Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Наративно народно творештво > Преданија
Биковата чешма
Сподели на Facebook
Близу селото Загорци, меѓу две рекички, на патот за Радовиш, се наоѓа Биковата Чешма. Уште во дамнешни времиња беше ја направил Костадин – “Бикот“.
Преданието за него приспомнува оти бил многу силен и јак пеливан, та селаните го нарекле “Бикот“.Така засекогаш му останал прекарот. До што имало турски пеливани во Јуруклукот, Радовишко, Штипски, сите му паѓале на колена, му немало рамен. Само, сакал чиста и чесна борба па ако нечесно го дофателе за перчето коса, веднаш прекинувал и не сакал да се бори. Беговите често го канеле да се бори на свадби и панаѓури, на селските собири и мегдани, на чаирите и ширините за време на Бајрам и Рамазан... Уште како момче ја покажал својата јунаштина.

Со еден негов другар постојано ги паселе овците. Ама наговорен од другарот, еднаш направиле и еден аџамилак. На некој си Ибиш-ага, богат и лош сточар, му ги украле ѕвонците од козите. Ги скриле во местото “Рамник”. Денеска скриј ги овде, утре скриј ги онде, трет ден потаму, Турците надушкале оти они ги украле. Беше ги фатиле кога ги паселе овците. Море, едно тепање им удриле, втреснување престанување. “Бикот” јак се издржувал, цврст како дрен на сиот ќотек ниту збор не прозборел, ама другар му не додржал од ќотекот. Го прашале:

- “Ти ли ги украде ѕвонците, анасана!?“
- “Не сум јас аги“, им се правадал и инаетел прво време.
- “Кажи, оти од ќотек под стапот ќе умреш!“.

Беше видел после многу зорт па се им кажал и како ги украле и кај ги скриле. Им ги земале ѕвонците. Друг пат такви лошотилаци и аџамилаци не направиле.

Е потаки, еднаш “Бикот“ со брат му Тане ги лежел овците во планината. Таму имал напаравено аргач и колиба. Вечерта се прибрале, запалиле оган, го извадиле лебот од тагарчакот, го испекле сирењето на камен во жарта и започнале да јадат. Уште не дојадени, залајале кучињата не на дивина, ами на човек. Срипале, ги нашнале пцетата, ги зеле пушките ама на испаѓање од колибата заради зарата на огинот, Турците убаво ги виделе па спукале по нив. Бикот, со првото пукање го раниле во ногата па паднал на земја и од болештини зајачал. Не се предавал:

“Брате, да не им се даваме во рака на арамиите, оти живи ќе не изгорат!“
Неколкупати потамина фрлале со пушките на она место каде шо светкале куршумите на арамиите. Пукале и со кубурите, до шо имале куршуми сите ги изгореле. Арамиите не се осмелиле да нападнат и да земат од овците. Пред да се развидило, се изгубиле. Бикот со брат му го сочувале стадото. По неколку месеци, раната му зацедила. Имал век да векува.

За тоа како чешмата го добила неговиот прекар има две преданија. Според едното Бикот ја направил, оти куртулил од турската арамиска пусија. Уште тогај се таксал:
“Ако останам жив, да даде господ, ќе направам една чешма крај селото, сите селани да ми заблазнат на добрињето“.

Според другото предание, чешмата ја направил подоцна за помен на ќерка му Велика, која умрела како мома на 19 години. Со нејзината умирачка силен огин го беше изгорело. Нејзината руба ја продал а од парите подигнал чешма.


 
Како и да е, чешмата се вика “Бикова”, оти ја направил и изведил “Бикот”. Селаните пиеле вода од неа и ја напојувале стоката. Како што вели едно предание од подоцна, во летните вечери кога месечината изгледала како дајре, излегувале надворнини, стројни и убави самовили, око да ти види, се капеле на чешмата и играле самовилски ора крај бресјата. Една таква вечер, токму кога играле, некој селанец Стојан се враќал од воденицата. Со маската носел брашно. Усвет ќе фател кога ги видел самовилите. Душа во него не останало. На сиот зорт една од самовилите уште и рекла:

“Ја страна, ја страница, панагум чисто брашно, ами човекот каде е?“
А он на маската озгора качен, се спотаил, станал жива вода и постојано ја буткал маската поскоро да врви. Се спасил кога слајале селските кучиња и запеале селските петли.

(Користени извори: “Судбини и населби - легенди “, Неготино, 1981 год., Киро Андонов)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 10550 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,31 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 39

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Моштите на Св.Марина
--------------------------------
 Св. Васа Солунска
--------------------------------
 Преп. Петар Атонски
--------------------------------
 Св. ап. Тимотеј
--------------------------------
 Сигнализацијата со оган од антиката
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: