Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?

Вкупно гласови : 8866
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Наративно народно творештво > Преданија
Мустафов мост
Сподели на Facebook
Мустафов мост се наоѓал на рамништето од Витачево близу селото Бојанчиште. Денес веќе не постои а го имало порано. Не голем мост а обичен, дрвен. Токму со него е врзано едно старо предание кое се раскажува до ден денес.
Пред дамни дамнини, си бил некој арамбаша. Се викал Мустафа. Имал дружина од триесетина арамии, прочуени друмаџии и пушкарџии. Свртилиштето, меќаните им биле отаде Кожуф во Мегленско. Таму врлувала дружината на Мустафа. Ама еден ден сторил ниет да ја опљачка богатата Тиквешија. Настасал на ридиштата од Кожуф планина. Срцето ќе му излетало од радост кога пред неговите лакоми очи првнало Тиквешкото Поле, рамно како тепсија. Очекувал богат плен да донеси.

Ноќта дружината му одмарала на една преслапка. На небото, одненадеж вивнала една ѕвезда во огромни јангани. Така паѓала и горела бајаги време. Небото сето озарило. Еден негов гаваз го советувал:

- “Арамбашо, Алах здравје и среќа да ви даде, ова не ќе биде на арно, да се вратиме. Лоши нишани ни се претскажуваат!“
- “Бре, од каурите ли да се плашам? Море, да ги има триста, сам ќе излезам пред нив да се бијам“, налутено и наврапито, му одвратил Мустафа.

Не го послушал гавазот. Срипал и наредил да ги отседлаат коњитње Уште изноќ се спуштале над селото Бегниште. Го завиле од сите страни. Поставиле и стража. Мустафа од радост им се заканил на селаните :

“Уште од сабајле да ве кајласам, бре ѓаурлар, па што ќе биде после нека биде!“

Рекол и прв ја истргал сабјата колаклија а другите сите по него озловено се нафрлиле на бегништани. Се распојасале, им носеле пресници, мазници, тучени баници,... на средсело прштеле огнови, се печело месо на ражен,...селаните носеле пари, давале и наддавале; грстум истурале, со оки се мерело... А тој што немал да донеси, со вжештени вршници и светилници го гореле, со сврелени маши му го кинеле носот, а исто и на оној што не можел да дособери колку што тие барале лири. Сето село го зачумиле. Така им било обречено да испатисуваат. Лоши биле вакатите. Се немало каде.

Арно ама, едно смуѓено, сугаресто старче му скиманло на ум да избега од налетијата и право отишло во селото Пепелиште кај ајанот Кантур. Му направил тимија. Се беше му исприкажал. Кантур тоа долго го чекал. Веднаш ги подигнал евлади фатиханите и како стрела пролетале низ полето. Зачас настасале над селото Бегниште. Арамиите не ги очекувале. Едно влегување во селото, фрлиле со пушките, се сипале куршумите на сите страни. Мустафа мислел ќе помине со лесно. Не го дочекал ајанот да влезе во селото, со дружината се вдал во бегство низ копарците и рамништето. Ама зад петици му трештеле аждерите на Кантур-бег. Токму каде што бил мостот го состигнале. Мавни со сабјата, чинеле, пресечи го право на полу некој од арамиите и тресни го наземи. Мустафа тука на мостот ендисал, го сосекле како од шега. По неговото име и мостот се завикал Мустафов мост.

Кантур се надевал да го одземе азното што го понесол од селото Бегниште. Секаде побарувал наоколу. Ништо не нашол. Се вратил назад налутено. Дошол во селото Бегниште, ги собрал селаните и им рекол:
“Отсега јас сум ваш бег, а вие ќе бидете мои чифчии. Арамиите повеќе нема да ве напаѓаат, ќе ве штитам!“
Селаните беше ги сјадисало јасникот. Накапале од калило на палило. Што станало пак со азното?

При бегањето го носел еден од арамиите. Кога видел оти ќе го стигнат потерџиите, го сокрил во еден шуплив даб. Ама и него го убиле. Никој друг не знаел каде било сокриено. Оттогаш минале многу години. Мустафа почнале да го забораваат. Само името на мостот потсетувал на него. Дабот застарел. Гранките почнале да му потсушуваат. Во шуплината една пчела беше собрала доста мед. Еден селанец од Страгово, ја пронашол пчелата. Веднаш го потпалил дабот, ја уловил мувата и извадил едночудо мед. Ама немал среќа да го пронајде златото. Врз него се насобрало еден куп пепел. Неколку дена дабот догорувал и димел. Еден пазарџија од горните села се враќал од Кавадарци накај дома. Вјавал на една маска. Виснат си пушел од лулето. Ама баш кај што е мостот, лулето му загаснало. Немал огнило и трат да го запали. Отишол кај купот пепел да открие некое жарче. Претајќи така, го нашол азното. Брзо се трештил да го собира во дисагите. А бре де бре, до една лиричка се собрал. Така си станал богат. Никој човек не си ја знае среќата кога ќе му дојде. Не попусто кај македонскиот народ останала поговорката : “Не за кого е печено, ами за кого е речено“.

(Користени извори: “Судбини и населби - легенди“, Неготино, 1981 год., Киро Андонов)

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 5174 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,75 од 5
Оцена:

Запиши
Коментар:

 

четврток, 25 април 2024
Моментно посетители: 126

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Св. мч. Георгиј Кратовски
--------------------------------
 Кралските круни потекнуваат од Македонија
--------------------------------
 Најголема археолошка акција со светот
--------------------------------
 Преп. Теофан
--------------------------------
 Крај на влијанието од Рим врз Цариград
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: