Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8855
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Наративно народно творештво > Преданија
Џун (Ѕунина) чешма
Сподели на Facebook
“Џун-Чешма” се наоѓа близу селото Лесковица, Штипско. Ама таа е некојпатешна населба која во минатото честопати го менувала своето име и место.
Најпрвин била во месноста “Грамајте”, потоа во “Лавчетрап”, во “Дабјата” (постоела населба уште за време на римскиот период и има остатоци од една црква) и во “Ќерамидница”. Некогаш се викала и “Сопот”. Иселувањето настанало од болести и пљачкосувања од разни арамии. Еднаш бегале од чумата. Се сокриле во месноста “Лешниците”, ја засекле, ја одорале со два ѕевгара и со два близнака за да се “одбранат” од болеста. Во иднина селото се завикало Лесковица. До ден денес го има истото име.

Едно старо и скоро заборавено предание за селото во “Дабјата”, прикажува за тоа како ова село се запустило и како го добило името “Џун-Чешма”. Многу одамна во некојпатешествието си живеела една мома со име Џуна (Ѕуна). Ненагледана убавина, прочуена на блиску и на далеку. Тие што ќе ја сретнеле, погледот во неа им останувал, некоја милувеност ги галело и се топеле како што се топи свеќа на пламенот.

Еден ден ја потерале кесеџии-башарамии Горнопрометчани од планината Серта. Кондисале во нејзината куќа, ја посакале Џуна да ја земат и потурчат. Брат и и татко и, ни за жива глава не ја давале да ја мажат во село незнајно. Каде ден да денат во неврат да фатат; во која процепка, во глувчина дупка да ја кријат, бело видело да не ја види, сонце да не ја грее. Натрапниците си заминале. Пред кинисување рекле :

“Дајте ја Џуна наша да биде, ако не, ќе стане бојнина и крвнина. Со арно нека мине се. На век ќе се векува, на радост ќе се радува!“

Рекле и пресекле. Си заминале. Оставиле тешка порака. Сите од ум ќе се штукнеле. Неколку дни ја сокривале во градот Штип. Сакале веднаш да ја мажат. Ама секој се плашел од бељата, па никој не ја земал, страот од кесеџиите Турци ги бркал.А тие пак биле решени на се: да колат и да убиваат кој ќе ја земел убавата Џуна. Домашните очекувале дека ден-два ќе дојдат и ќе ја грабат силум. Една мисла спасувачка му секнала во умот на домаќинот, за чедото:

- “Алал, не ти правам бре сине, ако в раце ја дадеш и предадеш сестра ти Џуна на клети арамии!“, рекол таткото.
- “Не татко, поарно црна земја да ме голтне отколку сестра ми да ја видам грабена и засрамена“, се согласил братот на Џуна.
- “Овие денови ќе ја грабат, ќе ја турчат; од татко и мајка, од роднини ќе ја делат, ќе ја скарат; ќе ја водат зад девет рида каде што петел не пее ни секира клука; цел век ќе плаче и кука по друмишта и патишта за да види татко и мајка, туку да ја криеме од нивни очи“, плачел татко и на Џуна.

Ако во турско Лесковица ја пустошеа Турци арамии, во I-та Светска војна ја пустошеа нови грабачи
Двајцата, таткото и синот, отишле долу под селото во една нива ископале дупка, ставиле врчва и во неа ја сокриле Џуна. За неколку дни и оставиле леб, барде со вода, озгора ја покриле со плоча, врз неа гранки и земја. Штотуку си дошле дома, душегрижниците нагнале низ ридиштата, небаре лиотишта трештеле над селото. Зачас поклопиле се. Ги исукале сабјите. Се сурнале така одненадеж, селаните немале време ни портите да ги сурнисаат. Го бастисале селото. Секој се спасувал како можел, бегал; плачеле деца и жени до што грло течело. Ги фатиле родителите на Џуна и брат и. Не помагале ни молби ни плачки, дале и придале, со кантар пари тргале, ама се попусто било. Насилниците пари неќеле, Џуна ја сакале. Никој не кажал каде е сокриена. Ги сосекле во дворот. Целото село го спепелиле, покуќнината им ја разграбиле, стоката им ја затерале, појатите и трлата им ги запалиле. Жените колнеле: “Црните абери да ви дојдат, бре пцета, една потиска да даде господ, та еден со еден да не се видете!“

Што појад било, та се сотрело од корен. Се се испустило. Џуна останала скриена во врчвата, закопана во земјата. За неа никој ништо не знаел, тие што знаеле биле искасапени. Немало кој да и помогне. Ех, пуста Џуна, на жив час си ја видела гробнината. Ни од мајка исплакна, ни од татко погалена, ни од брат утешена. Во врчвата душа берела. Жалница, сама оставена, тука душа остинала.

Е, поминала сосипијата. Тие што останале живи, чинеле, излези од дупките и дувлата, ѕирни преплашено од камењето и дабјата, види оти никој немало, полека, полека се собирале во селото. Страшно и невидено изгиниште минало преку главата. Еден господ знаел какви маки истргале. Ја барале Џуна по долишта и ридишта, ситнаци и честаци, грамади и пештери, ги завртеле сите села и заселци, ниту ја нашле ниту нешто дочуле за неа. Се испатисувале до немајкаде. Ѕиркале и пребарувале каде што требало и не требало, по повитја и дрезги, по тревишта и млачишта, ама ни трага ни абер за неа. Се потомдисала за навек. Селаните ја оджалиле.

Поминало доста време од страшната синделија. Еден ден, орачите орајќи во нивата, случајно откриле врчва. Веднаш ја откопале. Во врчвата ја нашле Џуна, умрета, така скупчена, скукалена и до неа бардето оставено. Ја извадиле и ја закопале во селските гробишта. Неколцина блиски роднини и подигнале чешма, да и се најде за задуша, за сенка на оној свет а и жедна си замина. И денес, се уште, постои и се вика “Џун-Чешма”.

(Користени извори:  “Судбини и населби - легенди“, Неготино, 1981 год., Киро Андонов)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5237 пати
Просечна оцена од посетителите
 2,71 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

петок, 19 април 2024
Моментно посетители: 102

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Кои се Даките?
--------------------------------
 Потеклото на парадите – од Македонците
--------------------------------
 Македонско писмо кое најдолго патуваше
--------------------------------
 Времената мерка - “Овнов рог”, или половина век
--------------------------------
 “Дромон” е најпознатиот византиски воен брод
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: