Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 7604
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Пропаганда > Општо за пропагандите > Поим и цел на пропагандите
Агитација и разлики со пропагандата
Сподели на Facebook

Агитацијата (l. ”agitare”, поттикнување, покренување) е облик на организирано политичко влијание на масите и придобивање кон одредени идеи според кои би се покренале на акција. Агитацијата е неразделна од пропагандата и нејзин посебен израз.


Георги Валентинович Плеханов

Пропагандата зафаќа поширока област, објаснува подлабоко, делува поспоро и потрајно а агитацијата му приоѓа на својот поконкретен предмет на пристаплив и сфатлив начин, делува поочигледно и непосредно поттикнува на акција.

Г.В.Плеханов пишувајќи 1892 год. за агитацијата вели:

“Пропагандистот дава многу идеи на еден или неколкумина, а агитаторот само една или неколку идеи, но затоа и ги дава на цела маса луѓе, понекогаш скоро на целокупното население од одредено место“.

Прецизирајќи го овој став, Плеханов вели дека агитацијата поаѓа од потребите кои постојат меѓу луѓето, од интересите кои веќе ги сознале; да не докажува, значи, дека нивната положба може да се подобри – тоа е работа на пропагандата, туку да укажува на патиштата и средствата за постигнување на одредени цели. Агитацијата дава одреден облик на постоечкото незадоволство или веќе настанат протест.

Ленин прифаќајќи ги овие поставки, ќе ги разработи како темелни за идната револуција во Русија, во 1902 год.за агитацијата, во “Што да се прави? “, вели:

“Пропагандистот, кога го зема, например, прашањето на незапосленоста, треба да ја објасни капиталистичката природа на кризата, да ја покаже причината на нивната неизбежност во современото општество…Со еден збор тој мора да дава “многу идеи”, толку многу да сите тие идеи, во сета нивна целокупност, ќе можат во првиот миг да ги сфатат само малку (релативно) лица. А агитаторот, за тоа исто прашање ќе земе пример, кој е најпознат и најочигледен на сите негови слушатели – да речеме умирање од глад на незапослено семејство, растеж на бедата и.т.н. – и ќе ја насочи сета своја сила на тоа да, користејќи се со тој на сите познат факт, да и даде на масата една идеја : идејата за противречностите помеѓу порастот на богатството и бедата, ќе се погрижи да кај маста се поттикне незадоволство и огорченост против таа липтавечка неправда, оставајќи му на пропагандистот да потполно ја објасни таа противречност. Затоа пропагандистот делува замавувачки преку штампата, а агитаторот – преку живиот збор.“

Историски гледано агитацијата е уште од длабоката антика присутна. И обелисците на асирските кралеви, кои ги увеличуваат и разубавуваат нивните војни подвизи, имаат агитационен карактер.Римските изборни плакати пружаат уште појасни примери на агитација. Класичен пример за агитација е и натписот на парите кои Галба ги кова по смртта на Нерон : “Вратена е слободата. Воскреснат Рим. Августовски мир. Спас на човечкиот род. Одлика“ – за која народот чезнее. Во Англиската граѓанска војна, во полковите на парламентарната армија, во 1647 год. се јавуваат агитатори (“agitators”, “adjutators”), бескомпромисни републиканци, како претставници на војниците.

На Солунскиот фронт, Бугарите често употребуваат писма од своите војници упатени на српските војници на фронотот. Подоцна овој облик на агитација го прифаќа и српската Врховна команда за влијание на бугарските трупи. Во Октомвриската комунистичка револуција во Русија, се јавуваат агитациони вагони, возови,параброди, автомобили, авиони, запрежни коли. Русија е карактеристична по ова особено заради големината на нејзината територија и распространетост, па морало да се покрие секој дел од каде можеле да се уфрлаат трупи за рушење на билшевиците. Првиот агитационен воз “Военоподвижен фронтовски литерарен воз Ленин“, опремен е во август 1918 год. Основно им е да ги помагаат сите месни органи на болшевичката власт и ја објаснуваат политиката на власта и Болшевичката партија, особено кон белогардејците и странските интервенционисти. Вакви агитациони возови Русите применуваат и во II светска војна, во февруари 1942 год. на Западниот и на Југозападниот фронт. Посебни подвижни групи на агитациониот воз ги обиколувале со автомобили единиците до 80 км. од местото каде возот застанал. Но има и агитациони авиони-специјално опремени со мали брзини и големи способности да се спуштаат под мали агли, во почетокот се служеле со усмена агитација од звучници и за растурање на агитационата литература, подоцна и за пренесување радиоемисии при лет на помали висини.


Болшевичка Русија најдалеку оди со агитациите и пропагандите

Денес агитацијата е најдобро видлива при изборните процеси, кога партиите за време изборните процеси, масовно агитираат ширум градовите и селата за својата опција или кандидат со нивните програми и понудби.

(Извори – “Vojna enciklopedija - 1“, Beograd 1958, str.64-65;  “Сочиненија“, XII т., Г.В.Плеханов, Москва 1924; “Ленин како пропагандист и агитатор“, Н.Крупскаја)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 4474 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,4 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 16 октомври 2018
Моментно посетители: 76

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Најстарото дрво во Македонија
--------------------------------
 Наумакија – македонска поморска вештачка битка
--------------------------------
 Полумесечината симбол од Филип II Македонски
--------------------------------
 Австрија во чест на потомството од Мисирков
--------------------------------
 Грижата и дарежливоста на Александар
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: