колку и да е силен превземачот, не си дозволува целосно поставување на своја структура, но поставува нему лојални сили од превземената целина, обучени и докажани во ревноста на мисијата. Која е предноста од овие домашни слуги ?!

- * тие го чинат многу поефтино

- * многу добро ја знаат средината и сите состојби зашто од неа произлегле, (и информации за се)

- * ревносно извршуваат се, зашто постојано мораат да се докажуваат и никогаш нема да се докажани (за разлика од вистинските кои немаат потреба да се докажуваат - се докажале со самото тоа што се од неговиот род)

- * тие се потрошен материјал за превземачот и иако им глуми блискост, всушност не му значат ништо, НЕ СЕ НЕГОВИ крвно (иако ги убедува во спротивното)

- * Заради предходното – тие се заменливи, ќе бара други такви од средината која ја нападнал, штедејќи си ги вистински своите.

Со ова губи нападнатата целина, таа постојано се топи, систематски се ништи (и самоништи) низ овие суптилни методи. Со ова и превземачот врши дополнително замаглување со наизглед демократскиот амбиент.


Џеронимо го „скршија“ неговите сонародници во служба на САД
Тоа го правел Александар Македонски кога оставал локални сатрапи и шахови по Персија, Египет и Индија, тоа го прават САД денес кога “нај-демократски” му избираат влада на Ирак или на др. земја. САД така ја завладеаја и својата територија некогаш полна од непрегледни Индијански племиња. Ги уништија дури од кога запослија трагачи и цели единици од Индијанци, зашто само тие ги занеја сите вештини на своите сонародници. Но одкога ја завршија мисијата беа спакувани во возови и однесени во резервати каде постепено се истопија до таква минорност да речиси и ги нема од некогашната нивна голема земја.

И конечно, нешто слично ни го правеле (и продолжуваат) и на нас – Македонците, кога Српско-Бугарско-Грчките влади но и др., завладувале наши Македонски територии. Ние од најброен Балкански народ денес сме паднати во таква ништожност да не представуваме ниту еден малку поголем град од западот. Не топеа со војни, пропаганди, данок во крв, преселби, конц-логори и зони, колежи и напалми по нашиот подмладок. Но не топат и денес со демократските студии по нивните Универзитети каде има постојани условувања и перфидна пропагандна агентура од професори, администратори, колеги-студент(к)и.


Критичен миг за превземачот

Пред последниот потег – превземање, има еден критичен миг и за самиот превземач. Тој миг е во можноста кога истоштената и жедна целина се довела до изворот, некој да и покаже – друг извор, т.е да биде превземена од друг внимателен фактор кој се следел.

Тоа е дотолку полесно што целината во својот грч за опстој е со намалена моќ на расудување - кој е кој ?!.Но иако збунета, првенство во чиј правец би тргнала е оној во кој ќе препознае “вистински” свој внатрешен предводник. Таа трга ако препознае белези на сопствено издигање (а не однадвор).


Хитлер го искористи „критичниот“ миг во
Германија за да дојде на власт во 1933 година

За ова пример ни се и трагичните настани од II светска војна со Германија каде се издигна Хитлер и НСП во најкритичниот миг до кој некој превземач грижливо ја доведе. Имаше најголема инфлација воопшто доживеана, најголема невработеност, големи репарации за плаќање, изгубени територии и ресурси, безнадежност и крах на целиот систем.

И токму тогаш кога превземачот ги одработуваше последните свои мерки, се јави –“вистински-внатрешен” – Хитлер и Нацистите. Тој успеа само и само заради – “критичниот миг” до кој беше доведен германскиот народ. Во малку понормални услови тој не би успеал за што се доказ неговите политички мизерни резултати на сите избори пред тоа. И она нешто успех го должеше на пркосот против се што и се накалеми на понижената нација.

Хитлер ја искористи работата на превземачот, и едноставно влета на “сработен терен” (се разбира стои и поневеројатната опција дека теренот е токму за него сработен од “поголеми архитекти” ?!).

И заради ова многу превземачи денес применуваат појава на “вистински внатрешен “(подготвувани од нив), со што вршат дополнително зашеметување на целината и погрешно расудување.

Кај нас познат ни е примерот на “нај-Големиот патриот” и прв ВМРО-овец, кој ништо друго на устата не му беше освен Македонија (повремено даваше обландирани бисери во прилог на земјата - пропагтор). Стаса и до највисоките позиции гласан од македонскиот народ – кој “му поверува”. Но лидеров беше врв на Бугарската пропагандна пирамида грижливо градена со години, која кога веќе го потроши низ своите пропагандни потреби, самата ни го откри и тоа за тамошни политички потреби. И покрај големите пари тој и апаратурата околу него денес се голема процентуална ништожност по сите истражувања а прашање е ако се обзнанеше за неговото БУЛ-државјанство пред изборите во 2006 год. што ќе добиеше.

Денес се е веќе посуптилно и завиено и токму затоа се повеќе превземачи уфрлаат свои “вистински” со дополинтелна цел - целината да се демотивира за било каков внатрешен отпор, не знејќи на “кој од кој” поголемите патриоти да им верува. Основно при работата на овие “внатрешни-вистински” е правилото – “Направи да ти веруваат”. Целта е јасна да се заведат што поголеми сили од целината, за да по даден момент истите се разочараат со некоја постапка а со која ќе се крши вољата и самодовербата меѓу нив. 

Состојби по превземањето

Кога сепак превземачот дошол до поседниот чекор и ја превзел веќе загубената средина, тој ги превзема сите чекори на целосно зауздување на сите потенцијали а за своја корист и интереси. И ако некогаш тоа се правело на посуров начин денес се прави со современи суптилни, благи наизглед добронамерни и корисно мерки но всушност се поништечки и потешки за целината.

Тој ќе го сними, анализира и дијагностицира целото тело на превземената средина, ќе изврши проценки и пресметки и ќе ги превземе мерките на сечење на “дивото од здравото” (за него) месо на целината и ќе постави експедитивна и силна административно-управна структура.

Се ќе постави така да на најекспресен начин се искористуваат ресурсите, вредностите и добрата на превземената целина.


Бугарскиот окупатор го елиминира она што му пречи во мисијата за превземање на целината - македонскиот народ
“Дивото” ќе го елиминира на суров начин, а “здравото” ќе го наградува и воздигнува на свечен начин, тие две нешта ќе ги поставува така високо за да оние одоздола - ги видат и запомнат, како треба да се однесуваат.

Тоа го правел пак Александар, кога кралевите и градовите кои му се предавале ги оставал слободни и да владеат и понатаму дури и ги наградувал им приредувал јавни свечености и славја а оние кои му се спротивставувале (Грците кај Теба), најсвирепо ликвидирал се што мрда сеедно колку да е бројно илијадници. Тоа го прават и денес САД кога даваат титули, функции, (дури и меѓународни) средства и сл. на наклонетите а оние другите јавно ги ликвидираат (бесењето на Садам, “умирачката” на Милошевиќ и сл.). Заради денешната демократска јавност тие знаат и потивко да тргнат некого, но така да другите јавно дознаат преку медиумите и пишувањата, случајните анализи исл. и сфатат – како треба а како – не.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 3853 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

сабота, 16 декември 2017
Моментно посетители: 73

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Македонија прва по ранохристијански локалитети
--------------------------------
 Најголема археолошка акција со светот
--------------------------------
 Наметки од антиката и Византија - истоимени
--------------------------------
 Битката и Македонците во антиката
--------------------------------
 Што е фалангата?
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: